top of page
DSC_0712.JPG

Хуманитарен концерт на
А. Синчук и А. Нуменко
во Охрид

Охрид, 11 ноември 2018

На 11 ноември во 19:00 ч. во Охрид во црквата „Св. Софија“ се одржа хуманитарен концерт на класична музика. Концертот го одржаа познатите музичари од Русија пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко.

На концерот присустуваше и градоначалникот Јован Стојаноски. Организатор на настанот беше фестивалот „Охридско лето“.

Флејтистот Артем Науменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Артем Науменко го завршил Централното музичко училиште во Москва, а потоа дипломира со почести во 2015 година на Државниот конзерваториум „Чајковски" во Москва. Во 2017 година Артем магистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз.

Тој е лауреат на Интернационалниот телевизиски натпревар во 2006 година и победник на Меѓународниот натпревар во Падова, Италија во 2007 година. Тој победил и на натпреварот Млади таленти на Русија во 2008 година, а исто така и на многу други натпретвари. Тој редовно настапува во париските ансамбли, а исто така повеќе пати е поканет да настапува како прва флејта во камерниот оркестар "Московски виртуози" и со многу други ансамбли ширум светот.

Пиjанистот Александар Синчук е роден во градот Находка, Приморски Крај во Русија. Како студент на московскиот конзерваториум Александар Синчук станал лауреат на многу престижни натпревари по пијано. Меѓу другите има и Прва награда на IV-от Меѓународен натпревар на Рахманинов (2008 - Москва, Русија) и златен медал на IX Меѓународен натпревар за млади пијанисти во сеќавање на Владимир Хоровиц (2012 - Киев, Украина). Во 2014 година, Александар Синчук ја заврши престижната Дипломска програма со почести на музичката школа ЕЈЅС Торнтон во Лос Анџелес, САД.

Денес, настапите на Александар Синчук се одржуваат во најдобрите концертни сали низ Русија, а исто така и во странство: во Србија, Бугарија, Украина, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Луксембург, Швајцарија, Израел, САД, Мароко, Порторико, Турција, Кина, Јужна Кореја...

Гледачите имаа големо задоволство да уживаат во прекрасната изведба на делата на Бах, Алабјев, Рахманинов, Прокофјев и други композитори. Александар Синчук доаѓа во Охрид по втор пат, а Артем Науменко првпат.

bottom of page