top of page
20210509_115512.jpg

Празнување на Денот на Победата

Скопје, 9 мај 2021

Во организација на Амбасадата на Русија беше одбележан Денот на победата во Големата Татковинска војна. Во рамките на одбележувањето, беше положено свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Скопје, во кањонот Матка, како и на Спомен плочата посветена на 75 Годишнината од Големата Победа, на улицата „9 мај“ во Скопје.
Покрај амбасадорот на Русија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, кој положи цвеќе и воедно се обрати пред присутните, во името на Владата на Република С. Македонија, се обрати заменикот министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,  а свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Почит оддадоа и почесните конзули на Русија во Охрид и Битола, проф. д-р Велимир Стојковски и Сергеј Самсоненко, претставници на дипломатскиот кор и амбасадите на Кина, Германија, Србија, Босна и Херцеговина, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претставници на Советот на град Скопје, на Славјанскиот универзитет „Г.Р. Державин“ од Свети Николе, на компанијата „Лукоил“, на Рускиот центар во Скопје, движењето „Волонтери на Победата“  и други делегации и бројни граѓани.
По положувањето цвеќе, одбележувањето продолжи со заедничко следење на преносот од парадата во Москва, на големиот екран поставен на централниот плоштад Македонија.

bottom of page