top of page
1.JPG

IV Меѓународен младински форум на руските сонародници

Софија, 10 октомври 2018

Од 5 до 9 октомври во Софија, Бугарија се одржа  IV Меѓународен младински форум на руските сонародници под наслов  „Русија и Светот“.

Форумот го организираат Координациониот совет на руските сонародници во Бугарија, Федерацијата „Сојуз на сонародницитев“ и Националното здружение  „Заедно со Русија“ со поддршка на Владината комисија за односи со сонародниците во странство, Департманот за соработка со сонародниците на МНР на Русија, Одделот за надворешноекономски и меѓународни врски на град Москва, Амбасадата на Руската Федерација во Република Бугарија, претставништвото на Россотрудничество во Бугарија, Фондот за поддршка и заштита на правата на сонародниците кои живеат во странство, Фондот „Руски мир“ и младинската организација „Русмолодеж“.

На форумот учествуваа 106 учесници – претставници од 61 држава во светот, меѓу кои и од Македонија. Македонија на форумот ја претставуваше соработникот на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Форумот има огромно значење за координацијата и активното улство на сонародниците кои живеат во странство  бидејќи во современиот свет на нови информатички технологии соработката онлајн зема огромни размери и практично дава можност за директна размена на искуства. Освен тоа една од најважните компоненти на форумот претставува и воспитувањето во такви вредности како што се патриотизмот, зачувување на споменот за минатото, што особено е актуелно денес кога во светот повторно се појавуваат фашистички движења и идеи низ целиот свет. Руските сонародници треба да знаат со каков огромен потенцијал располага Руската Федерација, како што тоа го прикажаа жителите на полуостровот Јамал во својата презентација под наслов „Јамал – втор бран на освојување“, како и  колку е тешко да се освојуваат овие далечни северни земји и да се врши експлоатациоја на нафта и гас. И во никој случај не смее да се заборави за тоа колкави жртви дадоа Советскиот сојуз и Русија особено во годините на Големата татковинска војна.

Во рамките на форумот делегатите од сите земји кои учествуваа во неговата работа положија цвеќе на споменикот на Царот-ослободител Александар II  и на споменикот на Советската армија, подигнат во знак на благодарност за големиот подвиг на ослободителите.

Како резултат на работата на форумот беше донесена резолуција со редица предлози кои беа дадени и обопштени од страна на учесниците. Овие предлози ќе бидат разгледани од страна на организациите кои работат со сонародниците и ќе бидат реализирани во вид на краткорочни и долгорочни проекти.

bottom of page