top of page
IMG-08a3f5d352885e21736d8650fd7fae0c-V.j

Охрид, 31 декември 2020

Новогодишни подароци за децата

Децата на руските сонародници од Охрид добија новогодишни подароци од Амбасадата на Руската Федерација во Република С. Македонија. Како изненадување за децата во подароците имаше и руски бонбони. Родителите и децата изразија благодарност до Амбасадата на Руската Федерација за новогодишното изненадување.

2016-12-29_12_kollegii_2017-1_sm.jpg

Санкт Петербург, 28 декември 2020

Меѓународна олимпијада по рускијазик како странски

Министерството за образование на Руската Федерација и Санкт-Петербуршкиот државен универзитет од 13 ноември до 20 декември организираа Меѓународна олимпијада по руски јазик како странски. Информациона поддршка на овој настан даде Россотрудничество. Во конзулскиот окуг и особено во Охрид постои голем интерес за изучување на рускиот јазик. Кристијан Шишкоски, ученик во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид и слушател на курсевите по руски јазик при Рускиот центар, влезе во финалето на олимпијадата и доби специјална награда во првата возрасна категорија (12-16 години). Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид му честита на Кристијан и му посакува понатамошни успеси во изучувањето на рускиот јазик.

Мишки новый год.jpg

Охрид, 23 декември 2020

В Охрид учениците изработија новогодишни честитки

На 23 декември во основото училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид, учениците од 2 «А» одделение под раководство на наставничката Валентина Кузманоска, изработија новогодишни честитки. Материјалите за изработка беа обезбедени од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

den na narodnoto edinstvo.jpg

Скопје, 3 ноември 2020

Ден на народното единство

Вечерва, во пресрет на големиот празник на Руската Федерација, Денот на народното единство, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република С. Македонија заедно со Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола се одржа онлајн предавање, посветено на празникот. На предавањето беа приклучени бројни граѓани, студенти, руски сонародници и др., како и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски и Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, Сергеј Самсоненко. Настанот го отвори и присутните ги поздави Амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. За историјата и значењето на празникот говореше д-р Елена Обухова.

den na narodnoto edinstvo.jpg

Москва, 17 септември 2020

Меѓународна онлајн конференција „Балкански дијалог 2020“

Од 15 до 18 септември во организациja на Фондот Горчаков (Москва, Руска Федерација) се одржува Меѓународна онлајн конференција „Балкански дијалог 2020“. На Конференцијата учествуваат претставници од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, С. Македонија, Бугарија, Грција и Албанија. Денешната Работна секција за С. Македонија, ја отвори и пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. Потоа, свои тематски излагања имаа: проф. д-р Велимир Стојковски, Владимир Сергеевич Путјатин, Каролина Мицеска, Емил Ниами, Дарко Несторов, Дарко Тодоровски и Елена Обухова. Модератори на секцијата беа Дарја Андреевна Лобанова, заменик на извршниот директор и Сандра Стоилкович, главен специјалист во Фондот Горчаков.

koncert-1.jpg

Охрид, 11 август 2020

Концерт во Охрид

Во рамките на јубилејното – 60-то издание на фестивалот „Охридско лето“ во црквата Св. Софија настапи дуетот пијанисти од Русија и Полска – Илја Максимов и Јулија Коќубан.

На концертот публиката со задоволство ја проследи изведбата на дела од В.А. Моцарт „Соната за четирирачно пијано во C-dur KV 521“, К.Дебиси „Мала свита за четирирачно пијано“ и С. Рахмањинов «Шест пиеси за 4 раце, Оп.11».

Прекрасниот брачен пар за првпат го посети Охрид и го изрази своето воодушевување од старата градска архитектура, и особено од акустиката на црквата Св. Софија.

matka.jpg

Скопје, 9 мај 2020

Положено цвеќе на споменикот на бранителите на „Матка“

По повод 75-годишнината на Големата Победа над фашизмот, делегација на Амбасдата на чело со Амбасадорот Н.Е. С.А. Баздникин и Военото и воено-воздухопловно аташе С. А. Стрижко, заедно со Почесниот конзул на Русија во Битола, С.Б. Самсоненко, градоначалникот на Општина Центар, С. Богдановиќ, и преставниците на ЛУКОИЛ Македонија, со полагање цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка” им оддадоа почит на храброста и пожртвуваноста на дванаестемината борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”, а со тоа го заштија и Скопје од катастрофалните последици до кои што можеше да доведе рушењето на браната.

концерт.jpg

Скопје, 22 февруари 2020

Концерт по повод Денот на бранителот на Татковината

Во Скопје по повод Денот на бранителот на Татковината на Руската Федерација се одржа концерт „Славјански венец“ на Женски младински хор (Скопје) и Детски хор „Мелодија“ (Москва).

