top of page
2016-10-15 13.01.17.jpg

Первый международный кинофестиваль духовных и гуманных ценностей 

«Покров Богородицы»

Скопје, 15 октомври 2016

Под покровителство на Агенцијата за филм на Македонија и со благослов на Македонската православна црква, од 15 до 19 октомври во Скопје ќе се одржи Првиот меѓународен филмски фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров”. За прв почесен претседател на Фестивалот за 2016 година е избран проф. д-р Јован Таковски, протојереј-ставрофор. На свеченото отворање се обратија проф. д-р Ј. Таковски, Н.Е. О.Н. Шчербак и др.

На отворањето на Фестивалот беа присутни голем број личности од јавниот и општествениот живот во Македонија како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак со сопругата и амбасадорот на Чешката република, Н.Е. Мирослав Рамеш, претставници на Македонската православна црква, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски и др.

На Фестивалот ќе бидат прикажани 15 филмови од повеќе држави, меѓу кои и руските филмови “Сецарица” (режија Наталија Кононеко), „Најдено” (режија Виктор Демент), „Икона” (автор Митрополит Иларион Алфеев, режија Марија Вилкасте), „Покров” (автор Митрополит Иларион Алфеев, режија Марија Вилкасте), „Поинкви луѓе” (режија Кирил Косолапов) и „Елисавета Феодоровна. Библиско сиже” (од сеќавањата на Михаил Василевич Нестеров).

Специјален гостин на Фестивалот е Матушка Софија, заменик директор на духовниот и образовен центар на “Вера, Надеж и Љубов” во град Обнинск, реон Калуга, која исто така ги поздрави присутните. Во рамите на Фестивалот, Матушка Софија ќе одржи мастер-клас и ќе одговара на прашања од публиката.

На отворањето настапија хорот на Бого- словијата при Македонската православна црква, групата „Чајка” од Скопје и хорот „Вардар” од Скопје.

bottom of page