top of page
DSC_0771.JPG

Охридски хорски фестивал 2017

Охрид, 28 август 2017

Од 25 до 28 август 2017 год. во Охрид се одржа хорски фестивал на кој учествуваа претставници од Русија, Романија, Полска, Чешка, Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Кипар, Србија и Белорусија. Годинава на фестивалот учествуваа два хора од Русија:  Хорската капела „В.Б. Серебровски“ од градот Екатеринбург и хорот „Возрождение“ од Зеленоград, еден од 12-те административни окрузи на Москва.

Хорска капела „В.Б.Серебровски“ - Хорот е основан во 2001 година. Првичниот назив на хорот бил: „Голем хор на УрГУ „А.М. Горки“. Во 2011 година колективот го добил називот „Хорска капела „Вадим Борисович Серебровски“ според името на првиот раководител на хорот. Во хорскиот колектив пеат студенти, постдипломци, дипломирани уметници и други жители на Екатеринбург. Хорот има многу богат репертоар, се изведуваат дела почнувајќи од 14 век до денес; народни и духовни композиции, а исто така и естрадни песни во обработка за академски хор.

​Хор „Возрождение“ од Зеленоград (Москва) - Хорот „Возрождение“ оваа година одбележува 23 години.  Импулс за неговото создавање било обновувањето на Храмот „Христос Спасител“. Дејноста на колективот започнала со учество на првиот меѓународен фестивал „Главен храм на мојот град“, кој бил посветен на отворањето на Храмот „Христос Спасител“. Сега раководител на хорот е Кузнецова Марина Владимировна, музичар-педагог со 35-годишен стаж.

„Возрождение“ е аматерски хор. Возраста на членовите на колективот се движи од  10 до 55 години. Како што велат самите учесници во составот на хорот има многу професионални програмери поради тоа што Зеленоград е еден од основните научно -производствени центри за електроника и микроелектроника. Членовите на хорот за себе велат дека тие се ако едно големо семејство, нив ги обединуваат не само настапите туку и блиското пријателство на членовите на колективот.

​Според резултатите од натпреварувањето, објавени на 28  август, хорската капела „В.Б.Серебровски“ госвои второ место, а хорот „Возрождение“ освои трето место.

bottom of page