настан Св.Татјана.jpg

Охрид, 24 јануари 2020

Ден на св. Татјана

На 24 јануари во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа настан посветен на 25 јануари – серускиот студентски ден и ден на ослободувањето на Воронеж од фашистичките окупатори.​ ​
На настанот присуствуваа слушатели на курсевите по руски јазик, сонародници и други гости – љубители на рускиот јазик и руската култура. Административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид д-р Е. Обухова им раскажа на присутните за настаните од Големата татковинска војна 1941-1945 година, кои се случиле во Воронеж, град на воена слава.
На настанот, присутните се запознаа со историјата на празникот и неговите традиции, како во Русија се одбележува денот на св. Татјана, какви верувања постојат кај современите студенти и како овој ден се одбележувал во далечното минато.​

На крајот од настанот гостите имаа можност да пробаат руски чај и да послушаат руски песни.​

nova godina_3.jpg

Охрид, 29 декември 2020

Предавање на тема „Божиќни традиции во Русија“

Во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, на платформата Zoom се одржа предавање посветено на Божиќните традиции во Русија. На предавањето слушателите можеа да се запознаат со божиќните обреди, празничната кујна, вертепот (пештерата) и коледарските традиции во Русија. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат.

журнали.jpg

Охрид, 28 декември 2020

Во Охрид пристигнаа нови книги и списанија

Во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид пристигнаа нови списанија. Ги покануваме сите заинтересирани да прочитаат списанија и книги, бидејќи празниците се вистинското време за читање на омилените книги.

131052013_2463838867243656_1722948560777

Астрахањ, 10 декември 2020

Курсеви за стручно усовршување за предавачи по руски јазик

Од 12 ноември до 7 декември, Државната автономна образовна установа на Астраханската област за дополнително стручно образование „Институт за развој на образованието“ и GlobalLab со поддршка на „Россотрудничество“ одржаа  бесплатни курсеви за стручно усовршување за предавачи по руски јазик и за наставници кои држат настава на руски јазик.
Обуката се одржуваше со учење од далечина и во нејзините рамки беа вклучени вебинари и практична работа. Предавачите се стекнаа со потребните знаења по методика на работата со проекти, а исто така и со сертификати за завршени курсеви. На курсевите учествуваа д-р Емил Ниами, д-р Елена Обухова, Дарко Несторов, Татјана Спиркоски-Оленева, Олга Селивон и други.

esenin.jpg

Струга, 3 октомври 2020

Положено цвеќе пред споменикот на Есенин

Во Струга пред споменикот на Сергеј Есенин, по повод 125 годишнината од раѓањето на поетот, од името на Амбасадата на Руската Федерација во Република С. Македонија и Почесниот конзулат на Русија во Охрид беше положено цвеќе.

Стиховите на великиот поет се преведени на 150 светски јазици меѓу кои и на македонски. Споменикот на Есенин во Струга, е прв во алејата на писателите која ја сочинуваат 6 споменици. Сите тие се наогаат на кејот "Сергеј Есенин" и од него започнува паркот на поезијата. Скулптурата е поставена во 1995 година, кога рускиот скулптор Анатолиј Бичуков му го подари своето дело на македонскиот поет Гане Тодоровски, кој во тоа време беше амбасадор во Русија.

spom 3 sept.jpg

Скопје, 3 септември 2020

Свечена церемонија по повод 75 години од завршувањето на Втората светска војна

Денес, на улицата 9 Мај, пред спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата Победа, се одржа свечена церемонија по повод 75 години од завршувањето на Втората светска војна. Пред многубрјните гости, меѓу кои претставници на дипломатскиоткор, локалните власти, бизнисот, руските сонародници, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, се обратија градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и Амбасадорот на Русија, Н.Е. Сергеј Алексадрович Баздникин.

den rossii.jpg

Скопје, 12 јуни 2020

Денот на Русија

Денес, на 12 јуни, се одбележува државниот празник на Руската Федерација - Денот на Русија! На денешен ден во 1990 година, првиот Конгрес на народните пратеници на РСФСР ја усвои Декларацијата за државен суверенитет на Русија. Во 1994 година, со указ на Претседателот на Руската Федерација, 12 јуни - денот на усвојување на декларацијата за државен суверенитет - беше прогласен за државен празник на Русија.

spomen ploca-1.jpg

Скопје, 9 мај 2020

Во Скопје е откриено спомен-обележје

По повод на 75-годишнината од Големата Победа на улицата 9 мај во општина Центар (Скопје)  свечено беше откриено спомен-облежје, за да се овековечи сеќавањето на борците на антихитлеровата коалиција.  Пред присутните се обрати Амбасадорот на Русија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.

