
Охрид, 30 декември 2022
Доделување на благодарница
На 30 декември 2022 год. здружението „Тајнте на моето срце“ му додели благодарница на Почесниот конз улат на Руската Федерација во Охрид за помош и поддршка во работењето. Вкупно во 2022 година со децата беа одржани преку 15 настани вклучувајќи и работилници, добротворни базари и изложби.

Москва, 15 декември 2022
Елка на мирот
На 15 декември 2022 год. во рамките на конкурсот, организиран од страна на музејот „Ермитаж“ беа испратени украсите за „Елката на мирот“. Во украсувањето на „Елката на мирот“ годинава учествуваа дипломатите и членовите на нивните семејства. Украсот на Почесниот конзулат на РФ во Охрид исто така го зазеде своето место на оваа елка.

Скопје, 3 декември 2022
Годишна конференција на руските сонародници во Скопје
На 3 декември 2022 год. во Скопје се одржа конференција на руските сонародници. На конференцијата беа сумирани резултатите од работењето на координациониот совет на руските сонародници, на организациите кои влегуваат во неговиот состав, беа претставени извештаи за одржаните настани, а исто така беа претставени и плановите за 2023 година.

Охрид, 10 ноември 2022
Меѓународна писателска конференција
Од 8 до 10 ноември 2022 се одржа онлајн конференција „Пишувам за деца и млади“. На оваа конференција се одржа презентација на проектот на Почесниот конзулат на РФ во Охрид „Од ризницата на руската литература“. Се предвидува проектот да се префрли на платформата „Вконтакте“ во следната година бидејќи оваа година таму се одвива проектот „Дали знаевте дека...“. На конференцијата учествуваше соработникот на конзулатот д-р Елена Обухова.

Охрид, 24 мај 2022
Ден на словенската писменост и култура во Охрид
На 24 мај 2022 се одржа објавувањето на резултатите од меѓународниот конкурс „Нашата кирилица“ кој се одржуваше во рамките на меѓународниот фестивал на словенската писменост „Многу букви“. На конкурсот учествуваа деца и возрасни – жители на Охридскиот конзулски округ, меѓу кои и деца од здружението „Тајните на моето срце“ и ученици од училиштата „Св.Климент Охридски“ и „Григор Прличев“. На децата и на возрасните им беа доделени почесни дипломи а на наставниците -организатори – благодарници. Со организаторите на фестивалот беше потпишано писмо за соработка за следната година. Соработката предвидува одржување на предавања за словенската писменост, подготовка за конкурсот и одржување на работилници.

Охрид, 15 мај 2022
Учество на децата кои го зборуваат рускиот јазик и децата на сонародниците на меѓународни конкурси
На 15 мај 2022 беа објавени резултатите од конкурсот за литературно творештво за деца кои го зборуваат рускиот јазик и кои живеат во странство „Фабрика за зборови 2022“, организиран со поддршка на „Руски мир“. На конкурсот учествуваа деца – жители на Охридскиот и Битолскиот конзулски округ. Темата на конкурсот оваа година беше „Саша и клучот“. Подготовката за конкурсот ја организираше соработникот на Почесниот конзулат во Охрид д-р Елена Обухова. На децата им беа доделени дипломи за учество, а на наставниците им беа врачени благодарници.

Охрид, 6 мај 2022
Меѓународна акција „Градина на сеќавањето“
Денес во рамките на акцијата „Градина на сеќавањето“ во Охрид беше организирано садење на декоративни дрвја. Оваа акција се одржува во многу земји низ целиот свет. Моментално во рамките на акцијата се посадени преку 27 милиони дрвја. Во чест на празникот 9 мај Волонтерите на Победата од Охридскиот конзулски округ добија пригодни маици.

Скопје, 12 април 2022
Ден на космонаутиката
Денес во Скопје, по повод Денот на космонаутиката - 61-годишнината од првиот лет на човекот во вселената - се одржа церемонијата на положување венци кон споменикот на Јуриј Гагарин. Амбасадата на Русија ја претставуваше делегацијата предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин. На настанот присуствуваа Амбасадорот на Кина Џанг Зуо, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, претставник на Амбасадата на Србија, Почесните конзули на Русија во Битола и Охрид Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ, извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, вработени во компанијата „Лукоил“, делегација од општина Карпош, претставници на Рускиот центар при УКиМ, сонародници.

