top of page
marka ohrid-1.jpg

Во Охрид беше промовирано руското издание на
руско-македонската марка

Фото:  www.ohrid.gov.mk
 

Охрид, 21 февруари 2016

Во куќата Уранија во Охрид се одржа презентација на руската марка од заедничкото издание на руско-македонската марка, организирана од Амбасадата на Русија во Република Македонија, Почесниот конзул на Русија во Охрид и општина Охрид, по повод 23-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Настанот го отвори Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, кој ги пренесе поздравите од Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак и го прочита поздравното писмо од генералниот директор на АД „Марка“, Артем Ваљеревич Адибеков.

Потоа градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески им се обрати на бројните гости, меѓу кои беа и пратеници во Собранието на Република Македонија, директори на јавните установи од Охрид, претставници на руско-македонското друштво, претставници на почесните конзулати од странските земји во Охрид, советници во градскиот совет и претставници на бизнис заедницата.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page