top of page
DSC_0478.JPG

Врачување на конзулскиот патент на Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид

Скопје, 29 февруари 2016

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, свечено му го врачи на Велимир Стојковски конзулскиот патент од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, за неговото назначување за Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

На церемонијата која се одржа во просториите на амбасадата на Русија во Скопје, присуствуваше и советникот-министер г. Константин Алексеевич Берсенев.

Н.Е. О.Н. Шчербак, при тоа го истакна значењето на настанот со оглед на тоа што В. Стојковски е првиот Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Велимир Стојковски, изрази уверување, дека од сега, со заеднички заложби, врските меѓу двете држави и двата народа ќе се зацврстуваат и ќе се развиваат за доброто на Русија и Македонија.

Истиот ден В. Стојковски од страна на амбасадорот ѝ беше претставен на заменикот министер за надворешни работи на Република Македонија, г. Драгана Кипријановска, на која согласно со востановената меѓународна практика, тој ѝ го предаде својот конзулски патент.

bottom of page