top of page
den na zalost avio.jpg

Скопје, 26 декември 2016

Во Русија е прогласен ден на жалост по повод авионската катастрофа над Црното море. Во Македонија отворена книга на жалост

26 декември во Русија е ден на општонационална жалост за загинатите во авионската катастрофа над Црното Море. Указ за прогласување на ден на жалост потпиша претседателот Владимир Путин на 25 декември, на денот на катастрофата. Во авионот кој се урна се наоѓаа 92 патници и членови на екипажот. Меѓу нив и 65 членови на ансамблот„Александров“, новинари и јавни личности.

Во Амбасадата на Русија во Македонија на 26 и 27 декември од 10.00 до 13.00 и од 15.00 до 17.00 ч. ќе биде отворена Книга на жалост.

1100 g Sv. Kliment-1.JPG

Охрид, 7 декември 2016

Во Охрид е одбележана 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски

Во Центарот за култура во Охрид на 7 декември се одржа свечена академија по повод одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски - Патрон на градот. Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и ги додели највисоките општински признанија - наградата Св.Климент Охридски-Патрон на Охрид“, која му припадна на основното музичко училиште „Методи Патче“ и повелбата, коjа jа доби охриѓанката, коjа зеде учество на Олимпиjадата во Рио де Жанеиро, Нина Балабан.

Во рамките на свеченоста настапиjа хорот и рецитаторите од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Свечената академија заврши со настап на Македонскиот камерен оркестар, проследен со интересни видео анимации... 

den edinstva.png

Скопје, 3 ноември 2016

Во Македонија се одржа прием по повод Денот на народното единство

Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, во Скопје организираше прием по повод Денот на народното единство.

Покрај руските сонародници, соработниците од Амбасадата и почесниот конзул на Русија, В. Стојковски, на приемот учествуваа и претставници на научните, културните, образовните и бизнис круговите во државата.

Пред присутните се обратија претставникот на Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, г. Андреј Тимофеев и Првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев.

Денот на народното единство е поврзан со настаните од 1612, кога од Москва биле протерани полските агресори. Херои во тие настани биле гувернерот на Нижни Новгород,... 

izbori-1.jpeg

Охрид, 16 септември 2016

Во Македонија се гласаше за избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација 

Во согласност со Федералниот закон за избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација и Указот на Претседателот на Руската Федерација, на 18 септември 2016 година во Руската Федерација ќе се спроведат избори за пратеници во Државната Дума.

Со цел да се реализираат избирачките права на руските граѓани кои живеат на територијата на општините кои влегуваат во конзулскиот округ на Почесниот конзул на Русија во Охрид (Охрид, Дебарца, Вевчани, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Ресен, Струга, Центар Жупа) во просториите на Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид е на 16 септември 2016 г. е отворено гласачко место... 

Lesok-1.jpg

Лешок, 27 мај 2016

Во Лешок беше осветен мермерен Крст во спомен на руските монаси од Валаамскиот манастир

На 27 мај 2016 година во манастирот Св. Атанасиј во с. Лешок, Тетовско беше осветен мермерен Крст во спомен на 35 руски монаси од Валаамскиот манастир кои во дваесетите години од минатиот век бегајќи од тогашната советска власт дошле во Македонија, и тоа во лешочкиот манастир.

На богослужбата чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско - кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот тетовско - гостиварски г. Јосиф.

Во церемонијата на осветување на крстот присуствуваа и повеќе свештенослужители од МПЦ, делегација од Валаамскиот манастир предводена од игуменот Методиј,... 

orden RPC-1.JPG

Скопје, 19 мај 2016

Велимир Стојковски е награден со орден од Руската Православна Црква

Со Указ на Неговата светост Патријархот московски  и  на  цела  Русија  Кирил, на проф. д-р Велимир Стојковски му е доделен орден од Руската Православна Црква. Орденот „Преподобен Сергеј Радонежски“ свечено му беше врачен од протоереј Александар Задронов проректор на Московската духовна акедемија, во рамки на свеченостите по повод патрониот празник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје... 

otvoranje ruski centar-1.JPG

Скопје, 11 јануари 2016

Отворање на Руски центар

Во главниот град на Република Македонија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се отвори првиот центар на фондот „Руски мир“. На церемонијата на свеченото отворање беше присутен амбасадорот на Руската Федерација во РМ. Н.Е. г. Олег Николаевич Шчербак, ректорот на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, поглаварот на Македонската црква, Неговото блаженство г.г. Стефан, министерката за култура во Владата на Р. Македонија, г. Елизабета Канческа Милевска и други. Амбасадорот на Руската Федерација г. О.Н. Шчербак потенцираше дека „реализацијата на проектот е овозможена со помош на Владата на Р. Македонија, посебно Министерството за култура и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Се надеваме дека успешната работа на Рускиот центар ќе стане основа за создавање во иднина на Руски центар на науката и културата... 

