top of page
nova godina.jpg

Охрид, 23 декември 2018

Нова година во Охрид

Во Охрид се одржа веќе традиционална прослава за децата на сонародниците по повод Новата година и Божиќ. Во прославата учествуваа 18 деца на сонародниците од Охридскиот конзулски округ.
Децата се сретнаа со омилените Дедо Мраз и Снежана, учествуваа во креативните натпревари, пееја, танцуваа, решаваа гатанки, по што добија новогодишни пакетчиња од Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
На прославата присуствуваа соработникот во Почесниот конзулат на Русија во Охрид, д-р Елена Обухова, претседателот на Руско-македонското друштво, државјани на Руската Федерација и членови на нивните семејства, а исто така гости, кои зборуваат руски и нивните роднини, кои живеат во Охрид.

Untitled-3.jpg

Струга, 30 ноември 2018

90 години музеј д-р Никола Незлобински

Денес во Струга продолжи одбележувањето на неделата посветена на јубилејот „90 години музеј д-р Никола Незлобински“.

 Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова – Митевска со делегација од Музејот, положија цвеќе на гробот на д-р Никола Незлобински.

 Потоа го посетија археолопкото и биолошкото одделение на музејот во кое се зачувани повеќе од 8.000 примероци на различни видови, од кои најголемиот број исчезнале по исушувањето на струшкото блато.

 Во продолжение на одбележувањето на јубилејот, во спомен домот на Браќата Миладиновци беше промовирана Монографија со фотографии од Струга и струшко направени од рускиот лекар д-р Никола Незлобински... 

s-1.jpg

Охрид, 11 ноември 2018

Хуманитарен концерт на А. Синчук и А. Нуменко во Охрид

На 11 ноември во 19:00 ч. во Охрид во црквата „Св. Софија“ се одржа хуманитарен концерт на класична музика. Концертот го одржаа познатите музичари од Русија пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко. 

На концерот присустуваше и градоначалникот Јован Стојаноски. Организатор на настанот беше фестивалот „Охридско лето“. 

Флејтистот Артем Науменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Артем Науменко го завршил Централното музичко училиште во Москва, а потоа дипломира со почести во 2015 година на Државниот конзерваториум „Чајковски" во Москва. Во 2017 година Артем магистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз. 

Тој е лауреат на Интернационалниот телевизиски натпревар во 2006 година и победник на Меѓународниот натпревар во Падова, Италија во 2007 година... 

nr-1.jpg

Скопје, 27 октомври 2018

Детски креативен фестивал „Зборуваме руски“

Во основното училиште „Д. Миладинов“ во Скопје се одржа Детскиот креативен фестивал „Зборуваме руски“, чиј организатор е организацијата на сонародниците „Озарение“. Настанот се одржа со пoддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, претставништвото на Россотрудничество и Државното единствено претпријатие „Московски центар за меѓународна соработка“.

На фестивалот учествуваа детски креативни групи и изведувачи од повеќе градови од Македонија натпреварувајќи се во три номинации: рецитирање поезија или проза на руски јазик, музички и танцови точки, како и пишување состав на тема „Моите мисли за Русија“.

Фестивалот воодушеви со многустраниот талент на младите љубители на рускиот јазик меѓу кои беа, како родени говорители на рускиот јазик, така и ученици македонци кои го изучуваат рускиот јазик... 

20180928_100947.jpg

Скопје, 29 септември 2018

Промоција на информациските ресурси по руски јазик

На 28 и 30 септември 2018 год. во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше организирана работилница за предностите и можностите за користење на електронските ресурси за руски јазик, литература, култура и историја на Русија и овозможениот пристап до електронските библиотеки на руските литературни публикации и ресурси.

Целта на работилницата беше е да се поддржи и промовира рускиот јазик и образованието на руски јазик во Македонија. 

Организатори на настанот беа ООО „Експертиза. Аналитика. Поддршка“ (Москва, Русија) и Росототрудништво со поддршка на Рускиот центар при УКИМ и Руската амбасада во Македонија.

