top of page
DSC_0807.JPG

Ансамблот за народни игри „Сувенир“ настапи во Охрид

Охрид, 13 јуни 2017

На 11 и 12 јуни во рамките на фолклорниот фестивал кој се одржуваше во Охрид настапи ансаблот за народни игри «Сувенир» од Русија (ДК «Химик», град Воскресенск). Овој ансамбл е основан во 1981 година. За време на неговата активна креативна дејност колективот на ансамблот одржал многу концерти на кои настапувал со различни програми и спектакли, со кои се претставувал пред многубројната публика во Русија и во странство. Неговиот богат репертоар се состои од скоро 100 танцови точки и и кореографски композиции.

На фестивалот настапија најмладите членови на ансамблот. На 12 јуни во чест на Денот на Русија на сопствена иницијатива овој креативен колектив и подари на охридската публика уште еден подарок во вид на самостоен концерт со игри и песни.

И децата, и возрасните со задоволство ги поделија своите впечатоци за убавините на Охрид, во кој навистина има што да се види, и тие се надеваат на повторна средба со Охрид и со руските сонародници следната година. 

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page