Ох рид, 4 март 2022
Настан за деца посветен на 8 март
На 4 март 2022 во основното училиште „Св. Климент Охридски“ се одржа работилница за изработка на честитки по повод 8 март. Материјалите ги обезбеди Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Скопје, 23 февруари 2022
Одбележување на Денот на бранителот на Татковината
Денес во Скопје, по повод Денот на бранителот на Татковината беа положени венци на спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата Победа. Делегацијата на Амбасадата беше предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин и Военото и воено-воздухопловно аташе Андреј Гугњаев. Во настанот учествуваа Амбасадорот на Кина Џанг Зуо, Почесните конзули на Русија во Битола и Охрид Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, делегацијата на општина Центар, поранешниот градоначалник на општината Саша Богдановиќ, претставниците на Рускиот центар при УКИМ, Македонско-руската стопанска комора, компанијата „Лукоил“, руските сонародници.

Охрид, 1 февруари 2022
Честитки по повод денот на пробивањето на блокадата на Ленинград
На 1 февруари 2022 година по повод пробивањето на блокадата на Ленинград од страна на претставникот на Почесниот конзулат во Охрид ѝ беше врачен подарок на жителката на Охрид Проку Љубов Ивановна, која се родила во Ленинград и со помош на чудо успеала да се спаси на почетокот на блокадата.
.jpg)
Охрид, 27 декември 2022
Предновогодишна работилница во библиотеката „Григор Прличев“
На 27 декември 2022 год во библиотеката „Григор Прличев“ се одржа предновогодишна работилни ца на која децата од охридските училишта направија честитки за читателите на библиотеката. Децата се запознаа со интересни техники за изработка на украси од хартија со помош на шаблони. Работилницата беше организирана и одржана со учество на соработникот на Почесниот конзулат д-р Елена Обухова.

Москва, 9-12 декември 2022
Учество на меѓународни конкурси
Од 9 до 12 декември 2022 год. во Москва се одржа наградувањето на победниците на Меѓународниот конкурс „Москва во сечие срце“. На церемонијата на наградување присутствуваа 40 финалисти од разни земји од светот. Финалистката од Охрид Александра Шуканова заедно со останатите финалисти ги посети Третјаковската галерија, комплексот Сојузмуљтпарк и учлествуваше во екскурзијата по знаменитостите на Москва. На финалната манифестација на децата им беа доделени пригодни подароци од Управата на Москва.

Охрид, 24 ноември 2022
Охридски украси во народен стил на елката во „Ермитаж“
На 24 ноември 2022 жителите на конзулскиот округ и студиото „Ермитаж“ учествуваа на конкурсот за новогодипни украси за елката во Ермитаж за кој резултатите ќе бидат објавени на 7 декември. Минатата година новогодишниот украс на жителката на конзулскиот округ Екатерина Блажевска беше еден од 100-те најдобри и со право си најде место на елката во Ермитаж. Оваа година во рамките на изложбата исто така ќе биде организирана „Елка од светот“ за претставниците на дипломатските мисии и нивните семејства. Новогодишниот украс на Почесниот конзулат исто така е испратен за таа елка.

Охрид, 14 јуни 2022
Соработка со високообразовни установи во Р усија: ТДПУ „Л.Н.Толстој“
На 14 јуни жителите на конзулскиот округ во Охрид добија дипломи. Во учебната 2021/2022 година Центарот за отворено образование на руски јазик на Тулскиот државен педагошки универзитет „Л.Н. Толстој“ спроведе циклус на онлајн курсеви. На курсевите се обучуваа и активно учествуваа во настаните на Центарот и граѓани од конзулскиот округ на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. По завршувањето на курсевите и по успешното полагање на завршните испити слушателите добија сертификати за завршени курсеви по дијалектологија и граматика на рускиот јазик, руска класична и современа литература, психологија, курсот „Учиме руски јазик интересно“ и други. Освен тоа во рамките на XIV Меѓународна онлајн олимпијада по руски јазик, организирана по повод на Денот на рускиот јазик, која се одржуваше во организација на Тулскиот државен педагошки универзитет „Л.Н. Толстој“ од 23 мај до 7 јуни 2022 година, се одржа церемонијата на наградување на победниците. Олимпијадата се одржуваше во две категории: за слушателите на подготвителните одделенија на факултетите и за слушателите на факултетите од други високообразовни установи. На олимпијадата учествуваа 83 учесници од 23 држави во светот.