39220758_1889706854656863_52829982716046

Битола, 10 август 2018

„Артељ” во Битола

Од 08 до 10 август во Битола се одржа Базар на кој учествуваа разни креативни здруженија кои работат во Македонија. Креативното здружение „Артељ“ во кое повеќето учеснички се рускојазични уметнички на рачните работи, исто така учествуваше на овој базар, претставувајќи се со авторски изработки изведени во разни техники (плетење, валање од волна, украси од епоксидна смола, декоративно сликање на садови) кои во поголемиот дел беа посветени на руската култура и уметност.

do-1.jpg

Охрид, 2 јули 2018

Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Охрид

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, кој е лоциран на бреговите на прекрасното Охридско езеро, денес беа доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик за прв степен, на курсистите од Охрид.
Рускиот центар при Универзитетот, во академската 2017/2018 година, започна со организација на бесплатни курсеви по руски јазик во Охрид. Курсевите ги посетуваа ученици, студенти и граѓани од сите возрасти, а наставата ја изведуваше д-р Елена Обухова, доктор по филолошки науки.
На доделувањето на сертификатите пред присутните се обратија директорот на Рускиот центар проф. д-р Велимир Стојковски и претставникот на државната агенција Россотрудничество во Република Македонија, г. Артјом Румјанцев... 

prg-3_1.jpg

Скопје, 9 јуни 2018

Помен за рускиот генерал Н.М.Иванов во Скопје

Во црквата „Св Архангел Михаил” во Скопје, денес се одржа помен за рускиот генерал Николај Максимович Иванов. Генералот Н.М.Иванов е роден во аристократско семејство на 19 ноември 1859 година во селото Исправнаја во Кубанската област на југот на Русија. Образованието го стекнал во Првата воена гимназија во Санкт-Петербург и во Павловската воена школа. Во својот живот командувал со повеќе воени формации. Со царската повелба во 1915 година е одликуван со високата руска воена награда „Свети Георгиј”. Во 1920 година се преселил во Југославија, а починал на 1 март 1935 година во Скопје. На панихидата која се одржа пред обновениот споменик на генералот Н.М.Иванов на иницијатива на Амбасадата, присуствуваа амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, градоначалникот на општина Гази Баба, г. Борис Георгиевски, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, генералниот директор на Лукоил, г. Андреј Куку, вработени во Амбасадата и граѓани кои му оддадоа почит.

24maj-1.jpg

Охрид, 24 мај 208

Ден на словенската писменост и култура

На 24 мај во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ во Охрид, во организација на Почениот конзулат на Руската Федерација во Охрид се одржа предавање во чест на денот на Св. Кирил и Методиј. Предавањето под наслов „Староруски записи на кора од бреза“ го одржа д-р Елена Обухова. Посетителите на настанот дознаа многу нови работи за староруските записи, добија информација за рускиот портал на кој може да се  прочита кој било од досега пронајдените записи и да се погледне преводот на текстот кој тие го содржат, а исто така дознаа за истакнатиот истражувач на овие записи проф. А. Зализњак.

Староруските записи на кора од бреза датираат од XI—XV век. До денес се пронајдени повеќе од 1100 записи кои претставуваат кратки писма, записи за долгови, записи на трговците, а поретко текстови на молитви или препишани извадоци од Библијата како наставен материјал за учениците. Записите се интересни поради тоа што веќе во XI век... 

matka-1.jpg

Скопје, 11 мај 2018

Положено цвеќе на споменикот на бранителите на Матка

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, одбележувајќи ја 73 годишнината од Победата нае фашизмот, денес традиционално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”.  Битката за  браната на хидроцентралата „Матка”, е една од клучните битки во ослободувањето на Скопје. Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана.

Покрај Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. О.Н. Шчербак со делегацијата од Амбасадата и Почесните конзули на Русија во Охрид и Битола... 

