top of page
4. 28 декабря 2021.jpg

Охрид, 28 декември 2021

Онлајн предавање за новогодишните празници

На 28 декември 2021 на платформата ZOOM беше одржано предавање предавање на тема „Новогодишните празници во Русија“ во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник на Почесниот конзулат.

1. 6 декабря 2021.jpg

Охрид, 6 декември 2021

Средба со писателот Денис Драгунски

На 6 декември 2021 година се одржа средба со писателот Денис Драгунски, синот на познатиот писател за деца Виктор Драгунски. Средбата беше организирана од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и беше посветена на издавањето на книгата „Расказите на Денис“ од В. Драгунски на македонски јазик и се одржа на платформата ZOOM. На средбата учествуваа руските сонародници и одделение од училиштето „Св. Климент Охридски“, кои изведоа делови од книгата на руски и македонски јазик.

руски народни приказни.jpg

Охрид, 29 октомври 2021

Предавање посветено на руските наордни приказни 

Соработникот на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид во основното улилиште „Св.Климент Охридски“ во Охрид во соработка со наставничката Валентина Кузманоска одржа предавање за учениците од трето одделение посветено на руските народни приказни. Предавањето се одржа на платформата Microsoft Теams. Предавањето беше посветено на подготовката за меѓународниот ликовен конкурс на тема од руските народни приказни. Децата дознаа кои се основните типови на приказни, кои од нив се најраспространети и најомилени во Русија и кои приказни имаат заеднички теми со македонските народни приказни. Децата го разгледаа сижето на приказната „Колобок“, поразговараа за застарената лексика, за ликовите и за тоа што симболизира секој од нив. По предавањето и разговорот учениците го гледаа цртаниот филм „Колобок“.

241133755_1679987518869520_1499568816956048638_n (1).jpg

Скопје, 3 сентября 2021

Свечена церемонија по повод 76-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

На 3 септември, пред спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата Победа, се одржа свечена церемонија по повод 76 години од завршувањето на Втората светска војна. Во настанот зедоа учество претставници на дипломатскиот кор, градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, Велимир Стојковски, делегацијата од ЛУКОИЛ Македонија и Газпром, како и од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и руски сонародници итн.

199243519_1613374802197459_6931205254677412047_n.jpg

Скопје, 12 јуни 2021

Денот на Русија

По повод Државниот празник - 12 јуни, Денот на Русија, на големиот екран на плоштад Македонија во Скопје, беше емитуван гала концерт на Црвениот плоштад во Москва од 2020 година. Гостите на настанот, како и сите жители на главниот град имаа уникантна можност да уживаат во прекрасни настапи на најпознати ѕвезди на руската сцена.

190312303_2569488036678738_616332570180338494_n.jpg

Охрид, 24 мај 2021

Во Охрид се одржа концерт на млади пијанисти

На 24 мај во рамките на одбележува-њето на празникот посветен на светите Кирил и Методиј, во црквата „Св. Софија“ во Охрид се одржа концерт на млади пијанисти, во организација на Андреја Митески со поддршка на Македонската православна црква – Дебарско-Кичевска епархија, фестивалот „Охридско лето“ и Општина Охрид. 
На настанот присуствуваа претставници на Амбасадата на Руската Федерација во Република  С. Македонија. 
На концертот настапија младите пијанисти Леона Георгиеска, Николај Петкоски и Владимир Србиноски, Ана Гаштаровска, Кољос Цури, Викторија Митеска, Анастасија Кочева и Фросина Трајковска под раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски.
На концертот беа изведени дела на С.Мајкапар, Е.Григ, Ф.Лист, М.Равел, Л.ван Бетовен, К.Дебиси, Ф.Шуберт, М.Мусоргски  и други композитори.

Petar Prvi (1).jpg

Охрид, 13 мај 2021

Предавање на тема „Трагите на Петар I на Воронежската земја“

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организираше онлајн предавање на тема „Трагите на Петар I на Воронежската земја“, посветено на ликот и делото на Петар Велики и одгласите на петровската епоха во современиот свет. Предавањето го одржа соработникот на конзулатот д-р Елена Обухова.

