top of page
k-1.jpg

Во Македонија се одбележа Меѓународниот ден на космонавтиката

Скопје - Охрид, 12 април 2018

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, по повод Меѓународниот ден на космонавтиката, пред споменикот на Јуриј Гагарин кој се наоѓа на истоимената улица во Скопје, ја  одржа традиционална церемонија на положување цвеќе. Меѓу многубројните гости на настанот беа присутни делегација од Советот на град Скопје предводена од Претседателот Љубица Јанчева, дипломати од МНР на Македонија, амбасадори и дипломати на странски држави, почесни конзули,и претставници на деловни, образовни и научни кругови, новинари, руски сонародници.

Во својот поздравен говор Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, се осврна на значењето на првото полетување на човекот во Вселената и современите трендови во неговото освојување. Притоа, тој истакна дека „...во моментот најважно е да не се дозволи милитаризација на вселената, да се обединат напорите и ресурсите на сите заинтересирани земји за оствавурање на големи вселенски проекти. Добар пример за ефикасна заедничка меѓународна соработка претставува дејноста на Меѓународната вселенска станица...“.

По церемонијата Амбасадата организираше масовно пуштање балони со ликот на Јуриј Гагарин.

Во склоп на одбележувањето на овој значаен датум, се вклучи и Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Посетителите на курсевите во Скопје, организираа Космичка вечер во кафулето „Њу Ејџ“, додека посетителите на курсевите во Охрид, вечерта ја посветија на читање текстови и дисусија посветена на Јуриј Гагарин. Посетителите на курсот ги слушнаа стиховите на А. Твардовски, посветени на Јуриј Гагарин, прочитаа текст за летот на првиот космонаут и поделени во две групи учествуваа во едукативен квиз.

„Облетувајќи ја Земјата во бродот – сателит јас видов колку е прекрасна нашата планета. Луѓе, да ја чуваме и да ја умножуваме оваа убавина, а не да ја уништуваме!“ — така пишувал Јуриј Гагарин по враќањето на Земјата. Оваа негова изјава е актуелна како никогаш досега токму сега во времето на големи потреси и промени. Не треба да се заборави дека Земјата е една за сите и ние треба да ја чуваме со сите сили.

bottom of page