Охрид, 28 декември 2019
Нови списанија во Почесниот конзулат
Во Почесниот конзулат на РФ во Охрид пристигнаа нови списанија меѓу кои „Мурзилка“, „Весели лекции“, „Наука и живот“, „Караван на историјата“ и други. Жителите на Охрид можат да ги земат во библиотеката на Конзулатот во работното време.
Охрид, 25 декември 2019
Новогодишна работилница
Во пресрет на претстојните новогодишни и Божиќни празници во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид се одржа работилница за изработка на новогодишни украси. На работилницата која ја водеше административнот соработник на Почениот конзулат на РФ во Охрид д-р Елена Обухова учествуваа ученици од трето одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Во пријатниот и креативен амбиент на библиотеката учениците изработија новогодишни украси со кои ќе можат да ги збогатат новогодишните елки и да ги израдуваат нивните блиски.
Охрид, 7 декември 2019
Свечена академија во Охрид
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид се одржа свечена академија посветена на патронот на градот — Св. Климент Охридски. Пред бројните гости се обрати градоналчалникот д-р Константин Георгиески. Во таа пригода беа доделени и три признанија. Највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски — патрон на Охрид”, беше доделена постхумно на прерано починатиот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски, а во името на семејството признанието го прими неговата сопруга Надица Стојаноска. Повелбата „Св. Климент Охридски — патрон на Охрид” им беше доделена на Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин” и Планинарската спасувачка служба при Црвениот крст Охрид.
На настанот беше присутен почесниот кознзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Скопје, 20 ноември 2019
Концерт на солисти од Санктпетербуршкиот Дом на музиката “Амбасада на мајсторството”
Во Скопје, во малата сала на Македонската филхармонија се одржа концерт на солистите на Санктпетербуршкиот Дом на музиката “Амбасада на мајсторството”. Присутните ги поздрави амбасадорот на Русија, Н.Е. С.А. Баздникин, а настапија маестро на тромбонската група во оркестарот на Државната академска капела во Санкт Петербург, Дмитриј Крилов и студентите на Државниот конзерваториум во Санкт Петербург – пијанистот Владислав Фjoдоров и трубач Алексеј Иванов, кој веќе е член на оркестарот во театарот "Мариински". Присутните уживаа во прекрасните изведби на руските солисти.
Охрид, 7 ноември 2019
Во Охрид по 75-ти пат се одбележа Денот на ослободувањето на градот
Во рамките на чествувањата, беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците ослободители во Спомен паркот на револуцијата, каде пред присутните со историски час за значењето на 7. Ноември се обрати претседателот на Општинската организација на Сoјузот на борци на Охрид и Дебрца Гоце Георгиевски. На настанот исто така присуствуваа и претставници на Амбасадата на Руската Федерација, Владимир Хрисанфов и Екатерина Акопјан, како и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова кои со полагање цвеќе им оддадоа почит на ослободителите на Охрид.
Свеченостите по повод празникот продолжија во просториите на основното музичко училиште „Методи Патче“ каде се одржа свечена академија на која пред присутните се обрати градоначалникот Костантин Георгиески и настапија градскиот хор од Охрид и ученици од музичкото училиште и од гимназијата „Св. Климент Охридски.... ►
Скопје, 1 ноември 2019
Изложба „100 раритети на Руската државност“ во Скопје
По повод Денот на народното единство на Руската Федерација во Скопје се отвори документарната изложбата „100 раритети на руската државност“.
На свеченото отворање во присуство на Претседателот Стево Пендаровски, на поглаварите на верските заедници, дипломатскиот кор, како и на научната и пошироката јавност се обратија Директор на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, Рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин, Министерот за култура, Хусни Исмаили и заменик раководителот на Федерална архивска агенција, Андреј Јурасов.
За поставката подготвен е уникатен двојазичен каталог, на руски и македонски јазик, со детален опис на сите изложени документи, кои се копија на оригиналните докумнети.
Скопје, 10 октомври 2019
Средба со рускиот писател Евгениј Водолазкин
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, во организација на издавачката куќа „Антолог“ и Катедрата за руски јазик при Факултетот, се одржа средба со познатиот руски писател Евгениј Водолазкин на тема „Неколку размисли за современиот роман“. Воведна реч за Водолазкин, одржа проф. д-р Венко Андоновски.
Размислувањата на Е. Водолазкин, за многу прашања, како што е романот, времето, животот и историјата, изкажани со едноставен и ненаметлив стил, проткаен со спонатност и филозофија, побудија нескриен интерес кај присутните, кои го следеа настанот.
Меѓу присутните, во полната сала, беа и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин,... ►
Москва, 9 септември 2019
Доделување на наградите на победниците на Меѓународнот Пушкински конкурс
Од 04 до 09 септември 2019 година во рамките на одбележувањето на Денот на Москва се одржа семинарот и свеченото доделување на наградите на победниците на 19-от Меѓународен Пушкински конкурс за есеј кој оваа година беше организиран на тема посветена на 220-годишнината од раѓањето на великанот и основоположникот на современиот руски јазик А.С. Пушкин под наслов: „220: Пушкин под напон. Споменик или блогер? Не ѝ пречат ли класиците на новата генерација да учи руски? “ Организатори на конкурсот се управата на град Мосва и „Росискаја газета“ со поддржка на „Россотрудничество“.
