top of page
20180606_203504.jpg

„Пушкинови денови“ во општина Кисела Вода (Скопје)

Скопје, 6 јуни 2018

Во организација на oпштина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, денес во „Паркот Пушкин" во oпштина Кисела Вода во Скопје, со пригодна свеченост беше одбележана 219 годишнината од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.

Манифестацијата „Пушкинови денови” прерасна во традиционална и оваа година таа се одржа по десетти пат.

Манифестацијата започна со положување на цвеќе пред бистата на А.С. Пушкин, која се наоѓа на истоимената улица, од страна на делегацијата на општина Кисела Вода предводена од секретарот на општината г. Александар Алексовски, аташето за култура во Амбасадата на Русија, г. Михаил Лушин и почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните од името на ошштината се обрати А. Алексовски, а од името на Амбасдата М. Лушин.

Во свечениот дел настапија Рускиот вокален ансамбал Чајка, КУД Славјанка, студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Асоцијацијата по изучување на рускиот јазик Озарение и ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, победници на натпреварот за руска песна во Софија.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page