top of page
compressed_file.png

Во Скопје се одржа Х Конференција на руските сограѓани во Република Македонија

Скопје, 26 ноември 2016

В Скопје, во салата на Музејот на Македон-ската борба за државност и независност, се одржа редовната годишна конференција на руските сонародници во Македонија.

Конференцијата ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. О.Н. Шчербак. Со поздравен говор се обратија и првиот секретар во Амбасадата, А.Е. Алексеев и претставникот на Россотрудничество во Македонија, А. Румјанцев.

Пред присутните се обратија претставниците на четири здруженија на сонародниците, кои се членови на Координативниот совет на руските сонародници во Македонија:  Е. Силјаноска (МЦРС „Чајка“), О. Деспотович (РКУД „Славјанка“), Е. Демчик (Асоцијација  „Озарение“) и И. Гуржоска (Младинска организација „Русичи“).

Во својство на почесни гости на Конференцијата присуствуваа и вториот секретар во Амбасадата, г. А. Бабкин и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

bottom of page