На конкурсот учествуваа професори по руски јазик од многу земји во светот меѓу кои Полска, Србија, Словачка, Франција, Бугарија, Казахстан и други. Оваа година за прв пат на конкурот учествуваше и претставник од Македонија – административниот соработник на Почесниот...►
Охрид, 4 август 2019
Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
Од 4 до 23 август во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржува 42-от по ред традиционален Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, кој оваа година собра 75 учесници од разни земји, меѓу кои од Полска, Чешката Република, Русија, Србија, Хрватска и други. Оваа година Русија на семинарот ја претставуваат професори по македонски јазик, научни работници и студенти од четири високообразовни установи на државата: Московскиот државен универзитет, Санкт-Петербуршкиот државен универзитет, Пермскиот и Воронежскиот државен универзитет.
Во рамките на семинарот на 23 и 24 август ќе се одржи 46-та Меѓународна конференција, на која ќе бидат претставени истражувања од областа на македонистиката.
Охрид, 15 јули 2019
Концерт на државниот симфонискиот оркестар од Бријанск во Охрид
Во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во Охрид се одржа концерт на државниот симфонискиот оркестар од Бријанск, Русија.
Државниот симфонискиот оркестар од Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, заслужен уметник на Руската Федерација и уметнички директор и диригент на ансамблот. Оркестарот настапува не само во Русија, туку е познат на меѓународната сцена (Франција, Полска и тн.).
Вечерва, публиката во Охрид имаше исклучителна можност да ужива во нивната вуртуозна изведба.... ►
Скопје, 12 јуни 2019
Прием по повод националниот празник – Денот на Русија
Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија приреди прием по повод националниот празник – Денот на Русија. По интонирањето на химните на Руската Федерација и Република Северна Македонија, пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.
Охрид, 24 мај 2019
Во Охрид е одбележан Денот на словенската писменост и култура
На 24 мај во рамките на чествувањето на празникот посветен на Св. Кирил и Методиј, во Охрид во 19:00 ч. беше положено цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, а во 19:30 ч.во црквата Св. Софија се одржа концерт на млади пијанисти, во организација на Андреја Митески, со поддшка на Дебарско-Кичевската епархија на Македонската Православна црква, фестивалот „Охридско лето“, Општина Охрид, фирмата „Медика“ и проф. д-р Ана Гацева. На настанот беше положено цвеќе од името на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Пред присутните на концертот се обрати проф. д-р Красимира Илиевска, а на концертот настапија младите пијанисти Девид Малик, Николај Петкоски и Владимир Србиноски, од класата на проф. м-р Даниел Чурковски и Ана Гаштаровска, Викторија Митеска, Александар Ташев, Њомза Џафери, Анастасија Кочева и Фросина Трајковска од класата на проф. д-р Ана Гацева.... ►
Скопје, 9 мај 2019
Положено цвеќе на споменикот на бранителите на „Матка“
Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, одбележувајќи ја 74 годишнината од Победата над фашизмот, денес традиционално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”. Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана.
Пред присутните се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и претставници на Организацијата на борците од НОВ... ►
Скопје, 8 мај 2019
Молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна
Во параклисот на црквата „Св. Георги Победоносец” во Скопје кој се наоѓа во склоп на црквата „Света Троица”, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, се одржа молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна. На молебенот присуствуваа амбасадорот на Руската Федерациjа во Република Северна Македониjа, Н.Е. Сергеj Александрович Баздникин, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, претставници на Амбасадата, руски сонародници и граѓани.
Скопје, 12 април 2019
Одбележан Меѓународниот ден на космонавтиката
По повод Меѓународниот ден на космонавтиката, пред споменикот на Јуриј Гагарин, кој се наоѓа на истоимената улица во Скопје, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, ја организираше традиционалната церемонија на положување цвеќе. Пред многубројните гости на настанот, се обрати Амбасадорот, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.
По церемонијата беа пуштени 58 балони со ликот на Јуриј Гагарин... ►
Скопје, 28 март 2019
Изложби - “Холокаусот: уништување, ослободување, спасување” и “Опсадата на Ленинград”
Денес во во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во Скопје, беа отворени две фотодокументарни изложби - “Холокаусот: уништување, ослободување, спасување” и “Опсадата на Ленинград”. На присутните им се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и раководителот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикаријо. Изложбата на уникатни документи и фотографии ќе биде отворена во наредните две недели.
