top of page
File0091.JPG

Во Охрид беше поставен Гинисов рекорд за најголема шопска салата

Охрид, 21 април 2017

Во Охрид на 21 април беше поставен Гинисов рекорд за најголема шопска салата. Идејата за поставување на рекордот потекна од Ина Жарова, директор на „Македонската куќа“ во Москва и Олег Назаров, познат ресторански критичар, кој веќе поставил 16 гастрономски Гинисови рекорди. Овој рекорд беше 17-от. Третиот организатор на настанот за поставување на рекордот е Наум Бакрески, сопственикот на хотелот „Гарден“ во Охрид, каде и се одржа настанот.

На настанот присуствуваа претставникот на меѓународната агенција „Интеррекорд“  и набљудувачи од 5 држави: Ерменија, Киргистан, Белорусија, Украина и Русија, претставници на локалната самоуправа и Претставник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Приготвувањето на салатата траеше 8 часа пред свечениот почеток на настанот, а последната тура пред комисијата ја подготвија претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, набљудувачите од наведените држави и познати јавни личности од градот.

Вкупната тежина на салатата изнесуваше 202,86 кг. Салатата имаа можност да ја пробаат сите присутни, а дел беше предаден на Црвениот крст, со што беше нагласен хуманитарниот карактер на настанот.

Секако, главната цел на настанот беше не само Охрид да се најде во Гинисовата книга на рекорди туку и желбата градот да се популаризира меѓу жителите на Руската Федерација и другите земји, и да се покаже колку е привлечен не само со своите споменици од древната архитектура, традициите, туку и со величествената кујна.

bottom of page