top of page
prezident2018.jpg

Декември 2017

Претседателски избори во Русија 2018

Согласно со Уставот на Руската Федерација, на 18 март 2018 година ќе бидат спроведени избори за Претседател на Русија.

Во врска со тоа, ги известуваме сите руски сограѓани кои живеат на територијата на Охридскиот конзулски округ, како и тие со времен престој по различни основи, дека ќе можат да го остварат своето гласачко право. За таа цел, ги молиме сите оние кои имаат право на глас, да извршат проверка / пријава во избирачкиот список во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, односно своите потатоци да ги пратат на адресата на Амбасадата (skopje@mid.ru) или пак на адресата на Почесниот конзулат во Охрид (russconsul@inbox.ru).

elka-1-1.jpg

Охрид, 25 декември 2017

Нова година во Охрид

На 25 декември 2017 година во Охрид се одржа прослава за децата на сонародниците по повод Новата година и Божиќ.

Децата се сретнаа со долгоочекуваните Дедо Мраз и Снежана, учествуваа во креативните натпрецари, пееја, танцуваа, решаваа гатанки, после што добија слатки подароци.

 На прославата присуствуваа претставникот на Почесниот конзулат на РФ во Охрид, претседателот на Руско-македонското друштво, државјани на РФ и членови на нивните семејства, а исто така гости, кои зборуваат руски и нивните роднини, кои живеат во Охрид.

rusite vo mk-1_1.jpg

Скопје, 18 декември 2017

Отворена е изложбата „Русите во Македонија (1920-1940)“

Во Музејот на Македонската борба за државност и независност во Скопје, свечено беше отворена изложба на документи и фотографии со наслов „Русите во Македонија (1920-1940)“. Изложбата е во организација на Државниот архив на Република Македонија, Институтот за национална историја, Музејот на македонската борба за државност и самостојност и Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Пред многубројните присутни, меѓу кои руски сонародници, потомци на руската емиграција, претставници на дипломатскиот кор, претставници на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, директори на јавни институции, претставници на руските фирми во Македонија и др., се обратија директорот на Државниот архив, г. Кирил Петров, проф. д-р Жила Ленина, организатор на изложбата, г. Олег Малинка, од името на потомците на руската емиграција, како и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич... 

1.jpg

Скопје, 3 ноември 2017

Прием по повод Денот на народното единство

По повод Денот на народното единство, Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, во Скопје организираше прием. Покрај руските сонародници, на приемот присуствуваа и заменикот на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Константин Берсенев,  конзулот Алексеј Бабкин, претставникот на Россотрудничество Артјом Румјанцев, почесниот конзул на Руската Федерација Велимир Стојковски, соработници од Амбасадата, претставници на руските фирми во Република Македонија, како и на образовните, научните, културните и бизнис круговите во државата.

Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак и претставникот на Координативниот совет на руските сонародници Елена Силјановска. Настанот беше збогатен со руска музика во исполение на Викторија Круша и Галина Георгиева, како и со краток филм за настапот на екипата од Македонија... 

pokrov.jpg

Скопје, 19 октомврия 2017

Филмски фестивал „Богородичен Покров“

Од 14 до 19 октомври 2017 година во Скопје се одржа меѓународниот фестивал „Богородичен Покров“ под мотото „Горе да ги воздигнеме срцата“. За прв пат фестивалот се одржа во 2016 година. Идејата и организацијата на фестивалот е заслуга на  дипломираниот теолог и продуцент Зорица Костовска.

Фестивалот се одржуваше под покровителство покрај останатите и на Кинотеката на Македонија и со благослов на Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан. Почесен претседател на фестивалот е проф. д-р Јован Таковски, протоереј-ставрофор. Еден од покровителите на фестивалот беше и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а во подготовката учествуваше и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид... 

fond ruski mir.jpg

Скопје, 4 октомври 2017

Започнаа курсевите по руски јазик во академската 2017/2018 година

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна со реализација на курсевите по руски јазик во оваа академска година.
На наше големо задоволство интересот за изучување на руски јазик во Република Македонија и оваа академска година продолжува во континуитет. Минатата година курсот го посетуваа повеќе од 1000 посетители, а на првиот конкурс во оваа академска година кој беше распишан во месец септември за 160 слободни места се пријавија 510 кандидати. Рускиот центар направи вонредни напори и благодарејќи на ангажманот на четирите наставници и помошта во обезбедување на дополнителен простор од страна на Филолошкиот факултет, ги прифати сите пријавени кандидати. Курсевите се одвиваат на три нивоа, а на секое ниво има по три рамништа. Им посакуваме успех на сите курсисти.

hor-1.jpg

Охрид, 28 август 2017

Охридски хорски фестивал 2017

Од 25 до 28 август 2017 год. во Охрид се одржа хорски фестивал на кој учествуваа претставници од Русија, Романија, Полска, Чешка, Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Кипар, Србија и Белорусија. Годинава на фестивалот учествуваа два хора од Русија:  Хорската капела „В.Б.Серебровски“ од градот Екатеринбург и хорот „Возрождение“ од Зеленоград, еден од 12-те административни окрузи на Москва.