Скопје, 16 март 2019
Во Скопје се одржа националната етапа на меѓународниот конкурс "Жива класика"
Во основното училиште "Димитар Миладинов" во Скопје се одржа националната етапа на меѓународниот конкурс "Жива класика", во организација на искусниот професор по руски јазик на школата "Озарение" Елена Демчиќ. На настанот присутствуваа аташето за култура Михаил Крапива, преведувачот и поет Олга Панкина. На конкурсот учествуваа ученици од 10 до 17 години од Скопје, Крива Паланка и Охрид. Учесниците од Охрид посетуваат курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конкурсот беше корисна и интересна етапа во изучувањето на рускиот јазик за сите учесници.
Скопје, 6 март 2019
Посета на Н.Е. С.А. Баздникин на Природно-матетматичкиот факултет и Факултетот за ветеринарна медицина
Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин во придружба на аташето за култура, образование, наука и спорт при Амбасадата, Михаил Крапива и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, денес оствари работна посета на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје... ►
Скопје, 28 февруари 2019
Концерт на Андреј Гугнин со Македонската филхармонија
Како солист на концертот на Македонската филхармонија насловен како „Пет става во дур”, настапи познатиот руски пијанист Андреј Гугнин. Под диригентската палка на познатиот руски диригент маестро Даниел Рајскин беа изведени дела на З. Кодај, Ф. Лист и П.И.Чајковски.
Андреј Гугнин е еден од најпознатите руски пијанисти од новата генерација музички уметници. Студиите ги завршил на Државниот конзерваториум во Москва, а продолжил на Интернационалната пијано академија на езерото Комо во Италија. Добитник е на повеќе меѓународни награди, како втората награда на Меѓународниот натпревар по пијано „Лудвиг ван Бетовен“ во Виена, Златниот медал и награда од публиката на Интернационалниот натпревар „Гина Бахуер“, првата награда на Меѓународниот натпревар во Сиднеј со повеќе признанија и тн.
Скопје, 14 февруари 2019
Изложба посветена на историјата на руско-македонските односи
По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија, Амбасадата на Руската Федерација во соработка со Државниот архив на Република Македонија организираше изложба посветена на историјата на руско-македонските односи.
Пред присутните во се обрати Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, а во името на министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров, се обрати г. Оливер Крлиу.
Во Малата сала на Македонската филхармонија пригодна програма изведоа Викторија Митеска (пијано), Квартет „Филхармонија”, Ана Кондратенко (виолина) и Галина Куценко (сопран), по што присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата поставена во холот на Македонската филхармонија.
Скопје, 23 јануари 2019
Концерт по повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација
По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, во фоајето на Македонската опера и балет се одржа концерт на Руските романси на кој настапија учесниците на „Романсијада 2018” во Софија и Москва со изведби на дела од руски автори.
На концертот присуствуваа амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин со сопругата, заменикот шеф на мисијата, Константин Берсенев, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, претставикот на Россотрудничество, Артјом Румјанцев, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, претставници од Министерството и др.
Охрид, 26 декември 2019
Нова година за слушателите на курсевите по руски јазик
Во ОУ „Христо Узунов“ вo Охрид се одржа новогодишна вечер за слушателите на курсевите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Слушателите на курсевите во форма на игра стекнаа нови знаења за новогодишните празници и традиции во Русија од древни времиња до денес, исто така слушаа руски песни, а атмосферата беше збогатена и со традиционален руски чај и колачиња.
Скопје, 14 декември 2019
Во Скопје се одржа XIII Конференција на руските сограѓани во Република С. Македонија
Во салата на Музејот на Македонската борба за државност и независност во Скопје, се одржа XIII Конференција на руските сограѓани во Република С. Македонија.
Конференцијата ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија Н.Е. С.А. Баздникин. Пред присутните се обратија претставниците на здруженијата на сонародниците, кои се членови на Координативниот совет на руските сонародници во Македонија. Дејноста на движењето Волонтери на победата беше претставена ... ►
Охрид, 5 декември 2019
Во Охрид е отворен регионален центар за деца со аутизам
Во Општата болница во Охрид е отворен регионален центар за деца со аутизам. На отворањето присуствуваа Министерот за здравство Венко Филипче, Министерот за здравство на Република Бугарија Кирил Ананиев и сопругата на претседателот Елизабета Георгиевска Пендаровска. Центарот е наменет за истовремен престoj на 120 лица, во него има логопедски и дефектолошки кабинет, спортска сала, сензомоторна и мултисензорна соба. Ова е втор регионален центар во Охрид. Првиот беше отворен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“. Во името на Амбасадата на Руската Федерација и на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид на отворањето им пренесе честитки соработникот на Почесниот конзулат во Охрид.
Скопје, 14 ноември 2019
Македонско-Руски бизнис форум во Скопје
Форумот беше во насока на продлабочување и интензивирање на соработката меѓу Македонија и Русија. На форумот учествува 24 компании од Руската Федерација. Пред присутните обратија претседателот на Владата на Република С. Македонија, З. Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори, д-р К. Анѓушев, заменик министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, А. Груздев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република С. Македонија, Т. Димковски и амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија, Н.Е. С.А. Баздникин. На настанот беа присутни и бројни македонски компании, петставници од Амбасадата, министерот за транспорт и врски, м-р Г. Сугарески, претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Ѓ. Дика, извршниот директор на Комората, Д. Бешлиев, почеснот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и др.