1.jpg

Охрид, 3 мај 2018

Градовите на Русија и нивното место во победата во Големата Татковинска војна

На 3 мај во просториите на основното училиште „Христо Узунов“ во рамки на курсот по руски јазик организиран од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа предавање посветено на градовите во Русија и нивното место во победата вo Големата Татковинска војна. Тешко е да се раскаже за сите 12 градови-херои и да им се посвети внимание на сите градови на воинска слава, кои моментално ги има околу 45, затоа основното внимание им беше посветено на некои од нив. Слушателите на курсот погледнаа неколку фрагменти од филмови за градовите-херои, а исто така слушаа песни од времето на војната.
Гостин на настанот беше Љубов Проку, жителка од раѓање на Санкт-Петербург, тогашен Ленинград, која раскажа за својот роден град: „Ниту еден град на Земјата не преживеал... 

1.jpg

Скопје, 29 март 2018

Во Скопје отворена книга на жалост за погинатите во Кемерово

Денес во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во Скопје беше отворена книга на жалост за погинатите во трагедијата во трговсккиот центар во Кемерово. Покрај официјалните делегации, бројни граѓани трпеливо чекаа и по половина час да се потпишат во книгата на жалост, а пред Абасадата оставаа цвеќе и детски играчки како сочуство и жалење за најмладите кои го загубија животот во овој трагичен настан. Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид се придружува кон заедничката тага и болката по повод овој трагичен настан и им изразува сочувство на семејствата, роднините и блиските на загинатите, како и на целиот руски народ.

pasport.png

Скопје, 14 март 2018

Информација за граѓаните на Русија кои планираат да ја посетат Македонија

Владата на Република Македонија донесе решение за еднострано продолжување на безвизниот режим за руските граѓани за уште една година - до 15 март 2019 год. Тоа значи, дека граѓаните на Русија за влез на територијата на Македонија доволно е да поседуваат важечки пасош и осигурување. Ова важи само за кратки престои во Македонија, не подолго од 90 денови во текот на секои шест месеци, сметајќи од датумот на првиот влез. За подетални информации можете да се обратите до Конзуларниот оддел при Амбасадата на Русија во Македонија (http://macedonia.mid.ru/konsul-skij-otdel).

1-1.jpg

Битола, 9 февруари 2018

Ден на дипломатскиот работник

Празникот Денот на дипломатскиот работник се одбележува во Русија на 10 февруари. Тој ден е утврден со указ на претседателот на РФ на 31 октомври 2002 година во знак на одбележување на 200-годишнината на МНР на Русија. Изборот на датумот на празникот е поврзан со историското поставување на првиот министер за надворешни работи на Русија на 10 февруари 1549 година. Во Битола во рамките на празнувањето на Денот на дипломатскиот работник се организираше традиционална церемонија на положување на цвеќе на „Рускиот крст“ - споменик на рускиот императорски конзул А.А. Ростковскиј, кој трагично погинал од раката на османлиски војник во 1903 година.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија заедно со почесниот конзул на Русија во Битола, С. Самсоненко.

Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. О.Н. Шчербак... 

ruski zbornik 1.jpg

Скопје, 12 декември 2018

Промоција на зборници на трудови од Меѓународниот славистички собир

На Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се одржа промоцијата на зборниците на трудови од Меѓународниот славистички собир (VII македонско-руска конференција, X македонско-полска конференција и VII македонско-чешка конференција). Покрај професорите, студентите, поранешни директори на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и бројни гости, на промоцијата присуствуваа и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и претставникот на Россотрудничество, А. Румјанцев.

Пригодни обраќања имаа Амбасадорите на Руската Федерација, Н.Е. С.А. Баздникин, Амбасaдорот на Република Полска, Н.Е. В. Тицињски и Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Н.Е. М.  Томан. Промотори на зборниците беа: проф. д-р М. Каранфиловски, проф. д-р В. Мојсова-Чепишевска и проф. д-р А. Дучевска.