Хорска капела „В.Б.Серебровски“

Хорот е основан во 2001 година. Првичниот назив на хорот бил: „Голем хор на УрГУ „А.М. Горки“. Во 2011 година колективот го добил називот „Хорска капела „Вадим Борисович Серебровски“ според името на првиот раководител на хорот.

Во хорскиот колектив пеат студенти, постдипломци, дипломирани уметници и други жители на Екатеринбург. Хорот има многу богат репертоар, се изведуваат дела почнувајќи од 14 ... 

Aleksandar Sinchuk (Ohrid).jpg

Охрид, 25 јули 2017

Концерт на Александар Синчук во Охрид

Во рамките на меѓународниот фестивал «Охридско лето» се одржа концерт на младиот и талентиран пијанист од Русија Александар Синчук. Со својот настап тој го отвори рускиот дел на програмата на фестивалот. На концертот беа изведени следните дела: П.И.Чајковски „Думка“ ор. 59, С.Рахмањинов „Прелудиум“ ор. 23, бр.2, „Прелудиуми“ ор. 32, бр. 5,12, С. Рахмањинов „Етиди-слики“ ор. 39 бр.5 и 6, С. Рахмањинов „Музички моменти“ ор. 16. Александар Синчук ни раскажа дека тој е по потекло е од Приморкиот крај, студирал во Москва, а потоа во Америка. Моментално тој живее во Србија. Во Македонија доаѓа за прв пат и пријатно е изненаден од убавините на Охрид и се надева дека ќе има можност повторно да дојде во Охрид како со концерт, така и на одмор.

DSC_0028_1.jpg

Охрид, 30 јуни 2017

„Ноќните волци“ во Охрид

Над 150 моторџии од клубот „Ноќни волци“ од Русија, Словачка, Србија, Република Српска, Бугарија и Македонија, пристигнаа во Охрид. Тие реализирајќи го својот проект „Славјански свет“ ќе поминат повеќе од 3.500 km за 20 дена.

За време на нивниот престој во Охрид, делегација од четири претставници го посети Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Притоа, русинот Евгениј Страгов, го запозна почесниот конзул со мисијата на проектот, а тоа е дека сите словенски народи имаат исти корени, а симбол на маршутата на ова патување се словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Писменоста започнала од Охрид и се проширила низ словенските земји, и затоа нивно задоволство е што се во светиот град Охрид, лулка на словенската писменост.

Во секоја земја од маршутата по која што патуваат, тие симболично подаруваат и разменуваат икони од светци... 

sobir-1-1.jpg

Скопје, 15 јуни 2017

Отворен Меѓународен славистички собир

Денес во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, свечено беше отворен Меѓународниот славистички собир.

Собирот го организираат Катедрата за славистика, Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици и Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со поддршка на Россотрудичество, Амбасадата на Република Чешка и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

Настанот го отвори деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска, а пред присутните се обратија проректорот за наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Влaдимир Петрушевски, Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, амбасадорот на Република Чешка во Република ... 

4-1.jpg

Охрид, 27 мај 2017

Празничен концерт посветен на Денот на словенската писменост и култура

На 27 маj во црквата Св. Софиjа во Охрид се одржа празничен концерт посветен на Денот на словенската писменост и култура. Пред почетокот на концертот беше положено цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиj.

Учесници на концертот беа млади македонски пиjанисти под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски. Наjмладата учесничка Џеврие Туле има само 10 години. Со прекрасните изведби многуброjната публика jа воодушевиjа и Владимир Србиноски, Искра Атанасова-Митуш, Галина Куценко, Александар Ташев, Викториjа Митеска, Фросина Траjковска, Анастасиjа Кочева, Кољос Цури, Душко Дембоски и Томе Костовски. Пред публиката беа изведени дела од разни автори, вклучуваjќи дела од В.А.Моцарт, Р.Шуман, С. Прокофjев, С. Рахмањинов и други... 

belij tigar.jpg

Охрид, 15 мај 2017

Филмска вечер во Охрид

Посольство Российской Федерации в Республике Македонии, Почетное консульство Российской Федерации в Охриде и Муниципалитет Охрид организовали Вечер российского кино в Охриде, посвященный Дню победы над фашизмом. По этому поводу в зале Киноакадемии в Охриде был показан фильм на военную тематику «Белый тигр» известного режиссера Карена Шахназарова. В фильме, снятом в 2012 году по мотивам романа Ильи Бояшова «Танкист, или Белый тигр», говорится о событиях времен Великой Отечественной войны. Фильм был номинирован на «Оскар», а также получил 15 наград, среди которых «Золотой орел», а также награды в Бразилии, Ирландии, Китае, Португалии и др.

den na pobedata-1.jpg

Битола, 7 мај 2017

Во Битола одржан концерт по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола на плоштадот Магнолија, организира концерт посветен на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.

Бројната публика имаше можност да ужива во вокалните изведби на познати македонски уметници и здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“.  Истовремено, на плоштадот беше поставено и пано, како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“.