Москва, 4 ноември 2019
Ден на народното единство
Русија денес го слави Денот на народното единство. Овој празник е во знак на сеќавање на настаните од 1612 година, кои станаа симбол за сплотување на народот пред тешкотиите и надворешните закани. Тогаш народните востаници предводени од Кузма Минин и Дмитриј Пожарски ја ослободија Москва од полските агресори.
По повод празникот, Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин организираше свечен прием во големиот дворец на Кремљ.
На приемот присуствуваше и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Скопје, 22 октомври 2019
Донација од Домот на руското зарубежје „А.Солженицин”
Денес на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, му беше предадена донација од 300 книги од областа на руската литература и учебници по руски јазик, од Домот на руското зарубежје „А.Солженицин” од Москва. По тој повод на настанот се обратија амбасадорот на Руската Федерација во Република С.Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, претставникот на Домот на руското зарубежје, Татјана Јуревна Иринархова и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски.
Во своето излагање, амбасадорот Баздникин, меѓу другото истакна: „Добро знаете дека во просториите на Рускиот центар можете бесплатно да го учите рускиот јазик, да читате руски книги, да гледате филмови, да присуствувате на предавања итн. Овде секој има можност подобро да се запознае со најбогатата литература и култура на Русија. Убеден сум дека ова книжевно богатство значително ќе помогне во работата на Рускиот центар“... ►
Црвена вода, 3 октомври 2019
Мероприятия по поводу годовщины Манифеста ГШ НОВ И ПОМ и дня муниципалитета Дебрца
Во селото Црвена Вода, општина Дебрца беше одбележана 76-годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, ден кој се одбележува и како патронен празник на општина Дебрца.
На настанот кој беше организиран од мештаните од село Црвена Вода, општина Дебрца, Организацијата на Сојузот на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, ... ►
Охрид, 18 август 2019
Одбележана 76. годишнината од формирањето на првата регуларна воена единица во Македонија
На 18 август во спомен собата во село Годивје беше одбележана 76. годишнината од формирањето на првата регуларна воена единица во Македонија - баталјонот „Мирче Ацев”, формиран на 18 август 1943 година на Славеј Планина, настан кој се слави како како Ден на амијата. Организатор на настанот беше Општинската организација на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца. Настанот го отвори и за формирањето и борбениот пат на Баталјонот, неговото подоцнежно окрупнување и за неговото влегување во составот на Првата Македонско-Косовска ударна бригада, за борбите и одбраната на ослободената територија Дебрца, говореше претседателот на организацијата, полковник Добре Велјаноски. На присутните им се обрати и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески. На настанот присуствуваше и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова.
Воронеж, 30 јули 2019
Летна школа по руски јазик и култура во Воронеж
Од 15 до 30 јули на филолошкиот факултет на Воронежскиот државен универзитет се одржа „Летната школа по руски јазик и култура“, на која за прв пат учествуваа слушатели на курсевите по руски јазик при Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
На Свеченото отворање на Летната школа присутвуваа деканот на филолошкиот факултет Олга Анатолјевна Бердникова, која им се обрати на слушателите на летната школа со поздравен говор, продеканот за меѓународна соработка Марјана Јаковлевна Розенфелд, доц. д-р Наталија Алексеевна Козељскаја и раководителот на катедрата за словенска филологија проф. д-р Генадиј Филипович Коваљов.
Предавањата за слушателите на летната школа ги одржуваа искусни и истакнати професори по лингвистички и литературни дисциплини од катедрите за општа теорија на јазикот и... ►
Скопје, 17 јуни 2019
Концерт на лауреатите на Санктпетербуршкиот дом на музиката во Скопје
Вечерва, во Скопје, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и агенцијата Россотрудничество, настапија лауреатите од Санктпетербуршкиот дом на музиката, Ана Грот (пијано), Алексеј Савиков (обоа) и Камил Мухаметдинов (виолончело). Пред присутните се обрати амбасадорот на Русија во Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, по што публиката уживаше во виртуозната изведба на делата на Телеман, Шуман, Чајковски, Пуленк, Хачатурјан и Шостакович.
По концертот, присутните можеа да ја разгледаат изложбата „Русија - најубавата земја” на тема Дивата природа на Русија, подготвена од Руското географско друштво.
Охрид, 7 јуни 2019
Проект „Волонтери на Победата“ во Охрид
Во рамките на проектот „Волонтери на Победата“ со поддршка на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, се одржа за прв пат пробна активна игра за ученици „1944. Деца на победата“, посветена на децата-херои кои се бореле рамо до рамо со возрасните. Во настанот учествуваа ученици од 8 одделение од ОУ „Христо Узунов“ под раководство на класниот раководител Горица Дуцкиновиќ. Организатори на настанот беа слушатели на курсевите по руски јазик во Охрид, кои ги организира Рускиот Центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Децата стекнаа нови знаења за Големата татковинска војна, за децата – херои, покажаа остроумност, умеење за решавање на логички и креативни задачи. На настанот како организатор присуствуваше и професорот по руски јазик Боро Димоски, кој и самиот е дете на војната и кој од сопственото искуство знае колку може да биде страшна војната и дека ние треба со сите сили да го чуваме мирот.
