top of page
01.jpg

В Охрид започнаа курсеви по руски јазик

Охрид, 7 ноември 2017

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, Россотрудничество и градот Охрид, започна со одржување на бесплатен курс по руски јазик. Курсот ќе го посетуваат 60 кандидати.

Првиот заедички час го одржа д-р Елена Обухова, доктор по филолошки науки, во просториите на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, а присутните ги поздравија директорот на Рускиот центар при УКИМ и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на градот Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски и директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Беше прочитано и поздравното писмо од амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак.

Свечениот почеток на курсот по руски јазик беше во склоп на активностите по повод одбележувањето на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

Во поздравните обраќања, заедничка беше констатацијата за значењето на рускиот јазик во светот, како и тоа дека започнувањето на курсот по руски јазик придонесува кон продлабочувањето на соработката меѓу Охрид, Република Македонија и Руската Федерација.

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

Архива:  2023, 2022, 2021, 20202019201820172016

  • Facebook Social Icon
  • Twitter Social Icon
bottom of page