концерт День победы_2.jpg

Охрид, 6 мај 2021

Концерт по повод Денот на Победата

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организираше онлајн-концерт, посветен на Денот на Победата во Големата Татковинска војна. На концертот со музички, поетски и прозни дела на руски уметници настапија жители на Охрид кои учат руски јазик.

Ohrid koncert prolet.jpg

Охрид, 29 март 2021

Онлајн концерт „Пролет“

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организираше онлајн-концерт, посветен на пролетта. На концертот со музички, поетски и прозни дела на руски автори настапија жители на Охрид кои учат руски јазик, и кои ги покажаа нивните таленти во следните области: Флејта – Ангела Алексиќ, Виолина – Бранко Христовски, Стефан Бараковски. Синтисајзер – Никола Бараковски. Свирење на лажици и кратки песнички– Ксенија Аслимоска. Извадок од прозен текст – Дејан Алексиќ, поезија – Маја Младеновска, Ана Младеновска, Кристијан Шишкоски, Игор Трпкоски, Менка Танеска и др. Гости на настанот беа Почесниот конзул на Руската федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, предавачот од Рускиот центар при УКИМ д-р Наталија Милчовска и доцентот на државниот универзитет од Перм, директор на образовниот центар „Академија“ и македонист д-р Марија Проскурнина.

20210210_110535.jpg

Битола, 10 февруари 2021

Ден на дипломатскиот работник

По повод Денот на руската дипломатија, во Битола традиционално беше положено цвеќе на „Рускиот крст“ - споменик на рускиот императорски конзул А.А. Ростковскиј, кој во 1903 година го дал својот живот, исполнувајќи ја својата службена должност и бранејќи го христијанското население во Македонија. Во церемонијата покрај Амбасадорот С. Баздникин и Военото и воено-воздухопловно аташе А. Гугњаев, зедоа учество Градоначалничката Н. Петровска заедно со делегацијата на Советот на Општината, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски, претставници на Рускиот почесен конзулат во Битола, компанијата Лукоил, Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и  на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство во Р. Македонија.

64553aea40ab7023732556.jpg

Охрид, 27 декември 2021

Соработка со високообразовни установи во Русија: ТДПУ

На 27 декември 2021 жители на Охридскиот конзулски округ добија сертификати за завршени онлајн-курсеви, кои се одржуваа на базата на Центарот за отворено образование на Тулскиот државен педагошки универзитет „Л.Н.Толстој“ во периодот ноември - декември 2021 година.

master klas 1.jpg

Охрид, 13 декември 2021

Во Охрид се одржа работилница посветена на детскиот конкурс за изработка на новогодишни украси 

Во Охрид се одржа работилница посветена на детскиот конкурс за изработка на новогодишни украси организиран од Амбасадата на Руската Федерација во С. Македонија. 
Настанот го одржаа административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид д-р Елена Обухова и наставничката од одделенска настава од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ Валентина Кузманоска. Децата дознаа како можат да се избојат украсите во стилот „гжељ“ и самите направија новогодишна елка во тој стил која ја накитија со разни украси. Децата лепеа украси од хартија, боеја фигури од картон и тесто и направија новогодишни украси и од други материјали.

245905500_1714451945423077_4618929835446720972_n.jpg

Скопје, 18 октомври 2021

В Македонската академија на науките и уметностите отворени Деновите на руската наука

Во Македонската академија на науките и уметностите се одржа свечена церемонија на отворањето на Деновите на руската наука, организирани од Македонската акедемија на науките и уметностите, Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. До 21 октомври во рамките на настанот ќе се одржат серија онлајн предавања од експерите од двете држави, посветени на современите научни достигнувања во областите како вештачката интелигеницја, бохемијата и молекуларната биологија, земјоделските науки и ветеринарната медицина. Со поздравни обраќања пред присутните се обратија Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љ. Коцарев, Амбасадротот С.А. Баздникин, Ректорот на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, С.В. Позјабин, ректорот на Новосибирскиот државен аграрен универзитет, Е.В. Рудој, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. В. Стојковски, а исто така беше прочитано и поздравното обраќање на Претседателот на Рускиот сојуз на ректорите, ректорот на МГУ „М.В. Ломоносов“, академик В.А. Садовничиј.