87083722_1240701906131419_16603719335789

Скопје, 21 февруари 2020

Прием по повод Денот на бранителот на Татковината

Во Скопје се одржа традиционален прием по повод Денот на бранителот на Татковината. Пред бројните присутни, меѓу кои високи претставници од Кабинетот на Претседателот на Републиката, Државниот секретар на Министерството за одбрана, Началникот на Генералштабот на Армијата, претставници од Министерството за надворешни работи, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски, амбасадори и воени аташеа на другите земји, се обратија Военото и воено-воздухопловно аташе С.А. Стрижко и Амбасадорот на Руската Федерација С.А. Баздникин.

nova godina_2.jpg

Охрид, 28 декември 2020

Предавање на тема „Историја на Новата година во Русија“

Во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, на платформата Zoom се одржа предавање на тема „Историја на Нова Година во Русија: од каде се појавиле Дедо Мраз и елката?“. Во рамките на предавањето слушателите имаа можност да дознаат интересни факти за Дедо Мраз, за неговите резиденции, за традицијата за новогодишна елка во Русија и др. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат.

Тула 1.jpg

Тула, 24 декември 2020

Онлајн курсеви на руски јазик на Државниот педагошки универзитет „Л.Н. Толстој“ од Тула

На базата на Центарот за отворено образование на Државниот педагошки универзитет „Л.Н. Толстој“ од Тула во текот на ноември и декември 2020 година се одржуваа бесплатни онлајн курсеви на руски јазик од разни научни области меѓу кои и курсеви од областа на рускиот јазик и култура. Токму тие предизвикаа најголем интерес меѓу слушателите и беа едни од најпосетените во рамки на  програмата на Универзитетот.

На курсевите посетуваа настава и граѓани од Охрид кои го изучуваат рускиот јазик.

izlozba ohrid.jpg

Охрид, 7 ноември 2020

Изложба посветена на ослободувањето на Охрид

Во Охрид е отворена изложба на слики од уметници од разни земjи, посветена на ослободувањето на Охрид од фашистичките окупатори. Изложбата ја организира Славко Упевче, ликовен уметник, кој преку 20 години работел во Домот на културата во Охрид. Во текот  на тие години тој собрал слики од разни автори, чии изложби се одржувале во Охрид. Сите тие се вљубени во овој прекрасен град и за овој значаен ден им ја предаваат на сите посетители пораката за мир и обединување во уметноста. На изложбата се претставени дела од уметници од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Германија, Франција, Иран и други земји.

Bogorocicen pokrov.jpg

Скопје, 21 септември 2020

Филмски фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров” 

Од 21 до 24 септември во Скопје ќе се одржи Петтиот меѓународен филмски фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров”. На свеченото отворање се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, а на отворањето беше присутен и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.На Фестивалот ќе бидат прикажани 9 филмови од повеќе држави, меѓу кои и руските филмови “Благодатна утеха” (режија Галина Дудкина) и „Елисавета Феодоровна” (режија Јулија Ермолина).На отворањето настапија хорот „Мелизма“ и групата „Синтезис“ од Скопје.  

detski crtez.jpg

Скопје, 27 август 2020

„Русија преку очите на децата“

Денес, на свечена церемонија Амбасадорот на Русија, Н.Е. С.А. Баздникин им ги врачи дипломите и наградите на учесниците на детскиот ликовен конкурс „Русија преку очите на децата“. На конкурсот кој беше посветен на Денот на Русија, зедоа учество над 50 деца од целата земја.

puskin-1.jpg

Скопје, 8 јуни 2020

Во Скопје одбележан Денот на рускиот јазик

По повод одбележувањето на Ден на рускиот јазик, во паркот кој го носи името на Пушкин во општина Кисела Вода (Скопје), се одржа традиционалното полагање цвеќе пред споменикот на поетот. Во настанот учествуваа делегација на Амбасадата на Русија предводена од Амбасадорот Н.Е. С.А. Баздникин, делегација на општината Кисела Вода, предводена од градоначалникот Ф. Темелковски, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, како и делегација од Катедрата за славистика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

масленица.jpg

Охрид, 27 февруари 2020

Масленица во Охрид

Во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа одбележување на Масленица за слушателите на курсот по руски јазик. Слушателите на курсот дознаа како се одбележува овој празник во Русија, научија за називите и активностите на разните денови во текот на Масленичната недела, погледаа краток уметнички филм за масленичните забави: возење со санки со тројки, санкање низ планините, борби во снежни тврдини, борби со тупаници и други панаѓурски забавни содржини. Потоа слушателите на курсот слушаа руска народна музика и беа почестени со традиционалните палачинки и со чај.

дипл-2.jpg

Битола, 10 февруари 2020

Ден на руската дипломатија

Во Битола, пред споменикот Руски крст, традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија. Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. По обраќањето на амбасадорот, делегација на Амбасадата на Руската Федерација, предводена од С.А. Баздникин положи цвеќе пред споменикот. Со положување цвеќе, почит оддадоа и Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, Сергеј Самсоненко, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, ... 

bottom of page