top of page
DSC_4209.JPG

Посета на Н.Е. С.А. Баздникин на Природно-матетматичкиот факултет и Факултетот за ветеринарна медицина

Скопје, 6 март 2019

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин во придружба на аташето за култура, образование, наука и спорт при Амбасадата, Михаил Крапива и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, денес оствари работна посета на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На Природно-математичкиот факултет Н.Е. С.А. Баздникин имаше средба со деканот на Факултетот проф. д-р Ицко Ѓоргоски, Деканатската управа на факултетот и раководителите на Институтите. На средбата исто така присуствуваа и вработени на факултетот кои реализираат соработка со универзитети и институции во Руската Федерација. 

Присутните го информираа Амбасадорот за досегашната соработка и дадоа идеи за нејзино продлабочување, како и развивање на нови облици на соработка, особено во размената на студенти и професори. Истовремено, раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова му се заблагодари на амбасадорот за помошта на Амбасадата за учеството на претставници од Македонија на натпреварот по хемија „Менделеев“ кој ќе се одржи во Русија во месец април 2019 год. Амбасадорот изрази подготвеност да го поддржи секој вид на соработка која ќе биде во полза на академската заедница и развивањето на руско-македонските врски.

На средбата со деканот на Факултетот за ветеринарана медицина, проф. д-р Лазо Пендовски и Деканатската управа на Факултетот, Амбасадорот беше информиран за соработката на Факултетот со двата најголеми Ветеринарни универзитети во Руската Федерација - Универзитетот во Москва и Универзитетот во Санкт Петербург, која се реализира преку заедничкото учество во работата на EAEVE и VetIstanbul групата, како и размената на студенти меѓу институциите која ќе започне во септември 2019 год. Исто така беше разговарно и за идеите за соработка меѓу Факултетот за ветеринарна медицина и Россељхознадзор во областа на контролата на квалитетот и безбедноста на храната, што е од интерес не само на двете институци, туку и на двете држави. 

По кратката средба, амбасадорот ги посети лабораториите во кои Факултетот ја реализира својата научна и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина и контролата на квалитетот и безбедноста на храната.

bottom of page