Настанот го отвори и ги поздави присутните Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, кој во своето обраќање истакна... 

koncert-1.jpg

Скопје, 18 април 2017

Алексеј Мељников и Владимир Устјанцев се претставија пред македонската публика

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Музејот на град Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и Россотрудничество, на 18 април во Музејот на град Скопје во Република Македонија беше претставен проектот „Амбасадата на мајсторството“. Тоа е исклучителен проект на Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и руската државна агенција Россотрудничество, кој е започнат во 2012 година и се реализира преку одржување концерти на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура, во странски држави. До сега се одржани 60 концерти во 22 земји во светот.
Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката е исклучително значајна институција за обука на младите руски музичари. Тој е сместен во уникатен архитектонски споменик на културата ... 

DSC_8514.JPG

Скопје, 5 април 2017

Посета на делегација на Фондот „Руски мир“ на Рускиот центар при УКИМ

Висока делегација од Фондот „Руски мир“ денеска оствари официјална посета на Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Притоа, извршниот дирек-тор на Фондот „Руски мир“ Владимир Вјачеславович Кочин, на Рускиот центар му предаде донација од 1.100 книги.

Настанот започна со едноминутно молчење за жртвите од терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург каде загинаа 14 лица, а над 50 беа повредени.

Покрај деканите, сенаторите, професори и соработници на Универзитетот, на настанот присуствуваа и Архиепископот Охридски и Ма-кедонски г.г. Стефан, Епископот Хераклејски г. Климент, заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, заменик раководител-от од Фондот „Руски мир“ Владимир Леонидо-вич Литаренко и други гости..

literaturana sredba Ahmatova-1.jpg

Охрид, 21 март 2017

Литературна средба

Библиотека „Григор Прличев“ и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, во читалната на библиотеката организираа литературна средба посветена на творештвото на Ана Ахматова и Марина Цветаева.

Присутните ги поздрави директорката на библиотеката, Александра Белевска.

Во рамките на настанот посетителите имаа можност да ги збогатат своите знаења за животот и делото на поетесите, а исто така да слушнат стихови, кои ги рецитираа Елена Обухова, Тоде Илиевски и Маjа Моjсова, како и аудио записи на познати песни според стиховите на Цветаева и Ахматова... 

maslenica-1.jpg

Охрид, 20 февруари 2017

Празнување на Масленица во Охрид

Масленица е древен словенски празник со многубројни обичаи, кои што низ вековите се пренесувале до денес. Масленица се одбележува во седмицата пред Велигденскиот пост, а оваа година се одбележува од 20 до 26 февруари.

Масленица означува весело испраќање на зимата и радосно дочекување на пролетта. Најважни карактеристики на празникот се: страшилото Масленица, забави, прошетки, и се разбира палачинки – округли и румени, кои порано имале ритуално значење и го симболизирале сонцето.

В Охрид на 20 февруари се празнуваше Масленица. Во празнувањето учествуваа руските сонародници кои што живеат во Охрид, како и љубителите на руската култура... 

den na diplomatija-1.JPG

Битола, 10 февруари 2017

Одбележан денот на дипломатскиот работник

Празникот Денот на дипломатскиот работник се одбележува во Русија на 10 февруари. Тој ден е утврден со указ на претседателот на РФ на 31 октомври 2002 година во знак на одбележување на 200-годишнината на МНР на Русија. Изборот на датумот на празникот е поврзан со историското поставување на првиот министер за надворешни работи на Русија на 10 февруари 1549 година.

Во Битола во рамките на празнувањето на Денот на дипломатскиот работник се организираше традиционална церемонија на положување на цвеќе на „Рускиот крст“ - споменик на рускиот императорски конзул А.А. Ростковскиј, кој трагично погинал од раката на османлиски војник во 1903 година.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија... 

rab-1-1.jpg

Охрид, 27 декември 2017

Креативна работилница посветена на Новогодишните и Божиќните празници

Во НУ «Библиотека Григор Прличев» Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа се одржa креативна работилница за деца, посветена на Новогодишните и Божиќните празници.

Во работата на креативната работилница учествуваа ученици од две одделенија од училиштето „Братство и единство“, а исто така и деца од претшколска возраст со нивните родители. Децата дознаа за тоа дека историјата на украсување новогодишни елки своите почетоци ги има во средновековна Германија, а во Русија новогодишните елки пристигнале во времето на Петар Први. Освен тоа децата научија да прават снешковци, лампиони и украсни ленти од картон, хартија и природни материјали. И децата и нивните наставници корисно го поминаа времето и со задоволство ќе учествуваат на нова креативна средба.

elka-1-1.jpg

Скопје, 23 декември 2017

Нова година во Скопје

На 23 декември во Скопје во фоајето на Македонската опера и балет се одржа новогодишна претстава за децата на сонародниците која ја подготвија Амбасадата на Руската Федерација и Здружението на сонародниците.

Со честитки до децата пристигна рускиот театар од Бугарија, кој веќе стана традиционален гостин на оваа манифестација. Оваа година децата ги израдува претставата според приказната „Морозко“, која е омилена не само во Русија туку и во многу земји во Европа, каде оваа приказна претставува асоцијација на Нова година исто како што тоа е „Иронија на судбината“ за русите.

