top of page
hor.jpg

Концерт на хорот „Оптина пустина“ во Охрид

Охрид, 8 август 2017

Во рамките на меѓународниот фестивал «Охридско лето» во црквата Св. Софија се одржа концерт на машкиот хор «Оптина пустина». Хорот е формиран во 1996 година во храмот Успение на Пресвета Богородица на Васиљевскиот Остров во Санкт-Петербург, каде се наоѓа Санкт-Петербуршкото подворје (одделение) на Оптина Пустина. Овој хор е интересен поради тоа што неговите членови активно учествуваат во сите богослужби и притоа одржуваат многу концерти и патуваат. Секој од нив е солист, секој има своја сериозна програма, одржуваат и солистички настапи. Целосниот состав на хорот се состои од дванаесет пејачи — дипломци на  Санкт-Петербуршкиот Конзерваториум, додека составот во кој хорот настапува надвор од земјата брои седум најдобри солисти.

Уметничкиот раководител на хорскиот состав, Александар Семјонов дипломирал на диригентско-хорскиот факултет на Санкт-Петербуршкиот Конзерваториум во класата на народниот уметник на Русија В. В. Борисов, а исто така на факултетот за симфониско диригирање во класата на народниот уметник на Русија Е. А. Серов. Во составот на хорот многу години настапуваат истакнатите солисти од  Санкт-Петербург: Владимир Милер (бас-профундо), Александар Горбатенко (контратенор), Игор Возниј (тенор), а исто така настапуваат и младите изведувачи — лауреати на меѓународни натпревари Дмитриј Писарев (баритон), Евгениј Михеев (тенор) и Борис Петров (баритон). 

Владимир Милер истакна дека хорот за прв пат доаѓа во Македонија, но тој самиот претходно бил два пати во составот на светски познатиот и омилен на територијата на поранешна Југославија хор на државната академска капела „М.И.Глинка“. Тој како и другите членови на хорот стекнале позитивни впечатоци за Македонија и македонците. Добар познаник на Владимир Милер е монахот од Валаамскиот манастир, игуменот Методиј (Петров). Тој вели дека ако се суди според него македонците навистина се отворени и добри луѓе. Освен тоа блискоста на нашите народи се објаснува и со тоа што нас во голема мера не обединува културата и секако религијата, што го направи настапот на хорот „Оптина пустина“ во Охрид особено баран и интересен за публиката.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page