46760652_1940661832894698_34768456346469

Скопје, 21 ноември 2018

Средба во спомен на академик Рина Усикова

Денес на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје, се одржа средба во спомен на големиот научник, македонист и пријател на Македонија, академик Рина Павловна Усикова од Руската Федерација. Пред присутните се обратија деканката на Филолошкот факултет, проф. д-р А. Дучевска, директорот на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р С. Велева, амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. С.А. Баздникин, поранешните директори на Семинарот, проф. д-р М. Каранфиловски и проф. д-р Е. Црвенковска, како и проф. д-р Д. Пандев. Рина Павловна, како професор на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В.Ломоносов“, даде огромен придонес во развојот на македонистиката не само во Руската Федерација, туку и во светот. Таа беше почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите, добитник на Орден на југословенското знаме со златен венец и Медал за заслуги на Македонија.

image-12-11-18-05-03.jpeg

Скопје, 11 ноември 2018

Географски диктат во Македонија

На 11 ноември 2018 година во Русија и многу држави, меѓу кои и во Македонија, се одржа Географски диктат. Оваа масовна едукативна акција, чиј иницијатор е Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, се реализира од страна на Руското географско друштво по четврти пат.

За прв пат Географскиот диктат се одржа во 2015 година. Во 2017 година во него учествуваа повеќе од 260.000 луѓе. Знаењата не се проверуваа само во Русија, туку и во 25 држави. За учесниците на Диктатот беа подготвени 2224 специјално уредени простории.

Во Македонија Географскиот диктат се одржа во Рускиот центар при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во организација на Россотрудничество.

ih-4.jpg

Скопје, 17 октомври 2018

Настани посветени на 75. гoдишнината од востанието во логорот на смртта Собибор

На 16 и 17 октомври 2018 година во Скопје се одржаа настани, посветени на 75. годишнината од востанието во логорот на смртта Собибор. На 16 октомври во Меморијалниот центар на Холокаустот на евреите од Македонија, беше отворена тематска изложба. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, граѓани, претставници на различни институции, бизнис и општествени кругови и претставници на руската дијаспора. Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и генералниот ди⁠ректор на Фондот на Холокаустот на евреите од Македонија, Горан Садикарио. На крајот од настанот пред присутните настапи м.Богоевски, ученик од основното училиште „Димитар Миладинов“, со рецитирање на стихотворбата „Бухенвалдскиот аларм“ на руски и македонски јазик и вокалниот ансамбл на руските сонародници „Чајка“, кој исполни делови од советски песни од воените години... 

rus-univ-1.jpg

Скопје, 18 септември 2018

Презентација на руските универзитети во Македонија

Денес во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во организација на руската агенција Russia.study и Россотрудничество, со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беше организирана презентација на руските универзитети. 

Настанот го отвори првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Александар Евгењевич Алексеев, а пред присутните се обратија и проф. д-р Велимир Стојковски, директор на Рускиот центар при УКИМ и почесен конзул на Руската Федерација во Република Македонија, менаџерот за меѓународна селекција и услуги во Russia.study, Саломеја Давидовна Арахамија и претставникот на Россотрудничество во Република Македонија, Артјом Румјанцев.

forum-1.jpg

Струга, 5 август 2018

Втор културен форум „Предание и континуитет”

Од 3 до 5 август 2018 година во организација на Лигургиската заедница при манастирот Рождество на Пресвета Богородица - Калишта, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга се одржа вториот културен форум „Предание и континуитет” на тема Трансхуманизам. 

Форумот работеше во три дебати: Во првата дебата „Надчовекот и трансчовекот: Сличности и разлики” говорници беа проф. д-р Сенка Анастасова, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Ристо Солунчев, а модератаор на дебатата проф. д-р Иван Додовски. Втората дебата носеше наслов „Технократските утопии на научната фантастика: За и против” и во неа говорници беа проф. д-р Иван Додоски, д-р Атанас Чуповски, м-р Пантелеј Кондратјук и Крум Велков, а модератор м-р Калистрат Санџакоски. Во третата дебата со наслов „Невробиолошка киборгизација на човекот и креативната емоционалност на вештачката интелигенција... 

ru-sa.jpg

Скопје, 14 јуни 2018

Заедничко следење на мечот Русија - Саудиска Арабија

По повод отворањето на Светското првенство во фудбал ФИФА 2018 во Русија, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во хотелот Русија во Скопје, организираше заедничко следење на ТВ преносот на мечот за отворањето на првенството.

Текот на натпреварот присутите го следеа во пријателска и навивачка атмосфера, а крајот, со победата на Русија со 5:0 беше дочекан со голема радост.

