top of page
64248332_2048965475397666_33480408238653

Амбасадата на Руската Федерација и општина Кисела Вода го одбележаа Светскиот ден на рускиот јазик

Скопје, 6 јуни 2019

Пред споменикот на Александар Сергеевич Пушкин во истоимениот парк во општина Кисела Вода, цвеќе положија амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните се обратија амбасадорот С.А.Баздникин и градоначалникот Ф. Темелковски. Свеченоста беше збогатена со концерт на групите „Славјанка” и „Чајка”, како и со прикажување на цртаниот филм за деца „Приказна за цар Салтан“

Светскиот ден на рускиот јазик се одбележува на 6 јуни. Овој датум е поврзан со денот, кога е роден Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски поети, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература.

Во склоп на одблежувањето на Светскиот ден на рускиот јазик, во Москва, секоја година се одржува Меѓународниот Пушкински конкурс на „Росискаја Газета» за педагози-русисти чија тема оваа година беше „220: Пушкин под напон. Споменик или блогер?“, на кој што за прв пат учествуваше и нашата земја. Меѓу 225 кандидати од 39 земји, д-р Елена Обухова, соработник во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид влезе во групата од 50 најдобри учесници кои како награда ќе добијат петдневно патување во Москва.

bottom of page