top of page
kniga_1.jpg

Промовирана е книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик”

од Н. Чундева

Скопје, 22 декември 2017

Во просториите на Народната и универзитетска библиотека ”Св. Климент Охридски” во Скопје, беше промовирана книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик” од проф. д-р Нина Чундева, во издание на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Книгата ја промовираа проф. д-р Красимира Илиевска и д-р Емил Ниами. Во книгата на 290 станици, во две глави, обработени се русизмите во македонскиот јазик почнувајќи од тие кои се присутни уште од делата на македонските преродбеници, учебникари и просветители од 19 век. Со начинот на обработка на материјалот и неговата презентација, оваа книга е исклучително интересно четиво не само за лингвистите, туку и за преведувачите, публицистите и сите оние кои се занимаваат со македонскиот и со рускиот јазик.

На промоцијата, покрај присутните од стручната и пошироката јавност беа присутни и заменикот шеф на дипломатската мисија на  Руската Федрација во Република Македонија, г. Константин Берсенев, првиот секретар во Амбасадата, г. Александр Алексеев и директорот на Рускиот центар и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски.

Во склоп на настанот, во знак на признание на проф. д-р Нина Чундева за нејзиниот долгогодишен придонес во развојот на рускиот јазик, литературата, и русистиката во Македонија, во името на претседателот на Руската Федерација г. В.В. Путин, и беше доделен државниот медал „Пушкин”.

Медалот и го врачи г. Константин Берсенев, заменик шеф на мисијата на Руската Федерација во Република Македонија. Во обраќањето пред присутните, Берсенев меѓу другото кажа: „…Самопожртвуваниот труд на професор Н. Чундева на научната и наставната нива придонесе не само за зацврстувањето на рускиот јазик во Македонија, туку и за популаризацијата на културата на нашата земја во целина, стана влог во развојот на општествените врски меѓу нашите земји…”.

bottom of page