MDE_7361.JPG

Скопје, 8 јуни 2018

Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Скопје

Во амфитеатарот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик кој го организираше Рускиот центар при Универзитетот. На конкурсот во учебната 2017/2018 година за изучување на рускиот јазик кој го распиша Рускиот центар, се пријавија 550 канидати во Скопје и 70 во Охрид.

Во изминатата недела тие имаа прилика да покажат што научиле на крусевите, полагајќи ги завршните испити на сите нивоа на изучување на јазикот.

Настанот го отвори директорот на Рускиот центар, проф. д-р Велимир Стојковски, кој изрази задоволство од бројот на пријавени кандидати за изучување на рускиот јазик во изминатите две години, како и од постигнатиот успех при полагањето. Истовремено, тој изрази и благодарност за помош при реализација на програмата на Фондот „Руски мир“ и... 

ispit-1.jpg

Скопје-Охрид, 19 мај 2018

Започнаа испитите по руски јазик во Скопје и Охрид

Во Скопје и Охрид започнаа завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик кои ги организира Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Рускиот центар во Скопје кој е отворен во 2016 година со поддршка на Фондот „Руски мир”, и за две години тој стана препознатлив не само во рамките на универзитетот и градот Скопје, туку и во целата држава. Со голем ентузијазам, посветеност и професионалност, вработените во центарот организираат секојдневни активности, дебати, трибини, изложби, прикажување на филмови и др., како и курсеви за бесплатно изучување на рускиот јазик. Благодарејќи на активноста на Центарот, бројот на посетители на настаните кои се организираат, како и тие кои сакаат да го изучуваат рускиот јазик е исклучително голем, за што зборуваат и самите бројки. Курсевите во учебната 2017/2018 година ги посетуваа 550 слушатели во Скопје и 70 во Охрид и се одвиваа на сите нивоа на познавање на рускиот јазик.

1-1.jpg

Скопје, 5 мај 2018

Молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна

Во параклисот на црквата „Св. Георги Победоносец” во Скопје кој се наоѓа во склоп на црквата „Света Торица” чиј ктитор е почеснот конзул на Русија во Битола, г. С. Самсоненко, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, се одржа молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна. Со молебенот чиноначалствуваше Архимандритот Васијан (Змеев), настојателот на Подворјето на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, во Софија. На молебенот покрај амбасадорот Н.Е. О.Н. Шчербак со сопругата, заменик-шефот на Мисијата, К. Берсенев, претставници од Амбасадата, почесните конзули на Руската Федерација во Охрид и Битола, присуствуваа и Митрополитот повардарски Агатангел, претставници на државни институции, претставници на дипломатскиот кор, руски сонародници и бројни граѓани.

20180424_145840.jpg

Охрид, 25 април 2018

Почесниот конзулат на Русија во Охрид во нови простории

Почитувани пријатели,

Веќе две години Почесниот конзулат на Руската  Федерација во Охрид обезбедува поддршка и ги штити правата и законските интереси на граѓаните и правните лица на Руската Федерација во Охридскиот конзулски округ и придонесува за развивање на взаемните пријателски односи меѓу Русија и Македонија, како и проширување на економските, трговските, научните, културните и други врски.

Со големо задоволство Ве информираме дека од 1 мај 2018 година, Почеснот конзулат ќе работи во нови простории во центарот на градот, сместен во хотелот Нова Ривиера на Кејот Македонија бр. 4.

3.jpg

Охрид, 26 март 2018

Изложба „Москва денес“ во Охрид

Во рамките на одбележувањето на 24 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беше отворена изложбата „Москва денес“. Изложбата е во организација на  Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество со поддршка на Почесниот конзулат на Русија во Охрид, Општина Охрид, Музејот на град Скопје, Центарот за култура „Григор Прличев “ во Охрид и Завод и Музеј - Охрид. 

Настанот го отвори почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, а потоа на присутните им се обратија градоначалниот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак... 