По претставата Дедо Мраз и Снежана во фоајето на операта и балетот ги запалија светилките на новогодишната елка. Децата танцуваа и му раскажуваа песнички на Дедо Мраз и му подаруваа апликации кои самите ги изработија. Сите деца добија новогодишни подароци.

soot_2.jpg

Скопје, 25 ноември 2017

Вo Скопје се одржа XI Конференција на руските сограѓани во Република Македонија

Во салата на Музејот на Македонската борба за државност и независност во Скопје, се одржа редовната годишна конференција на руските сонародници во Македонија.

Конференцијата ја отвори првиот секретар во Амбасадата, А.Е. Алексеев. Пред присутните се обратија претставниците на здруженијата на сонародниците, кои се членови на Координативниот совет на руските сонародници во Македонија:  Е. Силјаноска (МЦРС „Чајка“), О. Деспотович (РКУД „Славјанка“), Е. Демчик (Асоцијација  „Озарение“) и И. Гуржоска (Младинска организација „Русичи“). Како почесни гости на Конференцијата присуствуваа и вториот секретар во Амбасадата, А. Бабкин, претставникот на Россотрудничество, А. Румјанцев  и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски.

koncert-10.jpg

Скопје, 26 октомври 2017

Концерт на руски уметници во Скопје

Во склоп на манифестацијата Денови на руската култура во Република Македонија, во салата на Македонската филхармонија се одржа заеднички концерт на руските солисти со членови на оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Пред македонската публика се претставија Олга Артјугина (виолина), Рустем Хамидулин (виолончело) и Василиса Бержанскаја (солистка - мецосопран).

Олга Артјугина (виолина) Завршила студии на Санкт-Петербуршкиот државен конзерваториум „ Н. А. Римского-Корсаков“ и завршила стажирање како асистент. Студира во Мадрид кај професорот З. Брон. Лауреат на серуски и меѓународни натпревари. Остварува активна концертна дејност во Русија и во странство.

Рустем Хамидулин (виолончело). Завршил студии на Руската музичка академија „Гнесини“... 

1.jpg

​Охрид, 17 октомври 2017

Концерт на Данила Јефремов и Иван Калатај во Охрид

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се одржа концерт на руските уметници - лауреатите Данила Јефремов (кларинет) и Иван Калатај (фортепиано).
Во организација на концертот беа вклучени Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Санкт-Петербуршкиот Дом на музиката и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Министерството за култура на Руската Федерација и руската државна агенција Россотрудничество, со помош на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Концертот е дел од проектот „Амбасада на мајсторстово“ на Санкт-Петербуршкот Дом на Музиката и Россотрудничестово, кој е започнат во 2012 година и се резлизира преку одржување на концерти на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура. Одржани се бројни концерти во 45 земји на сите континенти... 

konfer-1.jpg

Скопје, 27 септември 2017

70-годишнина од почетокот на изучувањето на рускиот јазик во Македонија

На 27 септември во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено беше отворена Меѓународната научна конференција со наслов „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија – минато, сегашност и иднина“ посветена на 70-годишнината од почетокот на изучувањето на рускиот јазик во Македонија.

На свеченото отворање со поздравен говор се обратија директорот на Рускиот центар, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Анета Дучевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, в.д. амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Константин Берсенев и заменик министерот за култура на Република Македонија Владимир Лазовски... 

Struski veceri_1.jpg

Струга, 23 август 2017

Струшки вечери на поезијата

Во Струга се одржа свеченото отворање на „Струшките вечери на поезијата“. 56 – от фестивал свечено започна под отворено небо со традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, со парада со факели и со голем огномет. Годинава на првата вечер настапија 30 поети од следните држави: Албанија, Австрија, Алжир, Белорусија, Белгија, Бугарија, Канада, Кина, Колумбија, Еквадор, Грција, Хондурас, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција и Велика Британија.

Русија на фестивалот оваа година ја претставуваше поетот, литературен и ликовен критичар Дмитриј Голинко, доктор на филолошки науки (на Државниот педагошки универзитет во Санкт-Петербург)... 

sertifikati-1_1.jpg

Скопје, 4 јули 2017

Обучени 600 кандидати на курсевите по руски јазик

Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, кој е основан со поддршка на Фондацијата „Руски мир“, во рамките на програмата за бесплатно изучување на рускиот јазик, во вториот турнус обучи 600 кандидати и тоа како на основно, така и на средно и на напредно рамниште. Во рамките на курсевите, слушателите имаа можност да добијат знаења од домашни, но и од руски предавачи, чиј мајчин јазик е рускиот. По тој повод на завршените курсисти денес во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им беа доделени сертификати.

На настанот покрај бројните курсисти присуствуваа и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорите на Универзитетот, директорот на Рускиот центар при Универзитетот, проф. д-р Велимир Стојковски ... 

DSC_0013_1.jpg

Охрид, 30 јуни 2017

Почесниот конзулат врачи благодарници за соработка

Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, прикажа кратка репортажа со која беа претставени осум градови од Руската Федерација (Иркутск, Новосибирск, Перм, Ростов на Дон, Вороњеж, Сочи, Санкт Петербург и Москва). Во оваа пригода Почесниот конзулат додели две благодарници за соработка – на Библиотеката „Григор Прличев“ и на директорот на библиотеката Александра Белевска.

