top of page
3920386722_6a8bbb4ac3_b.jpg

Во Охрид е одбележана 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски

Охрид, 7 декември 2016

Во Центарот за култура во Охрид на 7 декември се одржа свечена академија по повод одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски - Патрон на градот. Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и ги додели највисоките општински признанија - наградата Св.Климент Охридски - Патрон на Охрид“, која му припадна на основното музичко училиште „Методи Патче“ и повелбата, коjа jа доби охриѓанката, коjа зеде учество на Олимпиjадата во Рио де Жанеиро, Нина Балабан.

Во рамките на свеченоста настапиjа хорот и рецитаторите од ОСУ „Св. Климент Охридски“. Свечената академија заврши со настап на Македонскиот камерен оркестар, проследен со интересни видео анимации.

По повод на оваа свеченост амбасадорот на Руската Федерациjа во Македониjа Н.Е. О.Н. Шчербак му честита на градоначалникот Никола Бакрачески, со желби Светиот заштитник на Охрид и понатаму да помага во развивањето на културата, уметноста, спортот и другите општествени сфери во Охрид и Охридскиот регион.

bottom of page