krilov.png

Скопје, 22 декември 2016

Во Амбасадата на Русија во Македонија ќе биде отворена книга на жалост во врска со трагичната смрт на рускиот амбасадор во Турција А.Г. Карлов

Во врска со трагичната смрт на Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Турција А.Г.Карлов, кој беше убиен во терористички акт на 19 декември 2016 г., во Амбасадата на Русија во Македонија на 22 и 23 декември од 10.00 до 13.00 и од 15.00 до 17.00 ч. ќе биде отворена Книга на жалост.

ruski vesnici vo ohrid.jpg

Охрид, 6 декекмври 2016

В Охрид пристигнаа руски весници и списанија

Почитувани жители и гости на Охрид!

Во Почесниот конзулат на Руската Федерациjа во Охрид благодарение на амбасадата на Руската Федерациjа во Република Македониjа пристигнаа следните периодични изданиjа: весниците "Аргументи и факти", "Росискаja газета",  списаниjата "Родина", "Москва", "Караван истории", "Работница", "Високото образование во Русиjа", "Мурзилка", "Веселие уроки".

festival Bogorodicen pokrov-1.jpg

Скопје, 15 октомври 2016

Прв меѓународен филмски фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“

Под покровителство на Агенцијата за филм на Македонија и со благослов на Македонската православна црква, од 15 до 19 октомври во Скопје ќе се одржи Првиот меѓународен филмски фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров”. За прв почесен претседател на Фестивалот за 2016 година е избран проф. д-р Јован Таковски, протојереј-ставрофор.

На свеченото отворање се обратија проф. д-р Ј. Таковски, Н.Е. О.Н. Шчербак и др.

На отворањето на Фестивалот беа присутни голем број личности од јавниот и општествениот живот во Македонија како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак со сопругата и амбасадорот на Чешката република, Н.Е. Мирослав Рамеш, претставници на Македонската православна црква,... 

2 festival na ruskata dijaspora-1.JPG

Скопје, 15 септември 2016

Втор Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“

Вториот Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ се одржа од 15 до 17 септември во Скопје, Свети Николе и Прилеп. Фестивалот беше организиран од здружението на руски сонародници „Чајка“, со финансиска поддршка од Управата на Москва.

Во рамките на фестивалот беа одбележани значајни датуми меѓу кои: 100 години од смртта на Распутин, 170 години од раѓањето на Николај Миклухо-Маклај, 50 години од смртта на Ана Ахматова, 240 години од основањето на Бољшој театар, 75 години од првиот плотун на познатиот ракетен фрлач од Втора светстка воjна «Катјуша» и др., на кои им беа посветени песни и композиции, кои беа изведени од ансамблите «Чајка» и  «Славјанка», Дарjа Аристова, Константин Карев, Викториjа Митеска  и други... 

koncert kapela jaroslavija-1.JPG

Охрид, 26 мај 2016

Денови на духовната култура на Русија во Македонија

На 26 мај о.г. во Скопје свечено започна манифестацијата „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“. Како дел од манифестацијата се одржaa концерти на руски групи во Скопје, Битола и Охрид.

Филхармониската хорска капела „Јарославија“ од Јарославската државна филхармонија, одржа концерт во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Хорот исполни класични хорски нумери од руски композитори и литургиски песнопенија, под диригенство на уметничкиот раководител проф. Владимир Контарев.

Големиот број на љубители на музиката имаа исклучителна можност да уживаат во прекрасната изведба на овој познат хор... 

kosmos 55-1.jpg

Скопје, 14 април 2016

Во Македонија се одбележа 55-годишнината од првиот лет на човекот во вселената

На 12 април 1961 година во 9 часот и 7 минути наутро од космодромот Бајконур се изврши лансирање на ракетата-носач со вселенскиот брод „Восток“, со кој пилотот-космонаут 27-годишниот Јуриј Гагарин прв во светот го изведе својот легендарен лет во вселената. Со тоа мечтата  стана реалност – првиот човек тргна да ги покори вселенските пространства. Започнувајќи со пилотирани вселенски летови, СССР стана првата „вселенска суперсила“. Тој датум секоја година се одбележува во знак на почетокот на вселенската ера за човештвото.

