top of page
DSC_0397.JPG

Втор културен форум „Предание и континуитет” 

Струга, 5 август 2018

Од 3 до 5 август 2018 година во организација на Лигургиската заедница при манастирот Рождество на Пресвета Богородица - Калишта, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга се одржа вториот културен форум „Предание и континуитет” на тема Трансхуманизам.

Форумот работеше во три дебати: Во првата дебата „Надчовекот и трансчовекот: Сличности и разлики” говорници беа проф. д-р Сенка Анастасова, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Ристо Солунчев, а модератаор на дебатата проф. д-р Иван Додовски.

Втората дебата носеше наслов „Технократските утопии на научната фантастика: За и против” и во неа говорници беа проф. д-р Иван Додоски, д-р Атанас Чуповски, м-р Пантелеј Кондратјук и Крум Велков, а модератор м-р Калистрат Санџакоски. Во третата дебата со наслов „Невробиолошка киборгизација на човекот и креативната емоционалност на вештачката интелигенција - мит или стварност?” говорници беа проф. д-р Стево Божиновски, проф. д-р Андреа Кулаков и м-р Валентин Велчев, а дебата ја модерираше м-р Љубинка Санџакоска.

Форумот кој беше исклучително интересен и значаен како за соодветната научна проблематика, така и за пошироката научна и стручна јавност, беше збогатен и со културна програма. Пред присутните беше изведен концерт на неповторливиот маестро Јуриј Шишкин од Руската Федерација, музички вовед од Александар Коловски од Македонија и Ана Кришталева од Руската Федерација, музички вовед од Никола Ристевски, како и изложба на скулптури од академскиот скулптор Владимир Симоновски и изложба на уметнички фотографии на академскиот фотограф Таиса Санџакоска.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page