DSC_0807.JPG

Охрид, 13 јуни 2017

Ансамблот за народни игри „Сувенир“ настапи во Охрид

На 11 и 12 јуни во рамките на фолклорниот фестивал кој се одржуваше во Охрид настапи ансаблот за народни игри «Сувенир» од Русија (ДК «Химик», град Воскресенск). Овој ансамбл е основан во 1981 година. За време на неговата активна креативна дејност колективот на ансамблот одржал многу концерти на кои настапувал со различни програми и спектакли, со кои се претставувал пред многубројната публика во Русија и во странство. Неговиот богат репертоар се состои од скоро 100 танцови точки и и кореографски композиции.

На фестивалот настапија најмладите членови на ансамблот. На 12 јуни во чест на Денот на Русија на сопствена иницијатива овој креативен колектив и подари на охридската публика уште еден подарок во вид на самостоен концерт со игри и песни... 

konzulat-2.png

Охрид, 25 мај 2017

Една година од отворањето на Почесниот конзулат на Русија во Охрид

На 25 мај 2016 година, точно пред една година, во Охрид свечено беше отворен Почесниот конзулат на Руската Федерација. Почесниот конзулат со седиште во Охрид го опфаќа конзулскиот округ во кој влегуваат општините Охрид, Струга, Ресен, Дебарца, Вевчани, Дебар, Демир Хисар, Кичево и Центар Жупа. Веќе една година сме со вас, пред се на располагање на руските сограѓани кои живеат на територијата на конзулскиот округ, на руските туристи кои тука престојуваат и на правните лица од Руската Федерација на кои што им е потребна помош. Но, тука сме и за македонските граѓани, за сите оние кои се интересираат за прашања поврзaни со Русија.

Во согласност со нашите компетенции, ќе продолжиме да придонесуваме за развивање на взаемните пријателски односи на Руската Федерација со Република Македонија и проширување на економските, трговските, научните, културните и други врски. 

28 panfilovcev.jpg

Скопье, 9 мај 2017

Недела на руски филмови по повод Денот на победата

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во соработка со Кинотеката на Македонија, вечерва ја започна Филмската недела на рускиот филм, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот. Во рамките на филмската недела од 9 до 13 мај ќе бидат прикажани пет руски филмови со воена тематика.

Неделата се отвора со исклучителниот филм „28 Панфиловци“, кој  ја раскажува приказната за легендарните 28 војници на Црвената армија од 316-та пешадиска дивизија, кои под команда на генералот Иван Панфилов во студениот ноември во 1941 година со денови се спротивставувале на 54-те нацистички тенкови од 11-тата Панцер дивизија кои напредувале кон Москва. Иако биле вооружени само со стандардно и несоодветно вооружување против тенкови, тие со невообичаена храброст и непоколеблива посветеност, се бореле за да ја заштитат Москва и татковината. Филмот е реализиран со буџет собран со помош од донации (35.086 луѓе донирале повеќе од 34 милиони рубљи). 

polk 2017-1.jpg

Скопје, 6 мај 2017

Македония„Бесмртниот полк“ Македонија

Во рамките на одбележувањето на 9 мај – Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, денес на плоштадот „Македонија“ во Скопје, постави „Ѕид на сеќавањето“ како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“.

„Бесмртен полк“ е доброволна граѓанска иницијатива која има за цел во секое семејство да бидат зачувани сеќавањата на блиските кои го дале својот живот во борбата со фашизмот и на генерацијата која ја извојувала победата. Манифестацијата „Бесмртен полк“ за прв пат беше одржана во Томск на 9 мај 2012 година. Тогаш, во поворката на „Бесмртниот полк“ учествуваа повеќе од шест илјади жители од Томск со речиси две илјади портрети на членовите на нивните семејства, некогашни учесници на Големата Татковинска војна. Од тогаш, движењето добива не само национален, туку и меѓународен карактер. Денес, во манифестацијата учествуваат повеќе од 12 милиони луѓе во повеќе од 50 земји..

vselena-4-1.jpg

Скопје, 12 април 2017

Во Македонија е одбележан Меѓународниот ден на летот на човекот во вселената

12 април по предлог на Генералното собрание на ООН е прогласен за Меѓународен ден на летот на човекот во вселената. Имено, на тој ден во 1961 година бил извршен првиот лет на човекот во вселената од страна на граѓанинот на СССР Јуриј Алексеевич Гагарин. Вселенскиот брод „Восток“ бил лансиран од космодромот Бајконур, кој е најголемиот космодром во светот. Овој историски настан го отвори патот на истражувањата на вселенските пространства. Летот започнал во 9 часот 6 минути и 56 секунди по московско време и траел 108 минути. Облетувајќи ја Земјата еднаш, космонавтот добил команда да се приземји. Приземјувањето се случило во 10.55 во степите недалеку од Саратов. На височина од неколку километри Гагарин се катапултирал и извршил меко приземјување со пaдобран недалеку од приземјеното летало. Во знак на признание за овој подвиг кој ја сменил ..

