top of page
DSC05852.JPG

Презентација на туристичките можности на Охрид во Москва

Москва, 29 март 2017

Во хотелот “Златен прстен” во Москва, општината Охрид со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација и Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, ги презентираше туристичките можности на Охрид.

Презентацијата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација Н.Е. Гоце Карајанов, по што градоначалникот на општина Охрид, г. Никола Бакрачески ја претстави историјата и културата на Охрид, неговото значење за целиот словенски свет и светската цивилизација, како и неговите туристички можности. Во склоп на презента-цијата беше прикажан филм за Охрид. 

Големиот број присутни руски туроператори, новинари и официјални претставници на Руската Федерална агенција за туризам, изразија големо задоволство од организацијата на настанот и воодушевување од тоа што го видоа за Охрид. Истовремено, тие изразија подготвеност Охрид да биде вклучен во нивните туристички понуди. 

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page