top of page
003.JPG

Отворање на Руски центар

Скопје, 11 јануари 2016

Во главниот град на Република Македонија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се отвори првиот центар на фондот „Руски свет“. На церемонијата на свеченото отворање беше присутен амбасадорот на Руската Федерација во РМ. Н.Е. г. Олег Николаевич Шчербак, ректорот на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, поглаварот на Македонската црква, Неговото блаженство г.г. Стефан, министерката за култура во Владата на Р. Македонија, г. Елизабета Канческа Милевска и други. Амбасадорот на Руската Федерација г. О.Н. Шчербак потенцираше дека „реализацијата на проектот е овозможена со помош на Владата на Р. Македонија, посебно Министерството за култура и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Се надеваме дека успешната работа на Рускиот центар ќе стане основа за создавање во иднина на Руски центар на науката и културата во Македонија, - рече амбасадорот. Според неговите зборови, сега сите кои се интересираат за Русија, за нејзината богата историја, култура и наука, ќе имаат нови можности за изучување на рускиот јазик, читање на руски книги, весници и списанија, гледање на директни телевизиски емисии, посета на изложби, образовани и научни средби, творечки дискусии и контакти.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник, четврток и петок од 10.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page