top of page
DSC_0016.JPG

В Охрид е одбележан Денот на словенската писменот и култура

Охрид, мај 2019

На 24 мај во рамките на чествувањето на празникот посветен на Св. Кирил и Методиј,  во во Охрид во 19:00 ч. беше положено цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, а во 19:30 ч.во црквата Св. Софија се одржа концерт на млади пијанисти, во организација на Андреја Митески, со поддшка на Дебарско-Кичевската епархија на Македонската Православна црква, фестивалот „Охридско лето“, Општина Охрид, фирмата „Медика“ и проф. д-р Ана Гацева. 
На настанот беше положено цвеќе од името на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.
Пред присутните на концертот се обрати проф. д-р Красимира Илиевска, а на концертот настапија младите пијанисти Девид Малик, Николај Петкоски и Владимир Србиноски, од класата на проф. м-р Даниел Чурковски и Ана Гаштаровска, Викторија Митеска, Александар Ташев, Њомза Џафери, Анастасија Кочева и Фросина Трајковска од класата на проф. д-р Ана Гацева.
На концертот беа изведени дела на Прокофјев, Шуман, Чајковски, Брамс, Скрјабин, Коларовски, Бетовен, Лист и други композитори.

Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

ул. Егејска бр. 13/1, 6000 Охрид, Република Северна Македонија

е-mail:  russconsul@inbox.ru

тел.: 075 255 737 (за итни повици надвор од работното време)

 

Почесен конзул: проф. д-р Велимир Стојковски

Стручен соработник: д-р Елена Обухова

Приемни денови за странки:

​вторник и четврток од 11.00 до 13.00 со закажан термин

Неработни денови се државните празници на Руската Федерациjа

© 2016 Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

bottom of page