По тој повод, на 14 април 2016 година Амбасадата на Руската Федерација во Македонија во соработка со невладината организација Macedonia Welcome Center одржа презентација. Пред присутните се обрати Амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. О.Н. Шчербак... 

nova godina-1.JPG

Охрид, 21 декември 2016

Новогодишна прослава во Охрид

На 21 декември 2016 година во Охрид се одржа прослава за децата на сонародниците по повод Новата година и Божиќ.

На прославата присуствуваа претставникот на Почесниот конзулат на РФ во Охрид, претседателот на Руско-македонското друштво, државјани на РФ и членови на нивните семејства, кои живеат во Охрид.

На децата Новата година им ја честитаа Дедо Мраз и Снежана, а тие со задоволство учествуваа во веселите игри и добија слатки подароци...

konferencija sonarodnici.png

Скопје, 26 ноември 2016

Во Скопје се одржа Х Конференција на руските сограѓани во Република Македонија

В Скопје, во салата на Музејот на Македон-ската борба за државност и независност, се одржа редовната годишна конференција на руските сонародници во Македонија.

Конференцијата ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Репбулика Македонија, Н.Е. О.Н. Шчербак. Со поздравен говор се обратија и првиот секретар во Амбасадата, А.Е. Алексеев и претставникот на Россотрудничество во Македонија, А. Румјанцев.

Пред присутните се обратија претставниците на четири здруженија на сонародниците, кои се членови на Координативниот совет на руските сонародници во Македонија:  Е. Силјаноска (МЦРС „Чајка“), О. Деспотович (РКУД „Славјанка“), Е. Демчик (Асоцијација  „Озарение“) и И. Гуржоска (Младинска организација „Русичи“)... 

promocija Tihon-1.jpg

Скопје, 4 октомври 2016

Во Скопје се одржа промоција на книгата „Несвети, а свети“ од Епископот Јегоревски Тихон

Во националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” се одржа промоција на македонското издание на книгата „Несвети, а свети” од Епископот Јегоревски Тихон. Книгата е во издание на Кумановско-осоговската епархија при Македонската православна црква, а со благослов на Митрополитот кумановско-осоговски, г. Јосиф.

Книгата ја претстави деканот на Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски, по што на многубројните присутни гости им се обрати авторот.

На промоцијата присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, поглаварот на Македонската православна црква, Неговото блаженство Архиепископ... 

denovi na duhovnata kultura na Rusija-1.

Скопје, 18 јуни 2016 

Денови на духовната култура на Русија во Македонија

Во салата на Македонскиот народен театар, познатиот ансамбл „Рус“ од Владимир, Руската Федерација, по повод завршувањето на Деновите на руската духовна култура во Македонија, одржа концерт.

Во преполната сала, пред љубителите на руската култура, граѓани, амбасадорот на Русија во Македонија, членови на дипломатскиот кор во Република Македонија и други видни личности, ансамблот Рус се претстави со 18 традиционални руски игри и песни.

Присутните со голем аплауз ги наградија изведувачките чија прекрасна изведба долго ќе остане во сеќавањата на присутната публика... 

otvoranje konzulat-1.png

Охрид, 25 мај 2016

Во Охрид е отворен Почесен конзулат на Русија

Во Конгресниот центар во Охрид со свечен настан беше отворен Почеснот конзулат на Русија. Конзулатот го отворија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. О.Н.Шчербак и заменик министерот за надворешни работи на Македонија Д. Кипријановска.

Во своето обраќање пред многубројните гости присутни на свеченоста, меѓу кои и заменикот на градоначалниот на град Охрид и претседател на Советот на општината, поглаварот на Македонската православна црвка – Охридска архиепископија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, претставници на дипломатскиот кор, научните, културните и бизнис круговите, почетните конзули на другите држави и руските сограѓани, О.Н. Шчербак подвлече, дека „... Охрид не е само туристички центар кој динамично се развива, туку и перспективен регион за развивање на ... 

patent-1.JPG

Скопје, 29 февруари 2016

Врачување на конзулскиот патент на Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, свечено му го врачи на Велимир Стојковски конзулскиот патент од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, за неговото назначување за Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

На церемонијата која се одржа во просториите на амбасадата на Русија во Скопје, присуствуваше и советникот-министер г. Константин Алексеевич Берсенев.

Н.Е. О.Н. Шчербак, при тоа го истакна значењето на настанот со оглед на тоа што В. Стојковски е првиот Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Велимир Стојковски, изрази уверување, дека од сега, со заеднички заложби,... 

bottom of page