top of page
20160611090113.JPG

Во Охрид е отворен Почесен конзулат на Русија

Охрид, 25 мај 2016

Во Конгресниот центар во Охрид со свечен настан беше отворен Почеснот конзулат на Русија. Конзулатот го отворија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. О.Н.Шчербак и заменик министерот за надворешни работи на Македонија Д. Кипријановска.

Во своето обраќање пред многубројните гости присутни на свеченоста, меѓу кои и заменикот на градоначалниот на град Охрид и претседател на Советот на општината, поглаварот на Македонската православна црвка – Охридска архиепископија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, претставници на дипломатскиот кор, научните, културните и бизнис круговите, почетните конзули на другите држави и руските сограѓани, О.Н. Шчербак подвлече, дека „... Охрид не е само туристички центар кој динамично се развива, туку и перспективен регион за развивање на трговско-економска, инвeстициска, научна и хуманитарна соработка. И се разбира, тоа е бесценето духовно богатство на Македонија, грижливо сочувано сеќавање за големите христијански подвижници...“.

Врачувајќи му ја на ректорот проф. д-р Велимир Стојковски екзекватурата – документ кој му дозволува на почесниот конзул полноправно да пристапи кон исполнувањето на своите обврски, О.Н. Шчербак му се заблагодари за неговата согласност „...да ја прими на себе интересната, но неедноставна и одговорна обврска – да биде почесен конзул на Русија во Охрид...“ и изрази увереност, дека тој со нему својствената енергија и творечки приод, ќе направи се за зацврстувањето и развивањето на пријателството и соработката меѓу нашите држави и народи...“.

В. Стојковски, подвлече: „... Денес е посебен и свечен ден не само за мене, туку и за градот Охрид и за Република Македонија, затоа што за прв пат во историјата отвораме Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид. Јас со големо задоволство и гордост го прифаќам назначувањето за почесен конзул на Руската Федерација во Охрид. Среќен сум, што најголемата земја на светот – Русија, ми ја довери таа мисија. Тоа за мене значи голема одговорност, но истовремено претставува и можност да работам на проширувањето на научните, културните, економските, трговските и други врски и нови форми на соработка...“.

Заменик министерот за надворешни работи, од своја страна изрази надеж, дека „... почесниот конзулат во рамките на својата плодотворна работа ќе даде импулс на развитокот на трговско-економската соработка...“.

По официјалното отворање на просториите на конзулатот, тие беа осветени од Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Посебен гостин на церемонијата беше ректорот на Санкт-Петербуршката духовна академија, Архиепископот Петерговскиј Амвросиј, кој престојуваше во Македонија по покана на В. Стојковски и со кој потпиша договор за соработка меѓу двете високообразовни институции.

bottom of page