238954387_2627164860911055_5775472850860398401_n.jpg

Москва, 7 август 2021

Меѓународен форум на руските сонародници

Од 29 јули до 6 август се одржа Меѓународниот форум на руски сонародници кои живеат во странство. Настанот се одржуваше во два формати: онлајн и офлајн. Во офлајн форматот учествуваа претставници од 53 држави и 4 региони (100 учесници), а во онлајн форматот од 74 држави (350 учесници). Форумот се одржуваше во Москва, Самара и Волгоград. На него учествуваа претставници на сонародниците на возраст од 18 до 40 години.
Република С. Македонија ја претста-вуваа соработникот на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид д-р Елена Обухова и волонтерот на Црвениот крст и други организации Јан Бекиров. Учесниците ги претставија организациите на сонародници кои работат во С. Македонија, како и проектите над кои работат овие организации.

199001233_2578746535752888_1974269864940250463_n.jpg

Тула, 9 јуни 2021

Меѓународна онлајн олимпијада по руски јазик

Во учебната 2020/2021 г. Центарот за отворено образование на руски јазик при Државниот педагошки универзитет „Л.Н. Толстој“ од Тула спроведе циклус на онлајн курсеви. На курсевите слушаа предавања и активно учествуваа во настаните на Центарот и слушатели на курсевите по руски јазик од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје од конзулскиот округ на Почесниот конзулат на Руската  Федерација во Охрид. Курсевите по руски јазик во Охрид се одржуваат од 2017 г., на иницијатива на Амбасадата на Русија и Почесниот конзулат во Охрид и со поддршка на Россотрудничество. 
Освен тоа, во рамите на  XIII Меѓународна онлајн олимпијада по руски јазик за странци кои изучуваат руски јазик, која беше организирана од  Државниот педагошки универзитет „Л.Н. Толстој“ од Тула од 25 мај до 3 јуни 2021 година по повод Денот на рускиот јазик, се одржа церемонијата на доделување на наградите на победниците. Победник во категоријата на слушатели од високообразовните установи е Никола Шуканов, слушател на курсевите по руски јазик  на Рускиот центар при УКИМ во Охрид.

191760770_2569484560012419_7332846492231177913_n.jpg

Воронеж-Охрид, 24 мај 2021

Ден на словенската писменост и култура

На 24 мај на Филолошкиот факултет на Воронежскиот државен универзитет  во рамките на Денот на словенската писменост и култура се одржа пригодна свеченост која според долгогодишната традиција се нарекува „Словенски читања“. Словенските читања започнаа со поздравно обраќање на деканот на филолошкиот факултет – Жана Владимировна Грачева и со предавање на о. Андреј Изакар, старешина на црквата посветена на светите рамноапостолни Кирил и Методиј во Воронеж. 
На настанот настапија студенти на Воронежскиот државен универзитет, како и претставници од Србија, Македонија, Словачка, Белорусија, Виетнам, Турција и Естонија. Програмата на учесниците од С. Македонија ја подготвија жителите на град Охрид со помош на д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

besmrten polk-1.jpg

Охрид, 10 мај 2021

Онлајн марш на „Бесмртниот полк“

Во чест на 76-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна движењето „Волонтери на Победата“ во Република С.Македонија, Друштвото на руски сонародници „Чајка“, со поддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Република С.Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид одржаа марш на Бесмртниот полк онлајн и мала приредба посветена на Денот на Победата во Големата Татковинска војна. На маршот со фотографии на своите херои учествуваа роднини и блиски на учесниците во Војната и на работниците во позадината од Русија и бившиот СССР и од Македонија. 
Вечен спомен и слава на хероите! 

%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%

Охрид, 26 април 2021

Предавање на тема „Празнување на Велигден во Русија“

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организираше онлајн предавање посветено на празнувањето на Велигден во Русија и на традициите на бојадисување и украсување на велигденските јајца. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат.

