top of page
20160618_192330.jpg

Денови на духовната култура на Русија во Македонија

Скопје, 18 јуни 2016

Во салата на Македонскиот народен театар, познатиот ансамбл „Рус“ од Владимир, Руската Федерација, по повод завршувањето на Деновите на руската духовна култура во Македонија, одржа концерт.

Во преполната сала, пред љубителите на руската култура, граѓани, амбасадорот на Русија во Македонија, членови на дипломатскиот кор во Република Македонија и други видни личности, ансамблот Рус се претстави со 18 традиционални руски игри и песни.

Присутните со голем аплауз ги наградија изведувачките чија прекрасна изведба долго ќе остане во сеќавањата на присутната публика.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник, четврток и петок од 10.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page