2а.jpg

Охрид, 6 март 2018

Kреативна работилница за деца посветена на празникот 8 март

Во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа се одржа креативна работилница за деца посветена на празникот 8 март. Децата самостојно направија честитки од хартија во боја во различни техники за да ги израдуваат своите мајки, баби, учителки и сите оние, на кои тие ќе посакаат да им приредат пријатно изненадување на овој пролетен ден.

m-0.jpg

Скопје, 30 јануари 2018

Изложба „Москва денес“

Во рамките на одбележувањето на 24 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија, во Музејот на град Скопје беше отворена изложбата „Москва денес“. Изложбата е во организација на  Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество со поддршка на Градот Скопје и Музејот на Град Скопје.

На настанот беа присутни бројни граѓани и претставници од различни институции и организации, меѓу кои претставици од Амбасадата на Русија во Македонија, претставници од Градот Скопје и Музејот на Град Скопје, Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, претставникот на Россотрудничество, Артјом Румјанцев, регионалниот управител на Лукоил, Андреј Михајлович Куку, ... 

20181201_122058.jpg

Скопје, 1 декември 2018

Вo Скопје се одржа XII Конференција на руските сограѓани во Република Македонија

Во салата на Музејот на Македонската борба за државност и независност во Скопје, се одржа редовната годишна конференција на руските сонародници во Македонија. 

Конференцијата ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. С.А. Баздникин. Пред присутните се обратија претставниците на здруженијата на сонародниците, кои се членови на Координативниот совет на руските сонародници во Македонија:  Е. Демчик („Озарение“), Е. Силјаноска („Чајка“) и О. Деспотович („Славјанка“), како и Е. Обухова („Артељ“). Како гости на Конференцијата присуствуваа и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и претставникот на Россотрудничество, А. Румјанцев.

46521248_1940604672900414_59622731836953

Скопје, 20 ноември 2018

Концерт на маестро Андреј Коробеиников

Благодарејќи на „Скопје класик“, македонската публика имаше исклучителна можност да ужива во виртуозната изведба на пијано на маестро Андреј Коробеиников од Руската Федерација. На програмата беа дела од С.Прокофјев, Л.В.Бетовен, Ј.Сибелиус и М.Мусоргскиј. А. Коробеиников е познат руски пијанист, кој својата кариера ја започнува на својата осум годишна возраст. Настапувал во многу земји во светот (Бразил, Канада, Кина, САД, Колумбија, Чешка, Данска, Германија, Јордан, Латвија, Монако, Јужна Африка, Тајван, Турција, Австрија, Белгија, Бугарија и др. ) како солист, заедно со камерни оркестри со некои од најголемите виолинисти на денешницата, но и заедно со голем број светски признаени оркестри, како Лондонскиот симфониски оркестар, Националниот оркестар на Франција, Чешкиот филхармониски оркестар, Токискиот филхармониски оркестар и многу други. Учествувал на престижни фестивали и добитник е на голем број награди и признанија во Русија и во светот.

1.jpg

Охрид, 30 октомври 2018

Официјална средба на амбасадорот С.А. Баздникин со градоначалникот на Охрид Ј. Стојаноски

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин оствари официјална средба со градоначалникот на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски. На средбата присуствуваа и заменик шефот на мисијата на Руската Федерација во Република Македонија, Константин Алексеевич Берсенев и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

Покрај тоа, тие се обратија и на првиот час по руски јазик во учебната 2018/2019 година во организација на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој веќе втора година се организира во Охрид.

Оваа година курсевите по руски јазик во Охрид ќе ги посетуваат 60 кандидати, а наставате ќе ја изведува д-р Елена Обухова... 

1-1.jpg

Софија, 10 октомври 2018

IV Меѓународен младински форум на руските сонародници

Од 5 до 9 октомври во Софија, Бугарија се одржа  IV Меѓународен младински форум на руските сонародници под наслов  „Русија и Светот“.  