руски писателки.jpg

Охрид, 8 март 2021

Предавање на тема „Руски писателки и поетеси за деца“

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, организираше онлајн предавање посветено на руските писателки и поетеси за деца Агнија Барто, Елена Благинина и Ирина Токмакова, чии дела и до ден денес ги учат децата и возрасните на добрина и разбирање, ги развиваат имагинацијата и умеењето да се види прекрасното. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат.

143836301_2495159830778226_7176058674684

Охрид, 27 јануари 2021

Љубов Ивановна раскажува за блокадата на Ленинград

На 27 јануари 1944 година целосно е симната блокадата на Ленинград. Страшната блокада траела 872 дена. За времетраењето на блокадата во градот според официјалните податоци загинале 642 илјади луѓе како од глад, така и како последица на многубројните бомбардирања. Но сепак и покрај тоа, градот издржал и денес претставува пример за многу европски градови, културна престолнина на Русија.
Детството на Проку Љубов Ивановна (род. 1937 год.), најстарата сонародничка – жителка на Охрид, минувало во годините на војната, а целиот нејзин живот до денес нераскинливо е поврзан со Ленинград, денешен Санкт-Петербург, градот на нејзиното детство... 

2. 24 декабря.jpg

Охрид, 24 декември 2021

Новогодишни празнувања за децата на сонародниците

На 24 декември 2021 децата на руските сонародници од Охрид добија новогодишни подароци од Амбасадата на Руската Федерација во Република С. Македонија. Подароците им беа врачени по домовите од страна на соработникот на Почесниот конзулат. Родителите и децата изразија благодарност до Амбасадата на Руската Федерација за новогодишното изненадување.

-5895548191443629986_121.jpg

Москва, 12 декември 2021

Во Москва се одржа Серускиот патриотски форум

Во Москва од 10 до 12 декември се одржа  Серускиот патриотски форум, во чии рамки се сретнаа претставници од различни патриотски движења во Русија, Серускиот центар за проучување на јавното мислење, како и професори, лектори и воспитувачи.
На форумот исто така присуствуваше меѓународната екипа на „Волонтери на Победата“ во чиј состав беше и соработникот на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид  и регионален координатор на движењето д-р Обухова Елена.
Во рамките на форумот се одржа средба со заменикот на раководителот на „Россотрудничество“ Дмитриј Поликанов, кој одговори на многубројни прашања од претставниците на разни земји.
Во рамките на форумот се одржуваа работилници, тимски игри, психолошки тренинзи, како и размена на искуства во тимовите. Учесниците на форумот учествуваа на панел дискусииите како „Патриотското воспитување низ призмата на творештвото“, „Визуелна култура на воспитувањето“ и др. Форумот заврши со свечена церемонија на доделување на награди на која претставниците на регионалните организации добија благодарници.

241681757_2640504709577070_4621583359596001377_n.jpg

Охрид, 11 септември 2021

Во Охрид се одржа гласање за избори за пратеници во Државната Дума на Федералното собрание на Руската Федерациjа

На 11 септември во Почесниот конзулат во Охрид се одржа гласање за избори за пратеници во Државната Дума на Федералното собрание на Руската Федерациjа. На изборите учествуваа државjани на Руската Федерациja кои живеат во Охридскиот конзулски округ.

203156116_1620648738136732_6337892649458772746_n.jpg

Скопје, 22 јуни 2021

Свечена церемонија по повод Денот на сеќавање и жалост – 80-годишнина од почетокот на Големата Татковинска војна

На улицата 9 Мај, пред спомен-обележјето, се одржа свечена церемонија по повод Денот на сеќавање и жалост – 80-годишнина од почетокот на Големата Татковинска војна 1941-1945 г. Во настанот зедоа учество делегацијата на Амбасадата предводена од Привремениот вршител на работите на Руската Федерациjа Александр Космодемjанскиj, претставници на дипломатски мисии акредитирани во Скопје, на Општина Центар и Кисела Вода, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, Меѓународни-от славјански универзитет, вработени во ЛУКОИЛ Македонија, Рускиот Центар, руски сонародници итн. По положување-то цвеќе, сите присутни со едноминутно молчење му оддадоа почит на споменот на загинатите во војната.

