top of page
71391065_2126190254341854_17907288381671

Одбележување на годишнината од Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и денот на општина Дебрца

Црвена вода, 3 октомври 2019

Во селото Црвена Вода, општина Дебрца беше одбележана 76-годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, ден кој се одбележува и како патронен празник на општина Дебрца.
На настанот кој беше организиран од мештаните од село Црвена Вода, општина Дебрца, Организацијата на Сојузот на борци и Организацијата на ветераните од одбраната и безбедноста за општините Охрид и Дебрца присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија, Никола Стојаноски претседателот на Општинската организација на Сoјузот на борци на Охрид и Дебрца Гоце Георгиевски, кои се обратија пред присутните, како и заменик градоначалникот на Охрид Ристо Николески и други гости. На настанот исто така присуствуваа и вториот секретар на Амбасадата на Руската Федерација Виктор Дјаков и административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и координатор на движењето „Волонтери на победата“ д-р Елена Обухова.

​На крајот на манифестацијата на споменикот посветен на овој настан кој се наоѓа во дворот поранешното училиште во кое за време на војната бил сместен Главниот штаб на НОВ и ПОМ а денес е спомен дом на македонската борба, беше положено цвеќе.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

​

Приемни денови за странки:

​вторник, четврток и петок од 10.00 до 13.00 со закажан термин

​

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page