polk-2.jpg

Скопје, 4 април 2017

Бесмртен полк

На 6 мај оваа година на плоштадот "Македонија" во Скопје Амбасадата на Русија во Македонија и здруженија на руски сонародници во Македонија ќе одржат манифестација „Бесмртен полк“. Таа манифестација е традиционален настан кој се одржува во сите градови на Русија, како и надвор од земјата во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот и претставува чин на сеќавање и оддавање почит на сите херои - антифашисти кои загинале борејќи се за слободата и неазвисноста на своите земји и на целата Европа. Видете повеќе на интернет страната на Амбасадата:

http://macedonia.mid.ru/ru/web/macedonia_mc/-/vo-makedonija-zapocnaa-potgotovki-na-tradicionalnata-manifestacija-besmrten-polk-?inheritRedirect=true&redirect=%2Fru%2Fweb%2Fmacedonia_mc%2F

pasport.png

Скопје, 13 март 2017

Информација за граѓаните на Русија кои планираат да ја посетат Македонија

Владата на Република Македонија донесе решение за еднострано продолжување на безвизниот режим за руските граѓани за уште една година - до 15 март 2018 год. Тоа значи, дека граѓаните на Русија за влез на територијата на Македонија доволно е да поседуваат пасош и осигурување. Ова важи само за кратки престои во Македонија, не подолго од 90 денови во текот на секои шест месеци, сметајќи од датумот на првиот влез. За подетални информации можете да се обратите до Конзуларниот оддел при Амбасадата на Русија во Македонија.

fond ruski mir.jpg

Скопје, 17 февруари 2017

Во Рускиот центар доделени првите дипломи

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) беа доделени сертификатите за руски јазик на курсистите од првиот турнус на бесплатните часови по руски јазик што ги организира Рускиот центар при УКИМ. На настанот на курсистите им се обратија директорот на Рускиот центар проф. д-р Велимир Стојковски, ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак.

Во своето обраќање кон присутните директорот на Рускиот центар при УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски го потенцираше значењето на рускиот јазик во глобалното општество.

Во своето обраќање ректорот Јанкуловски го изрази своето задоволство од големата заинтересираност за изучување на рускиот јазик и од постигнатиот резултат на курсистите... 

vodici-1.jpg

Охрид, 19 јануари 2017

Богојавление во Охрид

Светиот празник во Македонија се одбележа со традиционалното капење во водите на реките и езерата осветени од свештенослужителите, како и со народни манифестации. Според   востановениот обичај, по служењето на литургијата во реките и езерата беше фрлен дрвен крст, по кој во водата влегоа голем број верници. 

Фаќањето на крстот од водата е голема чест. Тој, на кого тоа ќе му успее да го направи, по преданието, ќе има добро здравје, успех и спокојство во душата целата година.

Водата во Охридското езеро беше осветена од свештенослужителите на Македонската православна црква. Во празнувањето зедоа учество неколку илјади граѓани, меѓу кои и градоначалникот на град Охрид, г. Никола Бакрачески, претставниците на Советот на град Охрид, претставници на дипломатскот кор, првиот секретар во Амбасадата на Руската... 

zurnal.jpg

Охрид, 26 декември 2017

Во Охрид пристигнаа руски книги

Почитувани жители и гости на Охрид и конзулскиот округ!

Во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид благодарение на Првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија г. А.Е. Алексеев, пристигнаа нови весници и списанија „Околу светот“, „Образованието во Русија“, „Московски журнал“ и други за возрасни, а исто така списанија за деца: „Детска енциклопедија“, „Мурзилка“ и „Весели лекции“. За заинтересираните кои сакаат да земат списание за читање ќе биде оформен библиотечен формулар. Списанијата се издаваат за период од 14 дена. По потреба овој рок може да се продолжи лично или по телефон.

kniga_1.jpg

Скопје, 22 декември 2017

Промовирана е книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик” од Н. Чундева

Во просториите на Народната и универзитетска библиотека ”Св. Климент Охридски” во Скопје, беше промовирана книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик” од проф. д-р Нина Чундева, во издание на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Книгата ја промовираа проф. д-р Красимира Илиевска и д-р Емил Ниами. Во книгата на 290 станици, во две глави, обработени се русизмите во македонскиот јазик почнувајќи од тие кои се присутни уште во делата на македонските преродбеници, учебникари и просветители од 19 век. Со начинот на обработка на материјалот и неговата презентација, оваа книга е исклучително интересно четиво не само за лингвистите, туку и за преведувачите, публицистите и сите оние кои се занимаваат со македонскиот и со рускиот јазик... 

01.jpg

Охрид, 7 ноември 2017

Во Охрид започнаа курсеви по руски јазик

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Россотрудничество и градот Охрид, започна со одржување на бесплатен курс по руски јазик. Курсот ќе го посетуваат 60 кандидати.

Првиот заеднички час го одржа д-р Елена Обухова, доктор на филолошки науки, во просториите на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, а присутните ги поздравија директорот на Рускиот центар при УКИМ и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на градот Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски и директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Беше прочитано и поздравното писмо од амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак... 

koncert-4.jpg

Скопје, 25 октомври 2017

Отворени Деновите на руската култура во Република Македонија

Во Македонскиот народен театар во Скопје, денес беа свечено отворени Деновите на руската култура во Република Македонија, кои се реализираат со  меѓудржавниот договор за културна размена меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Манифестацијата ја отворија министерот за култура на Република Македонија, г. Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак.

