top of page
Struski veceri_1.jpg

Струшки вечери на поезијата

Струга, 23 август 2017

Во Струга се одржа свеченото отворање на „Струшките вечери на поезијата“. 56-от фестивал свечено започна под отворено небо со традиционалното читање на песната „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, со парада со факели и со голем огномет. Годинава на првата вечер настапија 30 поети од следните држави: Албанија, Австрија, Алжир, Белорусија, Белгија, Бугарија, Канада, Кина, Колумбија, Еквадор, Грција, Хондурас, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција и Велика Британија.

Русија на фестивалот оваа година ја претставуваше поетот, литературен и ликовен критичар Дмитриј Голинко, доктор на филолошки науки (на Државниот педагошки универзитет во Санкт-Петербург). Дмитриј е автор на следните збирки поезија: „Хомо Скрибенс“ (1994), „Директорија“ (2001), „Бетонски гулаби“ (2003) и многу други.

На фестивалот Дмитриј настапи со песната во два дела „Поместена по фаза“. Дмитриј чита поезија на свој посебен, изразит и остар начин, кој не може гледачот да го остави рамнодушен. Во Македонија тој е за прв пат, но за „Струшките вечери на поезијата“ тој знае одамна, многу комуницирајќи со македонските поети. Дмитриј смета дека е можна и потребна соработка меѓу македонските и руските писатели, која може да биде многу плодна во областа на преводот.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page