top of page
20190509_102116.jpg

Положено цвеќе на споменикот на бранителите на Матка

Скопје, 9 мај 2019

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, одбележувајќи ја 74 годишнината од Победата над фашизмот, денес традиционално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. 

Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”. Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана. Пред присутните се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и претставници на Организацијата на борците од НОВ.

Покрај Амбасадорот Н.Е. С.А.Баздникин со делегацијата од Амбасадата и Почесните конзули на Русија во Охрид и Битола, цвеќе положија и делегации од Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи, Советот на Град Скопје, градоначалникот на оштина Центар, претставници од Организацијата на борците од НОВ, амбасадори, воени аташеа од повеќе амбасади, претставници на Еврејската заедница, претставници на компаниите Лукоил и Газпром и бројни граѓани.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page