top of page
20170507_195159.jpg

Во Битола одржан концерт по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот

Битола, 7 маj 2017

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола на плоштадот Магнолија, организира концерт посветен на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот.

Бројната публика имаше можност да ужива во вокалните изведби на познати македонски уметници и здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“.  Истовремено, на плоштадот беше поставено и пано, како дел од манифестацијата „Бесмртниот полк“.

Настанот го отвори и ги поздави присутните Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, кој во своето обраќање истакна:

-"Ние со вас сме деца и внуци, наследници на Великата Победа, и наша должност е засекогаш да го сочуваме споменoт за големиот подвиг на хероите, да не дозволиме да се заборават чудовишните злосторства на фашизмот, храброста и издржливоста на нашите предци, нивната сила на духот и патиотизмот“. „Наша задача и одговорност е да не дозволиме повторно да се роди фашизмот, да ги паметиме горчливите лекции од Втората светска војна, да не дозволиме повторно разгледување на нејзините резултати и подмолни обиди да се изедначат џелатите и жртвите, окупаторите и партизаните“.

bottom of page