top of page
Puskin.jpg

Циклус настани „Декември со Институтот Пушкин“

Москва, 18 јануари 2021

Фото: Андрей Аллаяров

Од 19 до 30 декември 2020 година во организација на Државниот институт за руски јазик „А.С. Пушкин“ и со поддршка на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација се одржа циклус образовно-просветни онлајн настани под наслов „Декември со Институтот Пушкин“. Во рамките на циклусот се одржаа низа интересни предавања од областа на рускиот јазик, руската литература, културата, како и  предавања и интерактивни содржини преку кои слушателите се запознаа со некои од најпознатите места во Русија како што беа онлајн-прошетка низ Москва и посета на Великиј Устјуг – официјалната резиденција на Дедо Мраз. Предавањата ги одржуваа истакнати професори и стручни соработници на институтот „Пушкин“ од областите на рускиот јазик, литературата, и културата.
Циклусот настани го следеа и активно учествуваа со него и граѓани на Охрид кои слушаат настава по руски јазик на курсеви како и дел од наставниот кадар на курсевите.
Преку овој циклус предавања слушателите стекнаа нови знаења од областа на рускиот јазик, литературата и културата, се запознаа со повеќе истакнати претставници на руската поезија и проза од разни периоди, а за наставниците тоа беше прилика за стручно усовршување во областа на теоријата и практиката на наставата.
По завршувањето на циклусот предавања „Декември со институтот Пушкин“ слушателите добија сертификати.

bottom of page