Охрид, 22 мај 2019
Во Охрид одржано предавање посветено на св. Јован Шангајски
Денес во Библиотеката „Григор Прличев“ во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Ана Комарова, кандидат доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски (1896-1966), чудотворец и голем подвижник од XX век и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. Настанот го отвори Милчо Јованоски, соработник на библиотеката. На предавањето присутствуваше и аташето за култура од Амбасадата на Руската Федерација, Михаил Евгењевич Крапива.
Многубројните гости во библиотеката се запознаа со многу интересни факти за животот и чудата на Свети Јован Шангајски, за неговата шестгодишна работа во битолската богословија, а исто така и за неговата меѓународна дејност за спасување на своите парохјани и на сирачињата.
Скопје, 8 мај 2019
Во Скопје одржан концерт по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот
Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, организираше гала-концерт посветен на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.
Настанот го отвори и присутните ги поздрави Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.
Скопје, 25 април 2019
„Руско утринско кафе” во Скопје
Во хотелот Holiday Inn во Скопје, во организација на „Добредојде” - Macedonia Welcome Centre и Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, се одржа настан „Руско утринско кафе”. Пред присутните претставници на дипломатскиот кор, амбасасори, почесни конзули, претставници на Министерството за надворешни работи, бројни гости и присутни, се обрати Амбасадорот на Русија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, со осврт на традицијата на празнувањето на Велигден во Русија. По обраќањето присутните го проследија краткиот филм посветен на празнувањето на Православниот Велигден и имаа можност да го пробаат традиционалниот руски велигденски специјалитет - кулич, како и да добијат рачно украсено велигденско јајце подготвени од главниот готвач на рускиот амбасадор. Во склоп на настанот се одржа и изложба на руски ракотворби изработени од членовите на здружението „Артељ”.
Скопје, 4 април 2019
Книга и изложба за рускиот цар Николај Втори и неговото семејство
Во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата „Романови: Љубовта е посилна од смртта“. Отворена беше и фотодокуменарна изложба посветена на 100-годишнината од мачеништвото на рускиот цар Николај Втори и неговото семејство.
Пред присутните се обрати Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, а книгата ја промовираше Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
За историските факти, за убиството на рускиот цар Николај Втори, царицата Александра, нивните деца кнегињите Олга, Татјана, Марија и Анастасија и престолонаследникот Алексеј, присутните беа запознаени од излагањето на д-р Жила Ленина... ►
Скопје, 25 март 2019
14-годишнина од основањето на Македонско-руската стопанска комора
Денес во Скопје се одбележа 14-годишнината од основањето на Македонско-руската стопанска комора. Пред присутните се обратија претседателот на Комората Ѓорѓи Дика, Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Северна Македонија Љупчо Николовски и извршниот директорот на Комората Дејан Бешлиев.
Заедничко беше задоволството од нагорната тенденција во трговската размена со Руската Федерација, зацртаните планови за нејзиното интензивирање, како и постигнатиот успех во реафирмирањето на работата на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка чиј копретседател е министерот Љупчо Николовски.
Скопје, 9 март 2019
Празнување на Масленица во Скопје
Во Скопје на 9 март се празнуваше Масленица. Во празнувањето учествуваа руските сонародници, како и љубителите на руската култура. Меѓу присутните беа и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин со сопругата, заменикот шеф на мисијата, Константин Берсенев и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Масленица е древен словенски празник со многубројни обичаи, кои што низ вековите се пренесувале до денес. Масленица се одбележува во седмицата пред Велигденскиот пост.
Масленица означува весело испраќање на зимата и радосно дочекување на пролетта. Најважни карактеристики на празникот се: страшилото Масленица, забави, прошетки, и се разбира палачинки – округли и румени, кои порано имале ритуално значење и го симболизирале сонцето.... ►
Охрид, 6 март 2019
Kреативна работилница за деца посветена на празникот 8 март
Во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа се одржа креативна работилница за деца посветена на празникот 8 март. Гости на библиотеката беа учениците од 3 и 4 одделение од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани заедно со подрачните училишта. Децата за своите мајки, баби, учителки и други блиски направија честитки од хартија во боја. Во рамките на работилницата децата изработија и честитки со матрјошка и дознаа за историјатот на оваа кукла.
Историјатот на матрјошката своите почетоци ги има во 90-те години на XIX век. како автор на оваа играчка се смета уметникот С. В. Маљутин, кој како основа за овој сувенир ја зел јапонската играчка Дарума, која го претставувала мудрецот Фукурама, а која од островот Хоншу ја донела жената на мецената С. И. Мамонтов... ►
Скопје, 26 февруари 2019
Прием по повод националниот празник – Денот на бранителите на татковината
Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија приреди прием по повод националниот празник – Денот на бранителите на татковината. На приемот присуствуваа претставници на дипломатските мисии, на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, општествени работници и др. По интонирањето на химните на Руската Федерација и Република Македонија, пред присутните се обратија амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и военото и воено-воздухопловното аташе во Амбасадата, полковник Сергеј Стрижко.
