top of page
DSC_9155.JPG

Во Охрид е отворена изложбата “Победата над фашизмот”

Охрид, 8 маj 2017

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Репбулика Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и општина Охрид, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид беше отворена изложбата “Победата над фашизмот”.

На изложбата беа претставени 30 фотографии на кои е прикажано ослободувањето од фашизмот во неколку европски градови, во кое учествуваше Советската армија.

Пред присутните се обратија почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, првиот секретар во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, г. Александар Евгењевич Алексеев и градоначалникот на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески.

 - Денес 9 мај се празнува во повеќе од 50 земји во светот кои во Втората светска војна беа на страната на антифашистичката коалиција. 9 мај, не е само ден на побадата над фашизмот, тоа е ден на победата на доброто над злото, ден на слободата. Македонија има право со гордост да го одбележува овој празник со оглед на тоа дека од 1.700.000 жртви од поранешна Југославија во Втората светска војна, околу 30.000 биле од Македонија. Со капитулацијата на Германија се заврши едно од најкрвавите поглавја од човековата историја, во кое животот го загуби речиси 2,5% од светското население или 60 милиони жртви. Овој ден треба да го одбележуваме за да не заборавиме на генерациите кои го дадоа својот живот за она што ние денес го имаме. Да знаеме тоа да го цениме и чуваме, истакна Стојковски.

bottom of page