top of page
DSC_0809.JPG

Доделување на наградите на победниците на Меѓународнот Пушкински конкурс

Москва, 19 септември 2019

Од 04 до 09 септември 2019 година во рамките на одбележувањето на Денот на Москва се одржа семинарот и свеченото доделување на наградите на победниците на 19-от Меѓународен Пушкински конкурс за есеј кој оваа година беше организиран на тема посветена на 220-годишнината од раѓањето на великанот и основоположникот на современиот руски јазик А.С. Пушкин под наслов: „220: Пушкин под напон. Споменик или блогер? Не ѝ пречат ли класиците на новата генерација да учи руски? “ Организатори на конкурсот се управата на град Мосва и „Росискаја газета“ со поддржка на „Россотрудничество“.
На конкурсот учествуваа професори по руски јазик од многу земји во светот меѓу кои Полска, Србија, Словачка, Франција, Бугарија, Казахстан и други.

Оваа година за прв пат на конкурот учествуваше и претставник од Македонија – административниот соработник на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и предавач на курсевите по руски јазик во рамките на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, д-р Елена Обухова, која ја имаше честа да се најде и меѓу добитниците на награди на конкурсот.
Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа на 07 септември во Белата сала на управата на град Москва. На присутните добитници на наградите со честитки и поздравни говори меѓу другите им се обратија и специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка Михаил Швидкој, рaководителoт на одделот за надворешно економски и меѓународни односи на управата на град Москва Сергеј Черемин и заменикот на главниот уредник на „Росискаја газета“ Јадвига Јуферова.

Во текот на престојот во Москва наградените учесници на конкурсот имаа бројни активности, предавања, посета на институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“, запознавање со образовниот процес во училиштата во Москва, посета на бројни културни манифестации. Прекрасната атмосфера, дружењето со колегите од разни земји, бројните настани и топлиот пречек од страна на организаторите кај сите учесници оставија силни впечатоци кои се паметат долго.
Во 2020 година Пушкинскиот конкурс ќе биде посветен на 75-годишнината од Победата во Големата татковинска војна, и на него, освен новите учесници ќе можат да учествуваат и добитниците на награди од сите претходн години, бидејќи оваа година ќе биде јубилејна. Организаторите на конкурсот со задоволство ги очекуваат новите талентирани учесници – професори по руски јазик во странство.

bottom of page