Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид
ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид,
Република Северна Македонија
е-mail: russconsul@inbox.ru
тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)
Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски
Стручен соработник: д-р Елена Обухова
Приемни денови за странки:
вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин
Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

Москва, 25 декември 2025
Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин го назначи Дмитриј Константинович Зиков за Вонреден и Ополномоштен Амбасадор на РФ во Северна Македонија.
На 25 декември, Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин го потпиша указот за назначување на Дмитриј Константинович Зиков за Вонреден и Ополномоштен Амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.
Целиот текст на документот: http://publication.pravo.gov.ru/document/0001202512250008

Скопје, 5 декември 2025
Филмски фестивал „Богородичен Покров“
Денес во Скопје, делегацијата на Амбасадата на Русија на чело со Привремениот вршител на должноста на Амбасадорот Владимир Дјаков учествуваше во церемонијата на отворањето на 10-от меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности „Богородичен покров“, кој се одржува од 5 до 14 декември со поддршка од Амбасадата.
Во рамките на фестивалот пред македонските гледачи ќе бидат претставени, помеѓу другите, документарни и играни филмови продуцирани од руски филмски студија.

Охрид - Воронеж, 3 октомври 2025
Настан по повод 130-годишнината од раѓањето на Сергеј Есенин
На 3 октомври, Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин одржа поздравен говор пред учесниците на заедничкиот онлајн настан, организиран од Почесниот конзулат на Русија во Охрид и катедрата за словенска филологија на Воронешкиот државен универзитет, по повод 130-годишнината
од раѓањето на големиот руски поет Сергеј Есенин.
Конференцијата вклучуваше презентации за творештвото на авторот
и за спецификите на преведувањето на неговите дела на македонски јазик, како
и читања на неговите песни.
На настанот присуствуваа почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, соработникот на Почесниот конзулат, д-р Елена Обухова, деканката на Филолошкиот факултет на Воронешкиот државен универзитет, доктор по филолошки науки Жана Грачева, раководителката на катедрата за словенска филологија на Воронешкиот државен универзитет, доктор по филолошки науки Марина Панова, познатата преведувачка и поетеса Олга Панкина, русистот и преведувачот д-р Емил Ниами, професори и лектори на катедрата за словенска филологија и за литература од 20 и 21 век, студенти на Воронешкиот државен универзитет.

Скопје, 6 јуни 2025
Во Скопје одбележан Денот на рускиот јазик
Денес - по повод Денот на рускиот јазик и 226-тата годишнина од раѓањето на големиот руски поет и писател Александар Сергеевич Пушкин - делегација на Амбасадата на Русија на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин според традицијата положи цвеќе пред споменикот на основоположникот на современиот руски јазик, во Скопје.
Во церемонијата исто така учествуваа Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, делегација на Рускиот центар при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" руски сонародници и слушатели на курсеви по рускиот јазик.

Скопје, 18 мај 2025
Свечен концерт по повод 80-годишнината од Големата Победа
На 18 мај во Национална опера и балет во Скопјe се одржа свечен концерт, организиран од Амбасадата на Русија по повод 80-годишнината од Големата Победа.
Гости на настанот беа Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, воениот аташе на Кина Џзу Нин на чело на репрезентативната делегација на Амбасадата на НР Кина, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, предводена од Регионалниот управител Андреј Куку, бројни руски сонародници, јавни и културни работници, академици и научници, претставници на медиуми и заинтересирани македонски граѓани.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор во кој, особено, им се заблагодари на публиката, која исто така учествуваше и на други настани во чест на 80-годишнината од Големата Победа, на изведувачите, на раководството и персоналот на Национална опера и балет, се потсети на бесмртниот подвиг на советските граѓани, на македонските партизани, на сите оние, кои го уништија нацизмот, и раскажа за значењето на музичките дела во програмата на концертот.
Легендарните песни „Жерави“ («Журавли»), „Катјуша“, „Темна ноќ“, „Денот на Победата“, музика од Дмитриј Шостакович и многу други дела, кои се неразделно поврзани со Денот на Победата, беа изведени на сцена од Мандалинскиот оркестар под водство на Ерхан Шукри, од музичарките на Филхармонија Ана Кондратенко и Викторија Митеска-Малезан, од дуетот на Ана и Александар Коловски, од пејачката Викторија Лоба и од ансамблот „Славјанка“.

Скопје, 8 мај 2025
В Скопје одбележана 80- годишнината од Победата во Големата Татковинска војна
Во пресрет на 80-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна - Амбасадата на Руската Федерација на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин одржа на улицата 9 Мај во Скопјe свечена церемонија на положување венци кон спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата Победа.
Меѓу бројните учесници на настанот беа Заменикот на Претседателот на Владата, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Реџеп Исмаил Хактан и Драган Недељковиќ, Амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, вршителот на должноста на Кина Су Леи, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, колеги од дипломатскиот кор, претставници од општината Куманово, членови на политички партии, претставници на Српската заедница во Македонија, свештеници од Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија, делегацијата на компанијата ЛУКОИЛ Македонија, руски сонародници, претставници на јавните и научните кругови, на бизнис заедницата, на медиуми.
Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните со говор.
Учесниците на церемонијата им оддадоа почит на жртвите од Големата Татковинска војна и Втората светска војна со минутно молчење. Вечна им слава на паднатите војници кои го скршија нацизмот! Вечна им слава на живите херои!


