top of page
DSC_0420.JPG

70-годишнина од почетокот на изучувањето на рускиот јазик во Македонија

Скопје, 27 септември 2017

На 27 септември во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено беше отворена Меѓународната научна конференција со наслов „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија – минато, сегашност и иднина“ посветена на 70-годишнината од почетокот на изучувањето на рускиот јазик во Македонија.

На свеченото отворање со поздравен говор се обратија директорот на Рускиот центар проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ проф. д-р Анета Дучевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, в.д. амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Константин Берсенев, и заменик министерот за култура на Република Македонија Владимир Лазовски.

Директорот на Фондот „Руски мир“ В.Кочин поради спреченоста да присуствува на настанот се обрати до учесниците на конференцијата со поздравно писмо.

Академик проф. д-р Милан Ѓурчинов настапи со предавање за творештвото на А.П. Чехов.

Проф. д-р. Мишел Павловски им раскажа на учесниците за дејноста на Всеволод Мејерхољд, а потоа д-р Емил Ниами претстави преглед на најновите руски речници.

Свеченото отворање на конференцијата заврши со презентација на монографијата на проф. д-р. Нина Чундева „Русизмите во македонскиот јазик“, која е резултат на долгогодишна научна работа, а исто така на работата на Рускиот центар кој го подготви издавањето на монографијата.

Во текот на три дена посветени на конференцијата ќе се работи во три секции: лингвистичка секција, секција за литература и култура и секција по методика, а на конференцијата ќе земат учество учесници од Македонија, Русија и други земји со реферати посветени на заемните врски на Македонија и Русија.

bottom of page