Љубов Ивановна раскажува за блокадата на Ленинград
Охрид, 27 јануари 2021
На 27 јануари 1944 година целосно е симната блокадата на Ленинград. Страшната блокада траела 872 дена. За времетраењето на блокадата во градот според официјалните податоци загинале 642 илјади луѓе како од глад, така и како последица на многубројните бомбардирања. Но сепак и покрај тоа, градот издржал и денес претставува пример за многу европски градови, културна престолнина на Русија.
Детството на Проку Љубов Ивановна (род. 1937 год.), најстарата сонародничка – жителка на Охрид, минувало во годините на војната, а целиот нејзин живот до денес нераскинливо е поврзан со Ленинград, денешен Санкт-Петербург, градот на нејзиното детство.
Денес ја посетивме Љубов Ивановна и објавуваме некои од нејзините сеќавања за предвоениот Ленинград и за градот по ослободувањето од блокадата.
Љубов Ивановна успеала да преживее благодарение на новородената сестра заради која мајка им навреме ја евакуирале од градот. Времето на самата блокада Љубов Ивановна со семејството го поминала во евакуација, а потоа семејството се вратило во уништениот од бомбардирање Петерхоф, каде им доделиле место за живеење во еден од дворците кои Германците ги приспособиле за коњушници. Стакла немало никаде, во просториите имало само урнатини и страшен студ. Ете таков останал Ленинград од тоа време во сеќавањата на Љубов Ивановна. Раскажувајќи за Ленинград, таа зборува за силата и храброста на нејзините сонародници, со надеж дека такви ужасни настани никогаш повеќе нема да се повторат.