Деновите на руската култура беа отворени со изложба „Добата на Григорович“ посветена на рускиот балет, а потоа следуваше спектакуларен концерт на Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“. Големата сала на Македонскиот народен театар беше претесна да ги прими сите љубители на руската музика и култура, а уметниците беа наградувани со бурни аплаузи... 

k-1.jpg

Скопје, 12 октомври 2017

Промовирана книгата „3борови што го менуваат светот” од Владимир Владимирович Путин

Во хотелот “Русија” книгоиздателството “Ѓурѓа” од Скопје, со поддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Россотрудничество, ја промовираше книгата “3борови што го менуваат светот” од претседателот на Руската Федерација, Н.Е. Владимир Владимирович Путин. Книгата е компилација на 19 статии и говори од меѓународни конференции и јавни настапи на рускиот претседател, почнувајќи и завршувајќи со неговите обраќања на Генералното собрание на Обединетите нации во 2003 и 2015 година. Книгата досега е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на англиски и кинески, а од денес со неа, на македонски јазик ќе може да се запознаат и граѓаните на Република Македонија... 

den na mirot-1.jpg

Охрид, 21 септември 2017

Во Охрид одбележен Меѓународниот ден на мирот

Денес во Охрид се одбележа Меѓународниот ден на мирот, во организација на Општина Охрид, Здружението на борците, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. 

Пред присутните се обратија заменикот на градоначалникот на Општина Охрид, г.Ангел Јанев, потпретседателот на Здружението на борците г. Никола Стефаноски и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, со заедничка порака за мир, толеранција и разбирање во светот.

Учениците од училиштата „Григор Прличев“, „Христо Узунов“, „Братство и единство“ и „Живко Чинго“ одржаа пригодна програма, а потоа пораката за мир беше симболично испратена, со пуштање на балони со гулаби на мирот.

hor.jpg

Охрид, 8 август 2017

Концерт на хорот „Оптина пустина“ во Охрид

Во црквата Св. Софија се одржа концерт на машкиот хор «Оптина пустина». Хорот е формиран во 1996 година во храмот Успение на Пресвета Богородица на Васиљевскиот Остров во Санкт-Петербург, каде се наоѓа Санкт-Петербуршкото подворје (одделение) на Оптина Пустина. Овој хор е интересен поради тоа што неговите членови активно учествуваат во сите богослужби и притоа одржуваат многу концерти и патуваат. Секој од нив е солист, секој има своја сериозна програма, одржуваат и солистички настапи. Целосниот состав на хорот се состои од дванаесет пејачи — дипломци на  Санкт-Петербуршкиот Конзерваториум, додека составот во кој хорот настапува надвор од земјата брои седум најдобри солисти. Уметничкиот раководител на хорскиот состав, Александар Семјонов дипломирал на диригентско-хорскиот факултет на Санкт-Петербуршкиот Конзерваториум во класата на народниот уметник на Русија В. В. Борисов, а исто така на факултетот за симфониско ... 

1-1.jpg

Охрид, 30 јуни 2017

Руска вечер на Меѓународниот семинар за македонски јазик

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 17 јуни до 2 јули 2017 година во Охрид ja организира 50. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Ова година Семинарот го следат стипендисти од 19 земји: Австрија, Азербејџан, Италија, Канада, Полска, Република Кореја, Романија, Руска Федерација, Словачка, Словенија, Соединетите Американски Држави, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка.

Покрај задолжителната наставна активност, во вечерните часови се предвидени термини за презентации, промоции и интерактивни настани  со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини се промовираат најнови научни и книжевни изданија, се овозможат средби со познати македонски автори, проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата и сл. ... 

siskin-01_1.jpg

Охрид, 17 јуни 2017

Концерт на Јуриј Шишкин во Охрид

На 17 јуни во 19.30 часот во црквата Света Софија во Охрид, се одржа концерт на големиот руски уметник Јуриј Шишкин.
Шишкин со своите виртуозни изведби на хармоника, настапувал во повеќе земји, како Холандија, Белгија, Германија, Финска, Шведска, САД, Канада, Кина, земјите од Латинска Америка и др, а пред охридската публика се претстави со делата на Семјонов, Гонтаренко, Доренски, Лекуона, Рахмањинов, Римски-Корсаков и Менделсон. Исто така заед...но со него настапи и неговиот ученик. Публиката многу топло го прими навистина виртуозниот и емотивен настап на маестрото. Јуриј Шишкин оствари контакт со руските сонародници и рече дека во Охрид доаѓа по втор пат, истакна дека го воодушевиле древните споменици на архитектурата и прекрасната природа, поради што тој со семејството по завршувањето на концертите во другите градови, ќе се врати овде за да се одмора и да работи во таквата ... 