197287789_2577558395871702_8513526690396519457_n.jpg

Скопје, 7 јуни 2021

Денот на рускиот јазик е одбележан во Скопје

По повод празнувањето на 222 години од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин и Денот на рускиот јазик, во паркот кој го носи името на Пушкин во Општината Кисела Вода (Скопје), се одржа традиционалното полагање на цвеќе пред споменикот на поетот. Во настанот учествува делегација на Амбасадата на Русија, предводена од Амбасадорот Н.Е. С.А. Баздникин, делегација на Општината предводена од градоначалникот Ф. Темелковски, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски, делегација на Меѓународниот Славјански универзитет „Г.Р.Державин“, предводена од проф. д-р Ј. Ѓорчев и други делегации. По полагањето цвеќе се одржа концерт во организација на руските сонародници, на кој што настапија ученици и студенти од Центарот за изучување на рускиот јазик „Озарение“, Меѓународниот Славјански универзитет „Г.Р. Державин“од Свети Николе и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

188460094_2566078343686374_2914168591190026138_n.jpg

Москва, 20 мај 2021

Меѓународна конференција „Ветеринарно-санитарна безбедност на хрaната — основа за здравјето на човекот“

Денес, во организација на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, се одржа онлајн Меѓународ-ната конференција „Ветеринарно-санитарна безбедност на хрaната — основа за здравјето на човекот“ во рамките на Глобалниот форум за храна 2021: Национален дијалог.
Конференцијата ја отвори ректорот на академијата проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, а учество земаа повеќе академици, претставници на Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) и концепцијата „Едно здравје“.
На пленарното заседание учествуваа и проф. д-р Велимир Стојковски и асистент Стефан Јованов од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. 
Проф. д-р Велимир Стојковски имаше излагање на тема „Определување на адитивите во храната со метода на висоефективна течна хроматографија (HPLC-DAD)“. Посебен акцент во излагањето беше ставен на влијанието на синтетичките бои во храната врз здравјето на луѓето и нивната контрола.

20210509_115512.jpg

Скопье, 9 мај 2021

Празнување на Денот на Победата

Во организација на Амбасадата на Русија беше одбележан Денот на победата во Големата Татковинска војна. Во рамките на одбележувањето, беше положено свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Скопје, во кањонот Матка, како и на Спомен плочата посветена на 75 Годишнината од Големата Победа, на улицата „9 мај“ во Скопје... 

Гагарин.jpg

Скопье, 12 април 2021

В Скопје одбележана 60-годишнината од првиот лет на човекот во вселената

По повод 60-годишнината од летот во вселената на првиот космонаут Јуриј Гагарин, денес пред споменикот на Јуриј Гагарин кој што се наоѓа на истоимената улица во Скопје, се одржа церемонија на положување цвеќе во согласност со ограничувањата на бројот на присутни. Цвеќе положија Амбасадорот на Русија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, почесниот конзул на Русија во Битола, Сергеј Самсоненко, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

152813762_1534147393453534_5938547090447

Скопје, 23 февруари 2021

Ден на Бранителот на Татковината

По повод 23 февруари - Денот на бранителот на Татковината беше положено цвеќе на спомен-обележјето посветено на 75-годишнината на Големата Победа на улица 9 мај. Во церемонијата, покрај Амбасадорот Н.Е. С.А. Баздникиин  и Военото и воено-воздухопловното аташе А. Гугњаев, учествуваа и делегацијата на на Општина Центар, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски и претставници на компанијата Лукоил.

Puskin.jpg

Москва, 18 јануари 2021

Циклус настани „Декември со Институтот Пушкин“

Од 19 до 30 декември 2020 година во организација на Државниот институт за руски јазик „А.С. Пушкин“ и со поддршка на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација се одржа циклус образовно-просветни онлајн настани под наслов „Декември со Институтот Пушкин“. Циклусот настани го следеа и активно учествуваа со него и граѓани од Охрид кои слушаат настава по руски јазик на курсеви како и дел од наставниот кадар на курсевите. По завршувањето на циклусот предавања „Декември со институтот Пушкин“ слушателите добија сертификати... 

bottom of page