Форумот го организираат Координациониот совет на руските сонародници во Бугарија, Федерацијата „Сојуз на сонародницитев“ и Националното здружение  „Заедно со Русија“ со поддршка на Владината комисија за односи со сонародниците во странство, Одделот за соработка со сонародниците на МНР на Русија, Департманот за надворешноекономски и меѓународни врски на град Москва, Амбасадата на Руската Федерација во Република Бугарија, претставништвото на Россотрудничество во Бугарија, Фондот за поддршка и заштита на правата на сонародниците кои живеат во странство, Фондот „Руски мир“ и младинската организација „Русмолодеж“... 

40361813_1902436436717238_55353401930887

Охрид, 22 август 2018

Базар на Охридски ракотворби

Од 22 до 27 август во Охрид се одржа „Базар на Охридски ракотворби“. Спонзори на настанот беа Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и Општина Охрид. На продажната изложба учествуваа 14 автори, меѓу кои и групата „Артељ“, која ги обединува рускојазичните изработувачки на ракотворби кои живеат во Република Македонија. На свеченото отворање присуствуваа претставници од Општина Охрид и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија во Охрид. 

На изложбата беа претставени различни производи: рачно изработени книги, плетени ташни, играчки, народни носии, украси од стакло, сребро, сутаж и бисер, полимерна глина, епоксидна смола, и производи изработени во техниката декупаж. 

Оваа изложба претставува придонес за развојот на ракотворбите во охридскиот регион, а исто така им овозможи на авторите да разменат искуства и да се претстават пред посетителите на изложбата.

3.jpg

Охрид, 3 јули 2018

„Ноќните волци” во Охрид

Од 22 јуни до 20 јули 2018 година, по десетти пат руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото марш „Словенски свет”. За 22 дена тие ќе поминат повеќе од 8.500 километри низ повеќе држави: Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија и др., со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа. Во текот на својот пат тие ќе одржат прес конференции, тематски семинари и форуми, со цел развивање на дијалог меѓу луѓето од различни националности, особено дијалог меѓу младите, чие мирно небо се гради денес.

Покрај својата обединувачка идеја, проектот „Словенски свет” е насочен и кон популаризација на словенската историја, култура и писменост. Учесниците во мото маршот ќе ги посетат и древните центри на словенската култура. Во сите етапи од овој проект учествуваат повеќе од 10.000 луѓе... 

35422367_1831774127116803_53629068081616

Скопје, 13 јуни 2018

Прием по повод националниот празник – Денот на Русија

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија приреди прием по повод националниот празник – Денот на Русија. На приемот присуствуваа заменикот на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски м-р Горан Сугарески, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, епископот Хераклејски г. Климент, шефови на дипломатските мисии и претставници на меѓународните организации, ректорот, декани и професори на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, политички и општествени работници, бизнисмени. По интонирањето на химните на Руската Федерација и Република Македонија, пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак. Приемот помина во знакот на претстојното Светско првенство во фудбал ФИФА 2018 кое се одржува во Русија.

p-5.jpg

Скопьжје, 6 јуни 2018

„Пушкинови денови“ во општина Кисела Вода (Скопје)

Во организација на oпштина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, денес во „Паркот Пушкин" во oпштина Кисела Вода во Скопје, со пригодна свеченост беше одбележана 219 годишнината од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.

Манифестацијата „Пушкинови денови” прерасна во традиционална и оваа година таа се одржа по десетти пат.
Манифестацијата започна со положување на цвеќе пред бистата на А.С. Пушкин, која се наоѓа на истоимената улица, од страна на делегацијата на општина Кисела Вода предводена од секретарот на општината г. Александар Алексовски, аташето за култура во Амбасадата на Русија, г. Михаил Лушин и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните од името на ошштината се обрати А. Алексовски... 

1-1.jpg

Охрид, 11 мај 2018

Во Охрид отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград”

По повод 73 години од победата во Големата Татковинска војна и манифестациите за одбележување на Денот на победата, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид, во Куќата на Уранија во Охрид беше отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград” посветена на Сталинградската битка.

Присутните ги поздравија Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ на Охрид и Дебарца, г. Гоце Георгиевски и вториот секретар на Амбасадата на Руската Федерација, г. Алексеј Кривошеев.

Присутните на отварањето на изложбата и сите кои ќе ја посетат во текот на следната... 

