top of page
promocija Tihon-1.jpg

Во Скопје се одржа промоција на книгата „Несвети, а свети“ од Епископот Јегоревски Тихон

Скопје, 4 октомври 2016

Фото: Премин Портал

Во националната и универзитетска библио-тека „Св. Климент Охридски” се одржа промоција на македонското издание на книгата „Несвети, а свети” од Епископот Јегоревски Тихон. Книгата е во издание на Кумановско-осоговската епархија при Маке-донската православна црква, а со благослов на Митрополитот кумановско-осоговски, г. Јосиф.

Книгата ја претстави деканот на Право-славниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски, по што на многубројните присутни гости им се обрати авторот.

На промоцијата присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, поглаварот на Македонската православна црква, Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, архиереите на Македонската православна црква, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак со сопругата, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, директорот на НУБ, г. Иван Заров, претставници на црковните, образовните и општествените институции во државата, руската дијаспора, претставници на странскиот дипломатски корпус, академици, професори, студенти, видни гости и др.

По промоцијата се одржа мал концерт на духовна музика со настап на хорот „Хармосини“ и рускиот квартет под раководство на Галина Георгиева, а присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата посветена на историјата на Московската Патријаршија.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник, четврток и петок од 10.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page