top of page
mat-1.jpg

Kреативна работилница за деца посветена на празникот 8 март

Охрид, 3 март 2019

Во НУ „Библиотека Григор Прличев“ во Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа се одржа креативна работилница за деца посветена на празникот 8 март. Гости на библиотеката беа учениците од 3 и 4 одделение од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани заедно со подрачните училишта. Децата за своите мајки, баби, учителки и други блиски направија честитки од хартија во боја. Во рамките на работилницата децата изработија и честитки со матрјошка и дознаа за историјатот на оваа кукла.
Историјатот на матрјошката своите почетоци ги има во 90-те години на XIX век. како автор на оваа играчка се смета уметникот С. В. Маљутин, кој како основа за овој сувенир ја зел јапонската играчка Дарума, која го претставувала мудрецот Фукурама, а која од островот Хоншу ја донела жената на мецената С. И. Мамонтов.

Матрјошката на Маљутин претставувала девојка – селанка со везена кошула, фустан без ракави и скутник, со шамија со цветови која во рацете држи црн петел. Називот „матрјошка“ не е случаен. Пред револуцијата имињата Матрјона, Матрјоша се сметале за едни од најраспространетите женски имиња во чија основа лежи зборот „мајка“ Овие имиња асоцирале на мајка на големо семејство, која има добро здравје и корпулентна фигура.

bottom of page