top of page
20170119_102003.jpg

Богојавление во Охрид

Охрид, 10 јануари 2017

Во Охрид се празнуваше празникот Богојавление – Водици.

Светиот празник во Македонија се одбележа со традиционалното капење во водите на реките и езерата осветени од свештенослужителите, како и со народни манифестации. Според   востановениот обичај, по служењето на литургијата во реките и езерата беше фрлен дрвен крст, по кој во водата влегоа голем број верници.

Фаќањето на крстот од водата е голема чест. Тој, на кого тоа ќе му успее да го направи, по преданието, ќе има добро здравје, успех и спокојство во душата целата година.

Водата во Охридското езеро беше осветена од свештенослужителите на Македонската православна црква. Во празнувањето зедоа учество неколку илјади граѓани, меѓу кои и градоначалникот на град Охрид, г. Никола Бакрачески, претставниците на Советот на град Охрид, претставници на дипломатскиот кор, првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page