Охрид, 24 мај 2022
Ден на словенската писменост и култура: меѓународна соработка
На 24 мај 2022 на филолошкиот факултет на Воронешкиот државен универзитет во рамки на одбележувањето на Денот на словенската писменост и култура се одржа концерт, кој според долгогодишната традиција се нарекува „Словенски читања“. Словенските читања започнаа со поздравен говор на деканот на филолошкиот факултет Жана Владимировна Грачова. На настанот настапија студенти од Воронешкиот државен универзитет како и претставници од разни држави од светот. Програмата на учесниите од С.Македонија ја подготвија жителите на Охридскиот конзулски округ со помош на д-р Елена Обухова, соработник на Почесниот конзулат во Охрид.

Скопје, 9 мај 2022
Денот на Победата во Република С.Македонија
Денеска, на улицата 9 Мај, пред спомен-обележјето посветено на 75-годишнината од Големата Победа, се одржа свечена церемонија по повод 77 години од Победата во Големата Татковинска војна. Во настанот зедоа учество делегацијата на Амбасадата предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин, Амбасадорите на Н.Р.Кина и Босна и Херцеговина, Заменик-амбасадор на Р.Србија, Почесните конзули на Руската Федерација во Битола и Охрид, С.Б. Самсоненко и В. Стојковски, делегациjата на ЛУКОИЛ Македонија, претставници на Меѓународен славјански универзитет, Рускиот Центар, руски сонародници итн.

Охрид, 23 април 2022
Онлајн предавање посветено на празнувањето на Велигден во Русија
На 23 април 2022 Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организира онлајн предавање посветено на празнувањето на Велигден во Русија и на традициите за украсување на велигденски јајца. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник на Почесниот конзулат.

Охрид, 7 март 2022
Комеморативна седница во спомен на поетот Тоде Илиевски
На 7 март 2022 во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид се одржа настан посветен на сеќавањето на поетот за деца и писател Тоде Илиевски кој почина на 29 јануари 2022 година. Тоде Илиевски учествуваше во летната школа во Воронеж во 2018 година. После тоа писателот ја започна поемата за Сталинградската битка која за жал остана незавршена. На настанот присуствуваше соработникот на Почесниот конзулат д-р Елена Обухова.

Охрид, 3 март 2022
Онлајн предавање за празнувањето на Масленица
На 3 март 2022 Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид организира онлајн предавање посветено на празнувањето на Масленица во Русија. Слушателите дознаа за тоа како се обележува овој празник во Русија, ги научија називите на деновите и дејствата во секој од нив во текот на Масленичната недела и погледаа краток филм за масленичните забавни активности. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник на Почесниот конзулат.

Охрид, 16 февруари 2022
Конкурс на цртежи по повод 350-годишнината од раѓањето на Петар Велики
На 16 февруари 2022 година децата - жители на конзулскиот округ учествуваа на ликовниот конкурс посветен на 350-годишнината од раѓањето на Петар В елики, кој се одржа во организација на школата „Озарение“. Подготовката за конкурсот ја одржа д-р Елена Обухова.

Воронеж, 28 јануари 2022
Ден на ослободувањето на Воронеж
На 28 јануари 2022 година жителката на конзулскиот округ Александра Шуканова во градот Воронеж рецитираше стихотворба посветена на ослободувањето на градот и раскажа за тоа дека жителите на конзулскиот округ знааат за Големата Татковинска војна и за хероите од војната. Настанот се одржа во меморијалниот комплекс „Диорама“, посветен на Големата Татковинска војна и на историјата на градот.
.jpg)
Охрид, 18 декември 2022
Предновогодишна работилница
На 18 декември 2022 год. – во „Црвен крст“ во Охрид се одржа предновогодишна работилница за волонтерите на Црвениот крст. Децата и возрасните учествуваа во изработката на новогодишни украси, кои се планира да се продаваат на добротворниот базар. Работилницата ја одржа соработникот на Почесниот конзулат на РФ во Охрид.
.jpg)
Охрид, 4 декември 2022
Настан во Охрид по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост
На 4 декември 2023 год. – се одржа настан по повод роденденот на здружението „Тајните на моето срце“, во рамкина одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот учествуваа музичари и пејачи од Охрид, аниматори, како и ученици од основните училишта од Охрид. Во подготовката на настанот се вклучи и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Охрид, 13 ноември 2022
Прво сослужување во Охрид
На 13 ноември 2022 во црквата „Успение на Пресвета Богородица –Каменско“ беше отслужена литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј во сослужение со настојателот на подворјето на РПЦ во Софија, архимандрит Васиан (Змеев). На литургијата присуствуваше Амбасадорот на Руската Федерација во Република С. Македонија. Од страна на вработените во црквата и соработникот на Почесниот конзулат во Охрид беше организирано разгледување на музејот на икони кој се наоѓа во црквата. Меѓу најинтересните експонати на музејот може да се издвои престолното Евангелие, кое на црквата ѝ го подарил Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј I.

