top of page
1.jpg

Прием по повод Денот на народното единство

Скопје, 3 ноември 2017

По повод Денот на народното единство, Координативниот совет на руските сонародници во Република Македонија, во Скопје организираше прием. Покрај руските сонародници, на приемот присуствуваа и заменикот на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Константин Берсенев,  конзулот Алексеј Бабкин, претставникот на Россотрудничество Артјом Румјанцев, почесниот конзул на Руската Федерација Велимир Стојковски, соработници од Амбасадата, претставници на руските фирми во Република Македонија, како и на образовните, научните, културните и бизнис круговите во државата.

Пред присутните се обратија амбасадорот на Русија во Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак и претставникот на Координативниот совет на руските сонародници Елена Силјановска. Настанот беше збогатен со руска музика во исполнение на Викторија Круша и Галина Георгиева, како и со краток филм за настапот на екипата од Македонија на Светскиот  фестивал на младите и студентите во Сочи.

Во своето обраќање, амбасадорот меѓу другото кажа: „...Ние можеме да припаѓаме на разни генерации, професии, политички табори, но тоа не е повод да забораваме дека имаме една Татковина која треба да ја чуваме и да ја браниме, зашто освен нас нема кој друг да го прави тоа. Денес, кога нашата земја е изложена на масовен политички, економски и информационен притисок од надвор, улогата на сонародниците кои живеат во странство како спроведувач на неформална културна дипломатија и нејзините напори за формирање на позитивен имиџ на Русија се важни како никогаш досега. Поради тоа, ве повикувам драги сонародници, да не бидете инертни и рамнодушни, поактивно да учествувате во општествениот живот на руската дијаспора во Македонија следејќи го примерот на организациите «Чајка», «Славјанка», «Озарение», «Русичи» и «МОСТ», на кои би сакал да им се заблагодарам за нивната соработка со Амбасадата, а исто така и за успешната реализација на сопствените хуманитарни и културни проекти кои придонесуваат за популаризацијата на рускиот јазик, руското образование и култура, за зацврстувањето на руско-македонските врски...“ 

bottom of page