Битола, 8 февруари 2019
Одбележан денот на руската дипломатија
Во Битола, пред споменикот Руски крст, традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија. Пред присутните се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, кој меѓу другото истакна: „... Имаме намера да промовираме позитивна обединувачка агенда. Отворени сме за конструктивна соработка со сите земји кои се подготвени да соработуваат чесно, за изнаоѓање прифатливи компромиси од заемна полза. Се разбира, подготвени сме за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области, до толку интензивно до колку за тоа се подготвени нашите партнери. Братските народи на нашите две земји се поврзани со блиски духовни и културни врски со повеќевековна историја. Ова е солидна основа за натамошно подобрување на односите за доброто на нашите народи...“... ►
Охрид, 26 декември 2019
Нова година во Охрид
На 26 декември во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид се одржа предновогодишна прослава за децата на руските сонародници. Тие играа игри со Дедо Мраз и Снежана, пееја песни и танцуваа. Децата добија и новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, а во организирањето на настанот помогна и претседателот на друштвото за руско-македонско пријателство Томе Трајаноски.
Свети Николе, 12 декември 2019
Во Свети Николе свечено е откриена биста на Г.Р. Державин
На Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” во Свети Николе, свечено беше откриена бистата на истакнатиот руски поет Г.Р.Державин, чие име го носи Универзитетот. Пред присутните се обрати основачот на Универзитетот и претседател на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев. Во името на Амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, бистата ја откри вториот секретар во Амбасадата, Виктор Дјаков, а цвеќе положи почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски... ►
Скопје, 30 ноември 2019
Недела на руската култура во Скопје
Од 25 до 30 ноември 2019 во Рускиот центар при УКИМ во Скопје се одржа Недела на руската култура во Скопје. Гостите од Руската Федерација одржаа шест работилници: Современа руска литература, Руска класика во литературните музеи на Русија, Музички фолклор, Традиционални руски занаети – „Гжељ“, Училиште за надарени деца и Историска архитектура. Во работилниците учествуваа голем број на студенти, ученици, граѓани, професори од Универзитетот, а беа присутни и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. С.А. Баздникин, почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р В. Стојковски и претставникот на Россотрудничество, А. Румјанцев.
Сливово, 11 ноември 2019
Одбележување на 76 годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во с. Сливово
По положувањето свежо цвеќе пред споменикот во село Сливово за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата зборуваше професорот по историја Наце Иваноски, а потоа присутните го посетија спомен домот во селото. Настаните по тој повод продолжија во село Белчишта каде деше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот и на бистата на Трајче Дојчиноски. На овие настани присуствуваше и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова, а исто така и учесници на движењето. Присутните ја посетија изложбата на дела од ликовната колонија која се одржува во село Белчишта, а потоа во ОУ „Дебрца“ кое овој ден го слави како патронен празник се одржа пригодна програма.
Јарослављ, 2 ноември 2019
XIII Асамблеја на Фондот “Руски мир”
Во пресрет на големиот празник Денот на народното единство, во градот Јарослављ започна XIII Асамблеја на Фондот “Руски мир”. Во присуство на високи претставници на власта, јавни личности и 600 делегати од 72 земји во светот, асамблејата ја отвори Вјачеслав Алексеевич Никонов, претседател на Управниот одбор на Фондот “Руски мир” и претседател на Комитетот за образование и наука во VII состав на Државната Дума. Присутните, меѓу другите ги поздрави и Валентина Владимировна Терешкова, првата жена космонаут, родена во Јарослављ.
Рускиот центар при Универзитетот “Св. Кирили Методиј” во Скопје беше претставуван од проф. д-р Велимир Стојковски и д-р Емил Ниами. Во текот на Асамблејата тие имаа работна средба со раководството на Фондот “Руски мир”.
Скопје, 14 октомври 2019
Филмски фестивал „Богородичен Покров“
Во Скопје започна четвртиот Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности “Богородичен покров”, кој е посветен на празникот на Пресвета Богородица, со прикажувањето на рускиот филм “Варава” снимен врз основа на познатата библиска приказна за распнувањето на Исус Христос. Покрај споменатиот филм, на фестивалот ќе бидат прикажани уште два руски филма: „Потрага по верата или исповед на актерот“ и „Од дното на врвот“. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани десетина филмови од Русија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Грција, Романија и Чешка.
На свеченото отворање се обрати амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. Меѓу присутните на настанот беше и почеснот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.
Организатор на фестивалот е Топ Ворлд – независна ТВ продукција од Скопје.