Скопје, 9 јуни 2022
Свечен прием по повод Денот на Русија
На 9 јуни 2002 во Скопје Амбасадата на Руската Федерација одржа свечен прием по повод националниот празник – Денот на Русија. Настанот го отвори амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. С.А. Баздникин. Меѓу многубројните гости присуствуваше и Почесниот конзул на Русија во Охрид проф. д-р В.Стојковски и почесниот конзул на Русија во Битола С. Самсоненко.

Охрид, 18 мај 2022
Работилница посветена на кириличните букви
На 18 мај 2022 се одржа работилница за здружението „Тајните на моето срце“, посветена на пишувањето букви на кирилица. Децата со посебни потреби изработија д ела за конкурсот „Нашата кирилица“. Делата беа изработени од хартија и пластелин. Материјалите ги подготви Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Скопје, 7 мај 2022
Молебен во спомен на загинатите во Втората светска војна
Во рамките на прославувањето на Денот на Победата, денеска, на 7 мај, во Капелата на Свети Георгиј Победоносец каj Руската црква во Скопје се одржа молебен за помен на руските војници загинати во сите времиња за верата и Татковината.

Охрид, 20 април 2022
Почеток на соработката со здружението на родители на деца со посебни потреби
На 20 април 2022 започна с оработка со непрофитната организација „Здружение на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце““ поради тоа што во конзулскиот округ живеат деца на сонародниците со посебни потреби. Во рамките на соработката се одржуваат редовни работилници. Децата учествуваат на меѓународни конкурси, а исто така им се укажува помош при подготовките на изработките на децата за продажни изложби.

Охрид, 6 март 2022
Работилница посветена на 8 март
На 6 март 2022 во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид се одржа работилница за изработка на честитки со учениците од основните училишта во град Охрид. Работилницата ја одржа соработникот на Почесниот конзулат д-р Елена Обухова.

Охрид, 23 февруари 2022
Онлајн предавање во чест на Денот на бранителите на Татковината
На 23 февруари 2022 во чест на Денот на бранителите на татковината се одржа онлајн-предавање на платформата ZOOM, посветен на историјата на советските честитки издадени во чест на 23 февруари. Предавањето го одржа д-р Елена Обухова, соработник на Почесниот конзулат на РФ во Охрид.

Битола, 10 февруари 2022
Ден на руската дипломатија
По повод Денот на руската дипломатија во Градскиот парк Битола се одржа традиционалната свечена церемонија на положување цвеќе кон споменикот „Рускиот крст“ посветен на Александр Ростковскиj, рускиот Императорски конзул, кој загинал овде во 1903 година. Амбасадата на Русија ја претставуваше делегација предводена од Воено и воено-воздухопловно аташе Андреј Гугњаев. Во церемонијата земаа учество претставниците на дипломатскиот кор, раководството на општина Битола, градоначалниците на неколку општини, вработени во компанијата Лукоил, сонародници и членови на друштвата за руско-македонско пријателство. На церемонијата учествуваше почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски.

Охрид, 25 јануари 2022
Онлајн предавање за ослободувањето на Воронеж и Ленинград
На 25 јануари 2022 година на платформата ZOOM беше одржано предавање посветено на ослободувањето на градот Воронеж и пробивањето на Блокадата на Ленинград. Слушателите дознаа за жестоките борби кои се воделе во Воронеж на 25 јануари 1943 година, ги видоа меморијалниот комплекс и спомениците во градот, а исто така дознаа за тоа што им помагало да преживеат на изгладнетите жители на Ленинград.
