Детски креативен фестивал „Зборуваме руски“
Скопје, 27 октомври 2018
На 27 октомври 2018 год. Во основното училиште „Д. Миладинов“ во Скопје се одржа Детскиот креативен фестивал „Зборуваме руски“, чиј организатор е организацијата на сонародниците „Озарение“. Настанот се одржа со пoддршка на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, претставништвото на Россотрудничество и Државното единствено претпријатие „Московски центар за меѓународна соработка“.
На фестивалот учествуваа детски креативни групи и изведувачи од повеќе градови од Македонија натпреварувајќи се во три номинации: рецитирање поезија или проза на руски јазик, музички и танцови точки, како и пишување состав на тема „Моите мисли за Русија“.
Фестивалот воодушеви со многустраниот талент на младите љубители на рускиот јазик меѓу кои беа, како родени говорители на рускиот јазик, така и ученици македонци кои го изучуваат рускиот јазик. Возрасната категорија на учесниците беше одредена од 10 до 17 години. И поради тоа беше посебно пријатно да се видат и петгодишни дечиња кои настапуваа на настанот вон конкуренција трудејќи се да ги покажат своите умеења и љубовта кон рускиот јазик. Охрид на фестивалот го претставуваше Викторија Дулеска, ученичка во средното економски училиште „Св. Кирил и Методиј“.Децата ги поздравија амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, претставникот на Россотрудничество Артјом Румјанцев и градоначалникот на општина Центар во Скопје, Саша Богдановиќ. Фестивалот помина во вистинска пријателска атмосфера која на учесниците им овозможи уште повеќе да ја почувствуваат убавината и богатството на рускиот јазик.