top of page
1f334342-bd67-40c1-a03f-09c77da8ac5e_1_2

Во Македонија се одржа прием по повод Денот на народното единство

Скопје, 3 ноември 2016

Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, во Скопје организираше прием по повод Денот на народното единство.

Покрај руските сонародници, соработниците од Амбасадата и почесниот конзул на Русија, В. Стојковски, на приемот учествуваа и претставници на научните, културните, образовните и бизнис круговите во државата.

Пред присутните се обратија претставникот на Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, г. Андреј Тимофеев и Првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев. 

Денот на народното единство е поврзан со настаните од 1612, кога од Москва биле протерани полските агресори. Херои во тие настани биле гувернерот на Нижни Новгород, Козма Минин и рускиот кнез Дмитриј Пожарски, кои командувале со народното востание.

Прв во ослободениот град влегол Дмитриј Пожарски со светата икона на  Казанската Богородица во неговите раце. Имено, таа како што верувале во Русија, помогнала да се заштити Московската Држава од полската инвазија.

Минин и Пожарски ветиле дека ќе изградат црква, која сега се нарекува Соборната црква на Казанската Богородица. Таа се наоѓа на аголот на Црвениот плоштад.
Во чест на Казанската Богородица и славната победа на руската војска над полските агресори, Претседателелот на Руската Федерација, Владимир Путин во 2005 година потпиша декрет за утврдување на нов државен празник во Русија – 4 ноември, Ден на народното единство.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник, четврток и петок од 10.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page