top of page
sobir-1-1.jpg

Отворен Меѓународен славистички собир

Скопје, 15 јуни 2017

Денес во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, свечено беше отворен Меѓународниот славистички собир.

Собирот го организираат Катедрата за славистика, Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици и Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со поддршка на Россотрудичество, Амбасадата на Република Чешка и Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

Настанот го отвори деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска, а пред присутните се обратија проректорот за наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Влaдимир Петрушевски, Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Рамеш, конзулот на Република Полска во Република Македонија, Катежина Вишинска и раководителот на Катедрата по славистика на Филолошкиот факултет проф д-р Биљана Мирчевска-Бошева. На отворањето беа присутни и директорот на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, членови на Македонската академија на науките и уметностите, бројни слависти и професори од земјата и странство. Академик Ала Шешкен го прочита поздравното писмо од деканката на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет “М.В. Ломоносов” од Москва, проф. д-р Ремнјова Марина Леонтјевна. 

Во рамките на Собирот ќе биде одржана и VII Македонско-руска научна конференција по повод јубилејната година - 70 години од изучувањето на рускиот јазик на Универзитетот.

bottom of page