4-1.jpg

Скопје, 5 мај 2018

„Бесмртниот полк“ Македонија

Во рамките на одбележувањето на 9 мај – Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, денес на  платото пред СЦ. „Јане Сандански“ во Скопје, постави „Ѕид на сеќавањето“ како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“.

Денес, оваа манифестација која прв пат се одржала во 2012 година во рускиот град Томск,  е дел од манифестациите во кои учествуваат милиони луѓе во повеќе од 50 земји во светот. На тој начин им оддаваме почит на своите блиски, роднини, пријатели и сите ветерани кои се бореле против фашизмот за време на Втората светска војна.

Во борбите против фашизмот народите на Југославија изгубиле 1.700.000 луѓе од кои само Македонија дала 33.000 жртви. Наш долг е да го чуваме споменот за хероите кои своите животи ги дале за слободата, благодарејќи на што генерации по Втората светска војна му се радуваа на животот. Да го чуваме споменот, за да не заборавиме. Чувајќи го минатото, ја чуваме иднината... 

k-1-1.jpg

Скопје, 12 април 2018

Во Македонија се одбележа Меѓународниот ден на космонавтиката

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, по повод Меѓународниот ден на космонавтиката, пред споменикот на Јуриј Гагарин кој се наоѓа на истоимената улица во Скопје, ја  одржа традиционална церемонија на положување цвеќе. Меѓу многубројните гости на настанот беа присутни делегација од Советот на град Скопје предводена од Претседателот Љубица Јанчева, дипломати од МНР на Македонија, амбасадори и дипломати на странски држави, почесни конзули,ипретставници на деловни, образовни и научни кругови, новинари, руски сонародници.

Во својот поздравен говор Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, се осврна на значењето на првото полетување на човекот во Вселената и современите трендови во неговото освојување. Притоа, тој истакна дека „...во моментот најважно е да не се дозволи милитаризација на вселената, да се обединат напорите... 

2-1.jpg

Охрид, 16 март 2018

Во Охрид се гласаше за избор на претседател на Руската Федерација

Во согласност со Уставот на Руската Федерација, на 18 март 2018 година ќе бидат спроведени избори за Претседател на Русија.

Државјаните на Русија кои живеат на територијата на општините кои влегуваат во конзулскиот округ на Почесниот конзулат на Русија во Охрид, го реализираа своето гласачко право на 16 март 2018 год, во просториите на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

На изборите гласаа руските граѓани со постојано место на живеење во Македонија и тие кои се наоѓаат во тука по приватни покани, во службени, работни и туристички посети... 

maslenica-2018.jpg

Охрид, 15 февруари 2018

Масленица во Охрид

Во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа одбележување на Масленица за слушателите на курсот по руски јазик, кој е организиран од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка на Фондот Руски мир и Россотрудничество. Слушателите на курсот дознаа како се одбележува овој празник во Русија, научија што правеле во Русија во разните денови во текот на Масленичната недела, погледаа краток уметнички филм за масленичните забави: возење со санки со тројки, санкање низ планините, борби во снежни тврдини, борби со тупаници и други панаѓурски забавни содржини. Потоа слушателите на курсот играа традиционални руски игри, слушаа руска народна музика и беа почестени со палачинки и со чај... 

1-1.jpg

Охрид, 19 јануари 2018

Богојавление во Охрид

Во Охрид се одржа прослава на големиот христијански  празник Богојавление – Водици.

Светиот празник во Охрид, како и во цела Македонија се одбележа со традиционалното капење и со фаќањето на Светиот Крст во водите на реките и езерата кои претходно беа осветени од свештенослужителите од Дебарско - кичевската епархија, како и со народни манифестации. Според  обичајот, по служењето на литургијата во реките и езерата беше фрлен дрвен крст, по кој во водата влегоа голем број верници  Оној кој ќе успее да го фати крстот во водата направи, по преданието, ќе има добро здравје, среќа и успех преку целата година. Во Охрид годинава тоа му успеа на Иван Лотески од Варош кој прв доплива до крстот. Во празнувањето зедоа учество неколку илјади граѓани, претставници на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други институции...

bottom of page