top of page
1.jpg

Богојавление во Охрид

Охрид, 19 јануари 2018

Во Охрид се одржа прослава на големиот христијански  празник Богојавление – Водици.

Светиот празник во Охрид, како и во цела Македонија се одбележа со традиционалното капење и со фаќањето на Светиот Крст во водите на реките и езерата кои претходно беа осветени од свештенослужителите од Дебарско - кичевската епархија, како и со народни манифестации. Според  обичајот, по служењето на литургијата во реките и езерата беше фрлен дрвен крст, по кој во водата влегоа голем број верници.  

Оној кој ќе успее да го фати крстот во водата направи, по преданието, ќе има добро здравје, среќа и успех преку целата година. Во Охрид годинава тоа му успеа на Иван Лотески од Варош кој прв доплива до крстот. Во празнувањето зедоа учество неколку илјади граѓани, претставници на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други институции.

bottom of page