DSC_7235_web.jpg

Скопје, 13 јуни 2017

Прием по повод националниот празник – Денот на Русија

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија приреди прием по повод националниот празник – Денот на Русија. На приемот присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, епископот Хераклејски г. Климент, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх д-р Киро Стојанов, заменикот на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, министерот за финансии проф. д-р Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски м-р Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Љупчо Николовски, министерот за култура м-р Роберт Алаѓозовски, министерот без ресор проф. д-р Зоран Шашуриќ, генералниот секреар на владата проф. д-р Драги Рашковски, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, шефови на дипломатските мисии и претставници на ... 

azbuka-2-1.jpg

Охрид, 23 мај 2017

Предавање за Сесловенските просветители

По повод празникот на Светите Кирил и Методиј и Денот на словенската писменост, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ беа организатори на предавање на тема „Старословенската азбука како молитва“, во чест на Сесловенските просветители.

Целта на овој настан беше уште еднаш да се покаже колкаво богатство се содржи во таа азбука што ја имаме и да се истакне нејзината сакрална смисла, како и црковното значење. Да се  покаже дека словенските просветители Кирил и Методиј, создадоа азбука со чие ширење ги просветија сите словенски народи, и од која подоцна се создаде црковнословенскиот јазик, кој и ден денес е актуелен како во Русија, така и во Македонија и дополнително придонесува за блискоста на двата словенски народи..

izlozba-1.jpg

Охрид, 8 мај 2017

Во Охрид е отворена изложбата “Победата над фашизмот”

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Репбулика Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и општина Охрид, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид беше отворена изложбата “Победата над фашизмот”.

На изложбата беа претставени 30 фотографии на кои е прикажано ослободувањето од фашизмот во неколку европски градови, во кое учествуваше Советската армија.

Пред присутните се обратија почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев и градоначалникот на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески... 

salata-1.jpg

Охрид, 21 април 2017

Во Охрид беше поставен Гинисов рекорд за најголема шопска салата

Во Охрид на 21 април беше поставен Гинисов рекорд за најголема шопска салата. Идејата за поставување на рекордот потекна од Ина Жарова, директор на «Македонската куќа» во Москва и Олег Назаров, познат ресторански критичар, кој веќе поставил 16 гастрономски Гинисови рекорди. Овој рекорд беше 17-от. Третиот организатор на настанот за поставување на рекордот е Наум Бакрески, сопственикот на хотелот „Гарден“ во Охрид, каде што се одржа настанот.

На настанот присуствуваа претставникот на меѓународната агенција „Интеррекорд“  и набљудувачи од 5 држави: Ерменија, Киргистан, Белорусија, Украина и Русија, претставници на локалната самоуправа и Претставник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид..

jajca-2.jpg

Охрид, 7 април 2017

Историjа на боjадисувањето и украсувањето на велигденски jаjца во Русиjа

Во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настан под наслов «Историjата на боjадисувањето и украсувањето на велигденски jаjца во Русиjа: од древноста до колекциjата Фаберже», посветен на праздникот Велигден. На настанот присуствуваше Почесниот конзул на Руската Федерациjа во Охрид проф. д-р Велимир Стоjковски, директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, Александра Белевска и многубројни граѓани. На почетокот на настанот, присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот акт кој се случи на 3 април во метрото на Санкт-Петербург.

Присутните ги поздрави Почесниот конзул проф. д-р В. Стојковски, кој меѓу другото истакна дека „македонскиот и рускиот народ се многу блиски и ги поврзуваат заеднички... 

ohrid vo moskva-1.jpg

Москва, 29 март 2017

Презентација на туристичките можности на Охрид во Москва

Во хотелот “Златен прстен” во Москва, општината Охрид со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, ги презентираше туристичките можности на Охрид.

Презентацијата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација НЕ Гоце Карајанов, по што градоначалникот на општина Охрид, г. Никола Бакрачески ја претстави историјата и кулурата на Охрид, неговото значење за целиот словенски свет и светската цивилизација, како и неговите туристички можности. Во склоп на презентацијата беше прикажан филм за Охрид.

Големиот број присутни руски туроператори, новинари и официјални претставници на Руската Федерална агенција за туризам, изразија големо задоволство од организацијата... 

marka ohrid-1.jpg

Охрид, 21 февруари 2017

Во Охрид беше промовирано руското издание на руско-македонската марка

Во куќата Уранија во Охрид се одржа презентацијана руската марка од заедничкото издание на руско-македонската марка, организирана од Амбасадата на Русија во Република Македонија, Почесниот конзул на Русија во Охрид и општина Охрид, по повод 23-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Настанот го отвори Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, кој ги пренесе поздавите од Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак и го прочита поздравното писмо од генералниот директор на АД „Марка“, Артем Ваљеревич Адибеков... 

ruski knigi vo ohrid.jpg

Охрид, 14 февруари 2017

Во Охрид пристигнаа руски книги

Почитувани жители и гости на Охрид!

Во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид благодарение на Првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија г. А.Е. Алексеев, пристигнаа книги кои се достапни за читање. За заинтересираните кои сакаат да земат книга за читање ќе биде оформен библиотечен формулар. Книгите се издаваат за период од 14 дена. По потреба овој рок за чување на книгите може да се продолжи лично или по телефон.

bottom of page