Охрид, 23 септември 2019
Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Охрид
Во Основното училиште "Христо Узунов" во Охрид беа доделени сертификатите на курсистите од втората генерација на бесплатните курсеви по руски јазик во Охрид, кои ги организира Рускиот центар при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
На доделувањето на сертификатите на присутните им се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, заменикот градоначалник на Општина Охрид, Ристо Николески и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски. На доделувањето присуствуваше и проректорот за настава на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", проф. д-р Вујица Живковиќ.
Заедно со курсистите од оваа година, бројот на посетители на курсевите по руски јазик во Охрид е 140 посетители од сите возрасти... ►
Охрид, 16 август 2019
«Охрид Крафт»
Од 14 до 16 август во Охрид на плоштадот кај Чинарот се одржа веќе традиционалната манифестација за промоција на рачните изработки и занаетчиството насловена како „Охрид крафт“. Организатор на манифестацијата беше Општина Охрид. Учесниците претставија производи изработени во различни техники од различни материјали како дрво, свила, волна, епоксидна смола, кожа, хартија и многу други. Оваа година како и минатата на манифестацијата учествуваше друштвото на рускојазични ракотворки „Артељ“ со производи од валана волна, дрво и епоксидна смола.
Вевчани, 12 јули 2019
Ликовна колонија „Вевчански видувања“
Во Вевчани оваа година по јубилеен 10-ти пат се одржа уметничката ликовна колонија „Вевчански видувања“. Веќе 10 години во Вевчани доаѓаат уметници од разни земји, за да ја овековечат убавината на Вевчани и вевчанските извори, а исто така и за да добијат инспирација од прекрасната природа во ова живописно место за сликање на фантастични и реалистични слики на други теми.
Годинава на меѓународната колонија која траеше 3 недели, од 22.06. до 12.07. 2019 г. освен уметници од Македонија учествуваа уметници од Србија, Русија, Хрватска, Бугарија, Франција, Грција и Полска. Вкупно на колонијата учествуваа 35 уметници.
Русија годинава ја претставуваше Фјодор Сухинин, член на Московското друштво на ликовни уметници, професор на катедрата по сликарство и цртеж на РДУ „А.Н.Косигин“ (Технологии. Дизајн. Уметност). Дел од неговите слики ќе се чуваат во Вевчани како сеќавање за прекрасните моменти поминати во ова живописно место.
Скопје, 13 јуни 2019
Доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик во Скопје
Во амфитеатарот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа доделени сертификатите за завршен курс по руски јазик кој го организираше Рускиот центар при Универзитетот во учебната 2018/2019 година. Дипломите им ги доделија амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и директорот на Рускиот центар, проф. д-р Велимир Стојковски. На настанот присуствуваше и проректорот за настава на Универзитетот, проф. д-р Вујица Живковиќ.
Заедно со завршените курсисти во оваа учебна година, бројот на посетители на крусевите по руски јазик за две години достина повеќе од 2000 лица од сите возрасти.
Скопје, 6 јуни 2019
Амбасадата на Руската Федерација и општина Кисела Вода го одбележаа Светскиот ден на рускиот јазик
Пред споменикот на Александар Сергеевич Пушкин во истоимениот парк во општина Кисела Вода, цвеќе положија амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните се обратија амбасадорот С.А.Баздникин и градоначалникот Ф. Темелковски. Свеченоста беше збогатена со концерт на групите „Славјанка” и „Чајка”, како и со прикажување на цртаниот филм за деца „Приказна за цар Салтан“.
Светскиот ден на рускиот јазик се одбележува на 6 јуни. Овој датум е поврзан со денот, кога е роден Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски поети, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература... ►
Скопье - Охрид, 21 мај 2019
Започнаа завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик
Во Скопје и Охрид започнаа завршните испити на бесплатните курсеви по руски јазик кои ги организира Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Испитите ги полагаат 230 курсисти во Скопје и 40 курсисти во Охрид.
Заедно со овие кандидати, вкупната бројка на ученици, студенти и граѓани кои ги посетуваа курсевите по руски јазик во изминативе три години, од отворањето на Центарот до денес, е повеќе од 1.900 слушатели.
Скопје, 8 мај 2019
„Бесмртен полк“ Северна Македонија
Во рамките на одбележувањето на 9 мај – Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, денес на платото пред СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, постави „Ѕид на сеќавањето“ како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“. Во борбите против фашизмот народите на Југославија изгубиле 1.700.000 луѓе од кои само Македонија дала 33.000 жртви. Наш долг е да го чуваме споменот за хероите кои своите животи ги дале за слободата. На манифестацијата присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Душанка Дивљак-Томиќ, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, руски сонародници, гости од рускиот град Електростал, кој е збратимен со градот Струмица и граѓани.
Скопје, 20 април 2019
50. Државен натпревар по руски јазик
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа јубилејниот 50. Државен натпревар по руски јазик. Овој пат, во чест на јубилејот, покрај учениците од основните и средните училишта, во одделни категории се натпреваруваа и слушателите на курсевите по руски јазик кои во организација на Рускиот Центар при Универзитетот се одржуваат во Скопје и Охрид, како и студентите од Катедрата за славистика. На отворањето на натпреварот на присутните им се обратија проф. д-р Билјана Мирчевска-Бошева, претседателот на Асоцијацијата на професори по руски јазик проф. д-р Максим Каранфиловски и Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. На победниците во сите категории им беа врачени дипломи и пригодни награди кои ги обезбеди Амбасадата на Руската Федерација.
