top of page
20171012_120310.jpg

Промовирана книгата „3борови што го менуваат светот” од Владимир Владимирович Путин

Скопје, 12 октомври 2017

Во хотелот “Русија” книгоиздателството “Ѓурѓа” од Скопје, со поддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Россотрудничество, ја промовираше книгата “3борови што го менуваат светот” од претседателот на Руската Федерација, Н.Е. Владимир Владимирович Путин. Книгата е компилација на 19 статии и говори од меѓународни конференции и јавни настапи на рускиот претседател, почнувајќи и завршувајќи со неговите обраќања на Генералното собрание на Обединетите нации во 2003 и 2015 година. Книгата досега е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на англиски и кинески, а од денес со неа, на македонски јазик ќе може да се запознаат и граѓаните на Република Македонија.

На промоцијата пред бројните присутни се обратија авторот на предговорот на книгата Емилија Гелева и амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак.

Во своето обраќање амбасадорот Шчербак, меѓу другото кажа: „Во светот на кој Западот му ги наметнува своите лажни вредности, практиката на двојни стандарди, незаконските санкции, грубата употреба на сила и презирот кон меѓународното право, многу политичари и експерти кои мислат објективно, јавно признаваат дека да се слушнаа во Вашингтон и Брисел прогнозите и предупредувањата на Владимир Путин од Безбедносната конференција во Минхен во февруари 2007 година, светот ќе беше поинаков - помирен, постабилен и попросперитетен“.

Исто така, тој додаде дека претседателот В.В.Путин има вештина која е ретка кај денешните политичари – трезвено да ја процени сегашноста и да ја согледа иднината, да има храброст да говори чесно и отворено и, како што рече, да излезе од рамките на деструктивниот мејнстрим и да предложи позитивна агенда и избалансирани решенија.

bottom of page