Охрид, 1 април 2019
Ден на шегата и смеата во Охрид
Во игротеката „Хепи Ленд“ во Охрид, се одржа маскенбал организиран од раководителот Александра Панова и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, посветен на денот на шегата и смеата 1 април. Во рамките на настанот децата, меѓу кои беа и децата на руските сонародници, кои присуствуваа на маскенбалот самостојно направија карневалски маски, дознаа нешто ново за тоа за што се користеле маските во Русија и играа руски народни игри.
Главен настан на денот беше доделувањето на награда – роденден во игротеката и во врска со тоа се одржа избор на најдобра маска. Родителите и децата навистина креативно му пристапија на ова прашање. Меѓу учесниците имаше самовили, принцези, пеперутки, Петар Пан, пирати, кученце од „Патролни шепи“, Супермен и други омилени детски ликови.
Охрид, 22 март 2019
150-годишнина на Периодниот систем на Менделеев
Во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа се одржа предавање, посветено на големиот руски и светски научник Дмитриј Иванович Менделеев, кој во 1869 год. го открил периодниот систем на хемиските елементи. Предавањето го одржа проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул и професор по биохемија. Учениците од охридските училишта имаа можност да слушнат за животот на Менделеев и да се запознаат со значењето на периодниот систем на елементите и законитостите во него (атомска маса, атомски број, енергија на јонизација, електронегативност). Сите ученици, од почесниот конзул добија подарок - Периоден систем на хемиските елементи.
Во чест на 150-годишнината од откривањето на Периодниот систем од страна на Менделеев, УНЕСКО ја прогласи 2019 година, за Меѓународна година на периодниот систем.
Охрид, 7 март 2019
Масленица во Охрид
Во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа одбележување на Масленица за слушателите на курсот по руски јазик. Слушателите на курсот дознаа како се одбележува овој празник во Русија, научија што правеле во Русија во разните денови во текот на Масленичната недела и зедоа учество во натпреварот со прашања поврзани со Масленица. Потоа слушателите на курсот по групи изработија кукла Масленица, а на крајот беа почестени со традиционалните палачинки и со чај.
Охрид, 3 март 2019
Концерт на Злата Чочиева во Охрид
Во Охрид во црквата Св. Софија настапи Злата Чочиева, пијанистка од Русија.
Злата Чочиева е родена во Москва. Моментално живее во Салцбург. Пијанистката е добитник на многу меѓународни награди, меѓу кои – Златен медал на Меѓународниот натпревар за пијано во Копенхаген (Данска, 1999 год), награда „Tivoli piano competition“ (Копенхаген, 2006 год), „Mozart prize“ на натпреварот „ARD“ (Минхен, 2006 год), 1 место на Меѓународниот натпревар по современа камерна музика во Краков, во состав на „Месиан-квартетот“ (Польша, 2008 год) и многу други награди.
Концертот беше организиран од фестивалот „Охридско лето“. На концертот присуствуваше аташето за култура Михаил Евгењевич Крапива и други претставници на амбасадата на Руската Федерација и на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.
Публиката со задоволство ги слушаше делата на Шопен, Скрјабин, Рахмањинов и Лист во изведба на Злата Чочиева.
Охрид, 20 февруари 2019
Во сеќавање на А.С. Пушкин
Во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид се одржа настан организиран од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и библиотеката „Григор Прличев“ посветен на сеќавањето на А.С. Пушкин чија годишнина од трагичната смрт се одбележува во февруари.
Темата беше избрана за учениците од трето одделение, во чија наставна програма се обработува „Сказна за рибарот и рипката“, напишана од големиот поет во 1833 година. Предавањето се одржа со присуство на две одделенија од основното училиште „Христо Узунов“.Со воведен збор на учениците им се обрати соработникот на библиотеката Милчо Јованоски кој раскажа за делата на Пушкин кои се чуваат во библиотеката, а исто така и за јубилеите на охридските писатели во февруари, а потоа предавањето за едно од најпознатите дела на Пушкин за деца го одржа соработникот на Почесниот конзулат д-р Елена Обухова. Во рамките на предавањето децата погледаа цртан филм... ►
Скопје, 4 февруари 2019
Денови на рускиот филм во Македонија
Во преполната сала на Кинотеката на Македонија, со проекцијата на филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски” во режија на Карен Шахназаров свечено започнаа Деновите на рускиот филм. Деновите се посветени на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација и до крајот на февруари симболично ќе бидат прикажани 25 филмови.
Пред присутните се обратија директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. Во рамките на отворањето на режисерот и директорот на „Мосфилм” Карен Шахназаров од страна на ректорот на Универзитетот ЕФТА, Јордан Плевнеш, му беше врачена титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот.